Тренделаг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тренделаг
Trøndelag
округ
Грб на Тренделаг
Грб
Тренделаг во рамките на Норвешка
Тренделаг во рамките на Норвешка
Земја Норвешка
Округ Тренделаг
Регион Средна Норвешка
Назнака NO-50
Седиште Стејнхер
Управа
 • Окружен управник Франк Јенсен
  (2018–)
 • Окружен градоначалник Торе О. Сандвик
  (2018–)
Површина
 • Вкупна 41.260 km2 (15,930 sq mi)
Население (2009)
 • Вкупно 418.453
 • Густина 10/km2 (30/sq mi)
 • Промена (10 г.) 0 %
Часовен појас CET (UTC+01)
 • Лете (DST) CEST (UTC+02)
Мреж. место trondelagfylke.no
Статистички податоци

Тренделаг (норвешки: Trøndelag, јужнолапонски: Trööndelage) — округ во средишниот дел на Норвешка. Настанал на 1 јануари 2018 г. со спојување на дотогашните окрузи Северен и Јужен Тренделаг, одвоени уште од 1804 г. Округот се граничи со Мере ог Румсдал и заедно го образуваат регионот Средна Норвешка.

Најголем град е Трондхејм, каде е сместено седиштето на окружниот градоначалник, иако седиштето на округот е Стејнхер. Ова е предвидено да ја намали централизацијата во управата, со оглед на тоа што Тренделаг е втор по големина округ во земјата.

Во 1804 г. кралот Данска-Норвешка го поделил Тренделг на два дела, и ова траело сè до повторното спојување на почетокот на 2018 г.[1][2]

Мештаните говорат дијалект наречен трендерски (trøndersk), чија главна особина е изоставувувањето на завршните самогласки.

Тренделаг е меѓу најплодните места во Норвешка, чие обработливо земјиште дава големи приноси. Највеќето производи се предаваат кооперативот за месо и млеко, но во последно време ова важи и за земјоделските култури.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачејто е населено со иладници години. На почетокот на железното време Тренделаг (старонордиски: Þrǿndalǫg) бил поделен на неколку ситни кралства наречени „филки“. Филките имале заеднички закони и првобитни собраниетинг. Тука се нарекувал Фростатинг, по полуостровот Фроста. Некои го сметаат за прв пример за вистинска демократија.

По времето на Хокон Грјотгардсон (838-900), Тренделаг бил под власта на велможа — јарлот од Ладе, со седиште во источниот дел на Трондхејм, крај морскиот ракав Трондхејмсфјорд. Јарловите имале значајна моќ и влијание во Норвешка сè до 1030 г.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
176978.274—    
1951307.635+293.0 %
1960327.127+6.3 %
1970350.297+7.1 %
1980368.942+5.3 %
1990377.202+2.2 %
2000389.960+3.4 %
2010422.102+8.2 %
Извор: Централно статистичко биро [1][2][3][4].

Тренделаг (заедно со делови од Мере ог Румсдал) влегле во Шведска in the Роскилдскиот мировен договор во 1658 г. под власт ана Карл X, но набргу биле вратени Данска-Норвешка по Копенхагенскиот договор во 1660 г. Во текот на овие две години, шведска власт регрутирала 2.000 мажи и млади момчиња да се борат во војната против Полска и Бранденбург. Карл X стравувал дека ќе тренделажаните востанат против шведскиот окупатор и затоа решил да ги држи подалеку од родниот крај. Само една третина се вратиле дома, додека пак други биле приморани да се населат во Естонија (тогаш шведска покраина) по начелото раздели па владеј.[3]

Есента 1718 г. за време на Големата северна војна, војсководецот Карл Густав Армфелд тргнал со десетилјадна војска навлегол во Тренделаг за да го заземе Трондхејм по наредба на кралот Карл XII. Поради лошата линија на снабдување од Шведска, војската морала да се прехранува од селание, предизвикувајќи голема беда. Походот не успеал: бранителите на Трондхејм успешно ја одвратиле опсадата. По загинувањето на Карл XII во Опсадата на Фредрикстен во југоисточна Норвешка, Армфелд бил отповикан назад во Шведска. Повлекувањето било мачно. Војската се свела на 6.000 борци кои веќе биле парталави и прегладнети, а потоа западнале во силна вејавица. Илјадници премрзнале до смрт во норвешките планини, а стотици биле доживотно осакатени.[4]

Традиционална куќа во Тренделаг.

Управа[уреди | уреди извор]

Округот е под управа на совет. Во Стејнхер е седиштето на окружниот управник и окружната управа. Истите имаат служби и во Трондхејм.

Во Тренделаг има вкупно 41 вишо средно училиште, од кои девет се приватни. Има и 10-11 народни средни училишта.[5]

Краеви[уреди | уреди извор]

Округот често се дели на неколку географски краеви:

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Округот има девет градски населени места, како и рударското место Рерус.

Општини[уреди | уреди извор]

Тренделаг има вкупно 47 општини според попоисот од 2018 г.

Име Изворно
име
На карта Седиште Население
(2017)[6]
Крај Број [7]
Agdenes komm.svg Агденес Agdenes NO 5016 Agdenes.svg Ленсвик &100000000000017110000001.711 Оркдален 5016
Bjugn komm.svg Бјугн Bjugn NO 5017 Bjugn.svg Ботнгорд &100000000000048220000004.822 Фусен 5017
Verran komm.svg Веран Verran NO 5039 Verran.svg Малм &100000000000025150000002.515 Инхеред 5039
Verdal komm.svg Вердал Verdal NO 5038 Verdal.svg Вердалсера &1000000000001484900000014.849 Инхеред 5038
Vikna komm.svg Викна Vikna NO 5050 Vikna.svg Рервик &100000000000044180000004.418 Намдален 5050
Grong komm.svg Гронг Grong NO 5045 Grong.svg Медјо &100000000000024670000002.467 Намдален 5045
Ørland komm.svg Ерланд Ørland NO 5015 Ørland.svg Брекстад &100000000000052910000005.291 Фусен 5015
Inderøy komm.svg Индереј Inderøy NO 5053 Inderøy.svg Стреумен &100000000000068000000006.800 Инхеред 5053
Leksvik komm.svg Индре Фусен Indre Fosen NO 5054 Indre Fosen.svg Орнсет &1000000000001010800000010.108 Фусен 5054
Klæbu komm.svg Клебу Klæbu NO 5030 Klæbu.svg Клебу &100000000000060500000006.050 Трондхејмски Регион 5030
Levanger komm.svg Левангер Levanger NO 5037 Levanger.svg Левангер &1000000000001989200000019.892 Инхеред 5037
Leka komm.svg Лека Leka NO 5052 Leka.svg Лекнес &10000000000000584000000584 Намдален 5052
Lierne komm.svg Лиерне Lierne NO 5042 Lierne.svg Сандвика &100000000000013890000001.389 Намдален 5042
Malvik komm.svg Малвик Malvik NO 5031 Malvik.svg Хумелвик &1000000000001382000000013.820 Трондхејмски Регион 5031
Meldal komm.svg Мелдал Meldal NO 5023 Meldal.svg Мелдал &100000000000039600000003.960 Геулдален 5023
Melhus komm.svg Мелхус Melhus NO 5028 Melhus.svg Мелхус &1000000000001621300000016.213 Оркдален 5028
Meråker komm.svg Мерокер Meråker NO 5034 Meråker.svg Митбигда &100000000000025090000002.509 Стјердален 5034
Midtre Gauldal komm.svg Митре Геулдал Midtre Gauldal NO 5027 Midtre Gauldal.svg Стерен &100000000000063190000006.319 Геулдален 5027
Namdalseid komm.svg Намдалсејд Namdalseid NO 5040 Namdalseid.svg Намдалсејд &100000000000015930000001.593 Намдален 5040
Namsskogan komm.svg Намскоган Namsskogan NO 5044 Namsskogan.svg Намскоган &10000000000000872000000872 Намдален 5044
Namsos komm.svg Намсус Namsos NO 5005 Namsos.svg Намсус &1000000000001305100000013.051 Намдален 5005
Nærøy komm.svg Нереј Nærøy NO 5051 Nærøy.svg Колверејд &100000000000051380000005.138 Намдален 5051
Oppdal komm.svg Опдал Oppdal NO 5021 Oppdal.svg Опдал &100000000000069730000006.973 Оркдален 5021
Orkdal komm.svg Оркдал Orkdal NO 5024 Orkdal.svg Оркангер &1000000000001198100000011.981 Трондхејмски Регион 5024
Åfjord komm.svg Офјорд Åfjord NO 5018 Åfjord.svg Орнес &100000000000032630000003.263 Фусен 5018
Røyrvik komm.svg Рејрвик Røyrvik NO 5043 Røyrvik.svg Рејрвик &10000000000000469000000469 Намдален 5043
Rennebu komm.svg Ренебу Rennebu NO 5022 Rennebu.svg Беркок &100000000000025560000002.556 Геулдален 5022
Røros komm.svg Рерус Røros NO 5025 Røros.svg Рерус &100000000000056230000005.623 Геулдален 5025
Roan komm.svg Руан Roan NO 5019 Roan.svg Руан &10000000000000959000000959 Фусен 5019
Selbu komm.svg Селбу Selbu NO 5032 Selbu.svg Мебонден &100000000000040980000004.098 Стјердален 5032
Skaun komm.svg Скеун Skaun NO 5029 Skaun.svg Берса &100000000000080000000008.000 Трондхејмски Регион 5029
Snillfjord komm.svg Снилфјорд Snillfjord NO 5012 Snillfjord.svg Крукстадера &10000000000000982000000982 Оркдален 5012
Snåsa komm.svg Сноса Snåsa NO 5041 Snåsa.svg Сноса &100000000000021590000002.159 Намдален 5041
Steinkjer komm.svg Стејнхер Steinkjer NO 5004 Steinkjer.svg Стејнхер &1000000000002197200000021.972 Инхеред 5004
Stjørdal komm.svg Стјердал Stjørdal NO 5035 Stjørdal.svg Стјердалсхалсен &1000000000002362500000023.625 Стјердален 5035
Tydal komm.svg Тидал Tydal NO 5033 Tydal.svg Ос &10000000000000861000000861 Стјердален 5033
Trondheim komm.svg Трондхејм Trondheim NO 5001 Trondheim.svg Трондхејм &10000000000190464000000190.464 Трондхејмски Регион 5001
Overhalla komm.svg Уверхала Overhalla NO 5047 Overhalla.svg Ранемслета &100000000000038400000003.840 Намдален 5047
Osen komm.svg Усен Osen NO 5020 Osen.svg Стејнсдален &10000000000000978000000978 Фусен 5020
Flatanger komm.svg Флатангер Flatanger NO 5049 Flatanger.svg Леувснес &100000000000010900000001.090 Намдален 5049
Frøya komm.svg Фреја Frøya NO 5014 Frøya.svg Систранда &100000000000049370000004.937 Оркдален 5014
Frosta komm.svg Фроста Frosta NO 5036 Frosta.svg Фроста &100000000000026300000002.630 Стјердален 5036
Fosnes komm.svg Фуснес Fosnes NO 5048 Fosnes.svg Дун &10000000000000628000000628 Намдален 5048
Høylandet komm.svg Хејландет Høylandet NO 5046 Høylandet.svg Хејландет &100000000000012640000001.264 Намдален 5046
Hemne komm.svg Хемне Hemne NO 5011 Hemne.svg Кирксетерера &100000000000042590000004.259 Оркдален 5011
Hitra komm.svg Хитра Hitra NO 5013 Hitra.svg Филан &100000000000046590000004.659 Оркдален 5013
Holtålen komm.svg Хултолен Holtålen NO 5026 Holtålen.svg Ренбигда &100000000000020460000002.046 Геулдален 5026
Nord-Trøndelag våpen.svg Тренделаг Trøndelag Norway Counties Trøndelag Position.svg Стејнхер &10000000000454596000000454.596 Тренделаг 50

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]