Зоран Маџиров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зоран Маџиров
Зоран Маџиров
Биографски податоци
Родено име Зоран Маџиров
Занимања композитор
Период на активност 1982–2017
Соработници Les Barons Karamazoff
Мреж. место TheBottleMan.com

Зоран Маџиров (14 јануари 1968 во Струмица - 9 мај 2017 во Скопје) — македонски музичар.

Зоран Маџиров пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.

Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото Les Barons Karamazoff настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти. На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал.

За Музичката и касетна продукција при Македонска Радио Телевизија кон крајот на 2000 година го објавува својот прв домашен компакт диск Home[1].

Наводи[уреди | уреди извор]