Ташко Ширилов
Ташко Ширилов | |
---|---|
Роден/а | 20 август 1938 Горничево, Леринско, Грција |
Починат/а | Скопје, ![]() |
Занимање | книжевник, книжевен критичар и преведувач |
Националност | Македонец |
Ташко Ширилов (роден на 20 август 1938, во Горничево, Леринско - 2019, Скопје), македонски книжевник, книжевен критичар и преведувач.
Животопис[уреди | уреди извор]
Ташко Ширилов е роден на 20 август 1938 година во леринското село Горничево, Егејска Македонија. Се иселува во Р. Македонија како дете бегалец од Грчката граѓанска војна (1946 – 1949). Завршил Филолошки факултет (француски јазик и книжевност) во Скопје.
Работел како новинар во весникот „Вечер“, а потоа и во Друштвото на литературни преведувачи на Македонија, каде го издава списанието „Огледало“, познато како списание на бескомпромисни критики кон некои современи македонски автори.
Бил претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија.
Со Паскал Гилевски го покренал и го издавал независниот весник „За македонцките работи“ (1971–72).
Од француски на македонски преведувал дела од Виктор Иго, Стендал, Александар Дима, Мопасан, Жил Верн, Сен-Џон Перс и други.[1]
Творештво[уреди | уреди извор]
- Икар, поезија, 1976;
- Тимотеј и Лидија, роман, Зумпрес, 1999;
- Фразеолошки речник на македонскиот јазик, том први, Ск., 2003 (во коавторство со Тодор Димитровски);
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1653. ISBN 978-608-203-024-1.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Ташко Ширилов на семрежната страница на Macedonism