Хелветска Република
Хелветска Република Helvetische Republik (германски) République helvétique (француски) Repubblica Elvetica (италијански) Republica helvetica (реторомански) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град | Арау (1798) Луцерн (1798–1799) Берн (1799–1803)[1] | |||||
Службен јазик | Француски, Германски, Италијански[2][3] | |||||
Уредување | Република |
Дел од темата Швајцарија |
Античка историја |
---|
Среден век |
Модерна Швајцарија |
Портал:Швајцарија |
Хелветска Република (француски: République Hélvetique , германски: Helvetische Republik, италијански: Repubblica Elvetica) била сестринска република на Франција која постоела од 1798 до 1803 година, за време на Француските револуционерни војни. Создадена е по француската инвазија на Швајцарија како резултат на укинувањето на Стариот Швајцарски Сојуз, со што се означил крајот на стариот поредок во Швајцарија. Во текот на своето постоење, републиката се протегала на најголемиот дел од територијата на денешна Швајцарија, со исклучок на кантоните Женева и Нојшател и старото црковно кнежевство Базел.
Во швајцарската историја, Хелветската Република претставува обид да се воспостави централизирана влада во земјата.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Француските револуционерни војни во 1790-тите, француските републикански војски ја проширувале својата територија кон исток. Во 1793 година, Националниот конвент додека ги делегирал своите овластувања во надворешната политика на Комитетот за јавна безбедност навел дека Соединетите Американски Држави и Швајцарскиот Сојуз се пријателски држави, но ситуацијата се променила откако Директоратот ја презел извршната власт во Франција (во 1795 година) и по освојувањето на Северна Италија од Наполеон во 1796 година. Француските републикански војски ја опкружиле Швајцарија за да го „ослободат“ швајцарскиот народ, чиј систем на владеење се сметал за феудален.
На 5 март 1798 година, француските трупи целосно ја завзеле Швајцарија, а Стариот Швајцарски Сојуз се распаднала. На 12 април 1798 година, 121 кантонален пратеник ја прогласиле Хелветската Република, „Една и неделива“. Новиот режим го укинал кантоналниот суверенитет и феудалните права. Окупаторските сили воспоставиле централизирана држава заснована на идеите на Француската револуција.
На овие „ прогресивни “ идеи се спротивставил народот особено во централните области на земјата. Новиот режим ја ограничувал слободата на вероисповест, што налутило многу од побожните граѓани.
Кантоните Ури, Швиц и Нидвалден собрале армија од околу 10.000 луѓе предводени од Алоис фон Рединг да се борат против Французите.[4] Французите успеале да го задушат востанието во Нидвалден.
Немало општ договор за иднината на Швајцарија. Водечките партии биле поделени на унитарци, кои сакале обединета република и федералисти, кои ја претставувале старата аристократија и барале враќање на кантоналниот суверенитет. Имало често обиди за пуч, а новиот режим морал да се потпира на француска интервенција за да опстане на власт. Исто така, окупаторските сили инсистирале сместувањето и исхраната на војниците да бидат платени од месното население, што ја исцедило економијата.
Во 1799 година, Швајцарија станала борбена зона на француската, австриската и царската руска армија, а месното население претежно ги поддржувало Австријците и Русите, и не се одзивало на повиците да се борат заедно со француските војски во името на Хелветската Република.
Нестабилноста на државата својот врв го достигнала во 1802/03 година. Републиката веќе имала долг од 12 милиони франци.[5] Сето ова, заедно со месниот отпор, предизвикало колапс на Хелветската Република, а нејзината влада се засолнила во Лозана .
Наполеон Бонапарт, кој тогаш бил прв конзул на Франција, ги повикал претставниците на двете страни во Париз за да преговараат за решение.
На 19 февруари 1803 година, со Актот за посредување ја укинал Хелветската Република и ги обновил кантоните. По укинувањето на централизираната држава, Швајцарија повторно станала конфедерација, под името Швајцарска конфедерација.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Хелветска Република“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- ↑ The constitution of the Helvetic Republic Архивирано на 8 јуни 2021 г., as described in the Historical Dictionary of Switzerland.
- ↑ Ayres-Bennett, Wendy; Carruthers, Janice (2018). Manual of Romance Sociolinguistics. De Gruyter. стр. 529. ISBN 9783110365955. Архивирано од изворникот 8 December 2021. Посетено на 17 November 2021.
- ↑ „The French Invasion“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- ↑ Hughes, Christopher, Switzerland (London, 1975) p.98
|