Хамер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хамер (англиски: Hummer) е поранешен американски производител на теренски автомобили основан 1992 годината кога компанијата AM General почнала да ја произведува цивилната верзија на M988 Humvee. Во 1998 година Џенерал моторс го купил брендот и лансирал на пазарот три возила, оригиналниот Хамер H1, кој е базиран на воениот Humvee и помали H2 и H3 базирани на GM платформата.

Историја[уреди | уреди извор]

Оригиналните Хамери биле дизајнирани од страна на AM General, тогаш подружница во целосна сопственост на American Motors Corporation (AMC). Возила се произведувале во фабрика во градот Мишавока во сојузната држава Индијана.

Хамер H1

Претходникот на Хамер возилата бил специјалниот воен Humvee. Во 1979 година војската на САД распишала тендер за нов тип на воено возило наречено HMMWV (High Mobility Multipurpose wheeled vehicle). Новото возило морало да задоволи неколку високи барања, лесно да се адаптираат како болничко, како носач на ракети, да може да совлада 40% страничен наклон и да може да совлада угорнина од 60%, , силен мотор и најмалку 12 години употреба.[1] Тендерот го добила компанија AM General, која претходно произведувала воглавно автобуси. Бил вложен голем напор за да по единаесет месеци развој го претставиле возилото под име HMC 4. Во фебруари 1981 година војската почна со тестирање на 4 прототипа во пустината Невада. Тестовите покажале некои проблеми, но инженерите многу бргу ги решиле сите тие проблеми. После тоа AM General ја добил работата. Договорот бил потпишан во март [(1983)]година врз основа на кој компанијата требала да испорача 55.000 возила по цена од над 1.200.000.000 долара.[1]

Хамер H2

Првите возила биле испорачани во 1985година, а до крајот на 1989 година испорачани биле сите 55.000 единици. Истата година потпишан е нов договор за нови 33.000 единици.[2]

Хамер H3, H1 и H2

Пресудан моменат претставувал конфликтот во Персијскиот залив во 1991 година. Испратени се 20.000 Humveeвозила, а преку директниот телевизиски пренос возилата се појавиле во многу земји. Луѓето почнале да се интересираат за тој тип на возила. Компанијата по одредени измени почнала да ја произведува цивилната верзија на Humvee под назив Хамер. Првите пет возила ги купил актерот Арнолд Шварценегер. Првата цивилна верзија била речиси идентична со воената со додаток на удобно седиште и со исклучок на радио комуникации и водоотпорен акумулатор. Оваа верзија подоцна е наречена Хамер H1. H1 имал осумоцилиндричен турбо дизел мотор од 6.600 кубици со директно вбризгување. Просечната потрошувачка е релативно голема и се движелаод околу 20 литри дизел на 100 км. Како што се очекувало од еден теренец, Н1 без проблем ги совладувал сите можни пречки.[1]

Хамер H3

Хамер H2 е креиран за нешто помалку тешки терени во споредба со H1, но сеуште бил подобар од повеќето теренски возила. Постојат две верзии, класична затворена верзија и пикап верзија која излегла во 2008 година. H2 има ГМ-ов осмоцилиндричен мотор од 6,2-литари кој развива 393 КС. Потрошувачката на гориво е помала отколку кај H1.[1] Џенерал моторс 2005. године представља Хамер H3, теренско возило средње величине.[2] Хамеровата одржливост во економската криза во 2008 година била доведена во прашање. Наместо да биде префрлен во Motors Liquidation Company како дел од GM банкротот во 2009 година, "Џенерал моторс" го задржал брендот поради истражувања за неговата продажба. Кинески производител Tengzhong во 2009 година најавил дека ќе го превземе Хамер со согласност на владата, но подоцна ја повлекол својата понуда. Кон крајот на февруари 2010 година "Џенерал моторс" започнува со гаснење на брендот "Хамер".[3]

Модели[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 "Hummer istorijat marke". cars.cz. конс. 6. 3. 2017. 
  2. 2,0 2,1 "HUMMER History". gmhummer.com/history. конс. 6. 3. 2017. 
  3. "A Deal Sours, and the Hummer Bites the Dust". content.time.com. конс. 6. 3. 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]