Староверци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успенски храм — едно од најстарите средишта на староверците

Староверци, старообредници (руски: староверы, старообрядцы) или древноправославни (руски:древлеправославие) — православни Руси што не ги прифатиле реформите воведени од патријархот Никон (Минов; 1652 — 1666) во 1653 година во Руската православна црква.

Митрополитот новгородски Никон во 1652 година со декрет на царот Алексеј I, станал патријарх. Во 1653 година патријархот започнал со мали реформи. Воведените измени ја усогласиле литургиската пракса со практиката на другите православни земји. Промените подразбирале луѓето да се прекрстат со три наместо со два прста, трипати да кажуваат „алелуја“ и слично. Ова води до голем бунт и раскол, од една страна биле патријархот и неговите поддржувачи, а од друга биле староверците, Авакум, епископот Павле, протојерејот Данило и други. Никон ја напуштил патријаршиската положба и поради тоа на Парламентот од 1666 година во Москва му бил одземен епископскиот чин и бил осуден на затвор. Следната година, Соборот донел одлука со која се признава валидноста на исправките што ги направил Никон во богослужбените книги и се анатемисуваат расколниците.

Водачот на староверците, архиѓаконот Авакум, продолжил со раскол се додека не бил јавно запален во 1682 година.[1] Поради прогонот што следел, староверците се селеле во Северна Русија, Сибир, балтичките држави и делтата на Дунав.

Староверци во XX век[уреди | уреди извор]

По Октомвриската револуција, во текот на револуционерниот терор, а особено во текот на Сталиновите прогони, бројот на приврзаниците на старообредништвото значително се намалил.

Денес постојат неколку фракции меѓу староверците:

  • Руската православна старообредна црква (Белокриницка јерархија), на чело со митрополитот московски и на цела Русија, има повеќе од 250 парохии во Русија, Украина, Белорусија и Казахстан;
  • Древноправославната црква („беглопоповцы“), на чело со архиепископот новозипковски, московски и на цела Русија, има околу 60 парохии во Русија, Романија и неколку земји од ЗНД;
  • Древноправославната поморска црква (брачни беспоповци) има независни единици во Русија (повеќе од 100 парохии обединети во Советот на ДПЦ на Русија), Литванија, Латвија. Христијаните од древноправославна-католичката вероисповед и благословот на старопоморската Федосеевска насока (федосеевци), чие средиште се наоѓа во Московската преображенска заедница, имаат поголем број парохии, но без единствена организациска врска.

Покрај Русија, заедниците на староверци делуваат и на териториите на поранешните советски републики, во Романија (каде што има и автокефална митрополија на белокриницката јерархија), во Полска, во земјите од Северна и Јужна Америка и на други места. Во последно време е забележана нивната зголемена активност во издавањето верска литература, создавањето сопствен образовен систем (училишта за возрасни — идни свештеници и лаици, курсеви за веронаука на деца), унапредување на системот за информирање. Сè уште има многу фракции на староверци што работат незаконски, во „катакомбни услови“, и кои се затворени за контакти не само со властите и пошироката јавност, туку и со истражувачите на појавата старообредништво.

Враќање[уреди | уреди извор]

Во обид да ја насели сибирската тајга, руската влада во 2007 година започнала програма со која ги повикала Русите од целиот свет да се вратат во својата татковина. Меѓу нив има и прогонети членови на православни секти, староверци. Кај староверците е зачуван древниот руски јазик кој денес е речиси целосно исфрлен од употреба.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wood, Alan (15. 04. 2011). Russia's Frozen Frontier: A History of Siberia and the Russian Far East 1581 - 1991. A&C Black. стр. 44. ISBN 978-0-340-97124-6. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Староверци се враћају у сибирска пространства“. Староверци се враћају у сибирска пространства-blic.rs. Посетено на 15. 12. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]