Хадсел

Координати: 68°32′06″N 14°49′30″E / 68.53500° СГШ; 14.82500° ИГД / 68.53500; 14.82500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хадсел
Hadsel
Општина
Поглед на Стокмаркнес зиме
Поглед на Стокмаркнес зиме
Грб на Хадсел
ЗемјаНорвешка
ОкугНурлан
ОколијаВестеролен
СедиштеСтокмаркнес
Управа
 • Градоначалник (2015)Сив Дагни Асвик (РП)
Површина
 • Вкупна566,56 км2 (21,875 ми2)
 • Земјишна551,13 км2 (21,279 ми2)
 • Вода15,43 км2 (596 ми2)
Ранг190. во земјата
Население (2017)
 • Вкупно8,009
 • Ранг135. во земјата
 • Густина14,5/км2 (380/ми2)
 • Промена (10 год.)1,3 %
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166NO-1866
Служб. јазичен обликбукмол
Мреж. местоhadsel.kommune.no
Податоци: Цент. стат. биро

Хадсел (норвешки: Hadsel, севернолапонски: Válafierda) — општина во округот Нурлан, Норвешка. It is part of традиционалната област Вестеролен. Седиште на општината е гратчето Стокмаркнес. Освен тоа, во општината влегуваат и селата Фискебел, Јерстад, Гренинг, Гритинг, Ханејвика, Хенес, Калјур, Мелбу, Санден и Санднес.

Ова е најјужна општина во областа Вестеролен. Опфаќа четири острови: Хадселеја, Хинеја, Лангеја и Ауствогеја. Околу 70% од населението живее на Хадселеја, кој е поврзан со Лангеја со Хадселскиот и Берејскиот мост. Недалеку се наоѓа и Аеродромот Стокмаркнес, најпрометниот мал аеродром во Норвешка со 100.000 патници годишно (1997).

Хадсел зафаќа површина од 567 км2 и во 2017 г. броел 8.009 жители, што претставува пораст од 1,3% во изминатата деценија[1]. Густината на населеност изнесува 14,5 жители на км2.

Се граничи со општините Суртлан на север, Бе на запад, Воган на југ и Лединген на исток.

Историја[уреди | уреди извор]

Хадсел е основан како општина на 1 јануари 1838 г. Северната општинска околија се одвоила во 1841 г. образувајќи ја новата општина Суртлан. На 1 јануари 1963 г. околијата Внатрешен Ејдсфорд (нас. 1.360) е префрлена во општината Суртлан.[2]

Име[уреди | уреди извор]

Општината го носи името на некогашната парохија наречена по стариот посед со исто име (старонордиски: Hǫfðasegl) уште од времето на првоизградената црква (Хадселската црква). Првиот дел е генитив од поимот hǫfði што значи „висока и стрмна спила“, а вториот е segl што значи „едро“ (по блиската спила која наликува на едро)[3]

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот на општината е современ, доделен на 11 март 1976 г. и се состои од четири златни прстени на сина заднина, кои ги претставуваат четирите острови на општината.[4]

Цркви[уреди | уреди извор]

Општината има три парохии (sokn) на Норвешката црква, кои се во состав на црковната околија Вестеролен на Серско-хологаланската епархија. Парохиите опфаќаат вкупно пет цркви, од кои по две во Хадсел и Мелбу, и една во Гренинг.

Географија[уреди | уреди извор]

Општината е расположена на четири острови во архипелагот Вестеролен, и тоа: Хинеја, Лангеја, Хадселеја и Ауствогеја. Планината Хигравстинден која лежи на границата со Воган е меѓу највисоките во овие краишта.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Мелбу, Хадсел
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Сред. дневна °C (°F) −1.4
(29.5)
−1.5
(29.3)
−0.6
(30.9)
1.9
(35.4)
6.3
(43.3)
9.7
(49.5)
12.1
(53.8)
12.0
(53.6)
8.6
(47.5)
5.0
(41)
1.6
(34.9)
−0.6
(30.9)
4.4
(39.9)
Прос. врнежи мм (ин) 110
(4.33)
95
(3.74)
83
(3.27)
69
(2.72)
49
(1.93)
50
(1.97)
65
(2.56)
68
(2.68)
107
(4.21)
155
(6.1)
123
(4.84)
126
(4.96)
1.100
(43,31)
Извор: Норвешки метеоролошки институт[5]

Управа[уреди | уреди извор]

Како и кај сите општини во Норвешка, општинската управа има надлежност над основното образование, здравството (освен болниците), пензиските услуги, невработеноста и другите социјални работи, зонирањето, стопански развој и општинските патишта. Со општината раководи општински совет (Kommunestyre) од 25 членови кој се бира на секои четири години. Советниците меѓу себе бираат градоначалник на општината.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Statistisk sentralbyrå (2017). „Table: 06913: Population 1 January and population changes during the calendar year (M)“. Посетено на 2017-09-09.
  2. Jukvam, Dag (1999). „Historisk oversikt over endringer i kommune- og fylkesinndelingen“ (PDF). Statistisk sentralbyrå.
  3. Rygh, Oluf (1905). Norske gaardnavne: Nordlands amt (16. изд.). Kristiania, Norge: W. C. Fabritius & sønners bogtrikkeri. стр. 363.
  4. Norske Kommunevåpen (1990). „Nye kommunevåbener i Norden“. Посетено на 2008-11-20.
  5. „еКлима“. Норвешки метеоролошки институт. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]