Стара Швајцарска Конфедерација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стара Швајцарска Конфедерација
Corpus helveticum  (германски)[1]
Corps helvétique  (француски)[2]
Corpo helvetico  (италијански)[3]
Confoederatio helvetica  (латински)[3]
Знаме
Главен градNone[4]
Службен јазик Германски[5]
Демоним Швајцарец
Уредување Конфедерација
Законодавство Tagsatzung
Валута Околу 75 различни месни валути, меѓу кои базелски талер, бернски талер, итн.
Дел од темата Швајцарија

Историја на Швајцарија

Coat of arms of Switzerland.svg
Античка историја

Рана историја
Римска империја

Среден век

Стара Швајцарска Конфедерација
Реформација
Хелветска Република

Модерна Швајцарија

Прва светска војна
Втората светска војна
Швајцарија

Портал:Швајцарија

Старата Швајцарска Конфедерација или Швајцарска Конфедерација (современ германски : Alte Eidgenossenschaft) — лабава конфедерација на независни мали држави (кантони, германски Orte или Stände [6]) на почетокот во рамките на Светото Римско Царство. Таа е претходник на денешната држава Швајцарија.

Создадена е во 1291 година со склучување на сојуз меѓу три независни швајцарски кантони (Швиц, Ури и Нидвалден) за заедничка борба против Хабсбурговците. Укината е во 1798 година по француската окупација и заменета со Хелветската Република.

Историја[уреди | уреди извор]

Multicolored map of Switzerland
Територијално проширување на Старата Швајцарска Конфедерација, 1291–1797 година

Основање[уреди | уреди извор]

По приклучувањето на Швајцарија кон Светото Римско Царство, одредени градови станале исклучително важни поради трговските врски меѓу Германија и Италија. Особено значајни биле градовите покрај трговскиот пат: Швиц, Ури и Нидвалден. Овие кантони се стекнале со статус на слободни царски територии (Ури во 1231 година и Нидвалден во 1240 г.) и на така станале целосно независни. Сепак, Хабсбурговците кои станале најмоќна династија во Европа и се стремеле да ги контролираат планинските премини. Прв на удар се нашол Швиц. Чувствувајќи се загрозени, во 1273 година трите кантони го склучиле првиот (привремен) договор за заедничка одбрана од Хабсбурговците. На 1 септември 1291 година бил склучен Вечниот сојуз со цел заедничка одбрана. Со ова се создала Швајцарската Конфедерација. Од 1889 година, Федералната повелба од 1291 година потпишан од руралните комуни Ури, Швиц и Унтервалден се смета за основачки документ на конфедерацијата.[7]

Проширување[уреди | уреди извор]

Кон пактот беше се приклучиле и градовите Луцерн, Цирих и Берн. Во неколку битки со хабсбуршките војски, Швајцарците извојувале победија; успеале да ги освоат руралните области Гларус и Цуг, кои станале членови на конфедерацијата.[7]

Швајцарците потоа тргнувале во офанзива против Хабсбурговците; тие ги напаѓале нивните територии и освојувале градови. Обидот на Хабсбурзите да се спротивстават бил неуспешен. Швајцареците убедливо победиле во битките кај Земпах (1386) и Нефелс (1388). Хабсбурговците биле принудени да склучат мир во 1389 година и да ја прифатат новата држава.

Швајцарската конфедерација во Бургундските војни учествувала на страната на Франција. Во тие војни, Конфедерацијата извојувала значајни победи кај Грансон, Муртен (1476) и Нанси (1477).

Конфедерацијата станувала сѐ посилна, а нејзината потчинетост на Светото Римско Царство била номинална. Обидот на Максимилијан I со војна да наметне послушност завршил со целосен неуспех. По победата во Швапската војна Конфедерацијата се стекнала со целосна независност. Независноста била потврдена со германско-швајцарскиот договор од 1511 година. Со Вестфалскиот мировен договор, со кој завршила Триесетгодишната војна (1648), Швајцарската Конфедерација била меѓународно призната.

Успесите на швајцарската армија во Бургундската и Швапската војна ги направиле швајцарските платеници најбарани во Европа. Тие учествувале во Италијанските војни, наизменично на страната на Франција и на Светата лига.

По Швапската војна кон Конфедерацијата се придружниле градовите Базел и Шафхаузен, а Апенцел се придружил во 1513 година како тринаесетти член. Политичката карта на Федерацијата од тринаесет кантони (Dreizehn Orte) кој ја сочинувал Старата Швајцарска Конфедерација останала непроменета до нејзиното згаснување во 1798 година.

Пад[уреди | уреди извор]

Растечките социјални разлики и зголемениот апсолутизам во градските кантони за време на Стариот режим предизвикале народни бунтови. Во 1653 година, во Швајцарија избувнал селански бунт во Луцерн, Берн, Базел и други кантони. Бунтовите биле задушени благодарение на помошта од другите кантони. Избувнувањето на Француската револуција значително влијаело на понатамошниот тек на швајцарската историја. На почетокот од 1798 година, трупите на Францускиот директорат ја окупирале Швајцарската Конфедерација. На 22 март 1798 година била прогласена Хелветската Република.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Corpus helveticum, in the Historical Dictionary of Switzerland.
  2. Corps helvétique, in the Historical Dictionary of Switzerland.
  3. 3,0 3,1 Corpo helvetico, in the Historical Dictionary of Switzerland.
  4. Kaufmann, David (2018). „4. Bern: the government city“. Varieties of Capital Cities. Edward Elgar Publishing. ISBN 9781788116435.
  5. Ayres-Bennett, Wendy; Carruthers, Janice (2018). Manual of Romance Sociolinguistics. De Gruyter. стр. 529. ISBN 9783110365955.
  6. In the charters of the 14th century described as "communities" (communitas hominum, Lantlüte), the German term Orte becomes common in the early 15th century, used alongside Stand "estate" after the Reformation.
  7. 7,0 7,1 Schwabe & Co.: Geschichte der Schweiz und der Schweizer, Schwabe & Co 1986/2004. ISBN 3-7965-2067-7 (на германски) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „schwabe“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]