Тони Китановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тони Китановски

Тони Китановски (Скопје , 1964) е македонски џез-гитарист и композитор.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тони Китановски е роден во 1964 година, во Скопје.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Китановски е одличен композитор и гитарист со извонредна техника и имагинација, инспириран од најголемите мајстори на гитарата во светот.[1]

Од крајот на 1970-тите години и во дел од 1980-тите, негов музички ментор бил Драган Ѓаконовски - Шпато. Од 1986 до 1990 година го водел триото „Шпато“ со кое одржал бројни концерти. Од 1990 до 1997 година престојувал во САД, каде што студирал. Дипломирал композиција на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон, а паралелно компонирал за оркестарот на Херб Помероу и за биг-бендот на Грег Хопкинс.

Во 1997 година се вратил во Македонија и во Скопје го формирал составот „Луна“, а подоцна и своето трио. Повторно соработувал со голем број реномирани светски музичари, меѓу кои се и Грег Хопкинс, Чарли Мариано и Мет Дариау. Во 1998 година, за продукцијата на „Скопскиот џез фестивал“ го објавил својот прв албум „One For Charlie“), а една година подоцна, со своето трио, го промовирал албумот во рамките на кумановскиот „Летен џез фестивал“.

На двојното цеде од фестивалот (Летен џез фестивал - Куманово, 26-29 август 1999) се нашле две композиции на Триото на Тони Китановски: „One for Charlie“ и „Lonely Woman“, меѓутоа, поради техничките недостатоци од живиот настап, на дисковите биле ставени снимките од студискиот албум. Во рамките на „Скопскиот џез фестивал“, во октомври 2000 година, Тони Китановски настапил во дует со македонскиот музички егзибиционист и вибрафонист Зоран Маџиров. Материјалот од овој настап, насловен како „Дует“, бил објавен во 2001 година, од страна на „Скопскиот џез фестивал“. Тони Китановски е основач на скопското Школо за џез и современа музика.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • One for Charlie (SJF Records, 1998)
  • Дует (SJF Records, 2001)
  • Play id the Work of Children (SJF Records, 200?)

Концертни настапи[уреди | уреди извор]

Во 1999 година, Триото на Тони Китановски настапило на кумановскиот „Летен џез фестивал“. Една година подоцна, во октомври 2000 година, Тони Китановски настапил во дует со македонскиот музички егзибиционист и вибрафонист Зоран Маџиров во рамките на „Скопскиот џез фестивал“.

На 19 декември 2014 година, Триото на Тони Китановски настапило на презентацијата на Скопскиот џез-фестивал во Њујорк, свирејќи во џез-клубот „Студио 151“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eкслузивно и прилично неповрзано интервју со Тони Китановски“ (на македонски). http://www.plagij.at/more.php?id=567. конс. 21 октомври 2010 г. 
  2. „Тони Китановски трио со настап во Њујорк“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]