Стефани Мајер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стефани Мајер
Stephenie Meyer
Stephenie Meyer Eclipse Tour.jpg
Роден/аСтефани Морган
24 декември 1973 (1973-12-24) (46 г.)
Хартфорд, Конектикат, САД
ЗанимањеПисателка
НационалностАмериканка
мрежно место
http://www.stepheniemeyer.com/

Стефани Мајер (англиски: Stephenie Meyer) (моминско презиме Морган, родена на 24 декември 1973) е американска писателка, позната по романтично фантастичниот серијал романи Самрак, кој е познат помеѓу младата публика. Романите Самрак се продадени со над 40 милиони копии ширум светот,[1] со превод на 37 различни јазици.[2][3] Филмската адаптација на Самрак излезе на 21 ноември, 2008. Мајер е исто така автор на фантастичниот роман за возрасни, Домаќинот.

Мајер е прогласена за најпордаваната писателка за 2008, со продадени 22 милиони книги во една година,[4] со Самрак прогласена за најпродавана книга на годината.[5]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Стефани Мајер е родена во Хартфорд, Конектикат, како ќерка на Стивен и Кенди Морган. Таа пораснала во Финикс, Аризона, со три браќа и две сестри: Сет, Емили, Џејкоб, Пол и Хајди. Таа го посетувала средното училиште Чапарал во Скотсдејл, Аризона, и универзитетот Бригам во Прово, Ута, каде што добила Писателско Признание за Англиски во 1995.[6] Мејер, член на Црквата на Исус Христос на Подоцните Светци, го запознала својот сопруг Кристијан, со прекар „Панчо“, кога растела во Аризона, и се венчала со него во 1994. Тие заедно имаат три сина: Гејб, Сет и Илај.

Самрак[уреди | уреди извор]

Мајер вели дека идејата за Самрак и дошла во сон на 2 јуни, 2003. Сонот бил за смртна девојка и вампир кој бил вљубен во неа, но исто така и жеден за нејзината крв. Базирано на овој сон, Мејер напишала транскрипт што сега се наоѓа во книгата како 13 Поглавје. Покрај тоа што немала многу големо искуство во пишување, таа успева за време од три месеци да го претвори тој визионерски сон во целосен роман. Откако го напишала и уредила романот, таа потпишала договор за три книги со „Little, Brown and Company“ за 750,000 долари. Книгата беше објавена во 2005.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mary Cadden (2008-01-15). „New star authors made, old ones rediscovered in 2008“. USA Today. Посетено на 2008-01-16.
  2. Claudia Parsons (2008-11-20). "Twilight" publisher sees film boosting book sales“. Yahoo!. Посетено на 2008-11-21.
  3. Kenneth Turan (2002-11-21). „Movie Review: 'Twilight'. LA Times. Посетено на 2008-11-21.
  4. Bob Minzesheimer and Anthony DeBarros (2009-01-15). „Sellers basked in Stephenie Meyer's 'Twilight' in 2008“. USA Today. Посетено на 2009-01-16.
  5. „The top 100 titles of 2008“. USA Today. 2009-01-14. Посетено на 2009-01-16.
  6. Cracroft, Richard H. (Winter 2008). „YA Novels and Mormon Memoirs“. Brigham Young University Magazine. Посетено на 2008-08-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: