Водолија (хороскопски знак): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎На пат низ зодијакот: Правописна исправка, replaced: единаесето → единаесетто
Нема опис на уредувањето
Ред 17: Ред 17:
== Домашен живот ==
== Домашен живот ==
Кога ќе стигнете во домот на Водолиите, внатре може сè да изгледа изветвено и небојадисано, но вие нема да го забележите тоа, затоа што пријателот Водолија ќе ве замуабети уште од врата. Разговорите за природата, за птиците, животните и облаците ќе ве восхитат, а не е чудно ручекот да го јадете како да сте на пикник. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.

== Познати личности родени под знакот На Водолија ==
Светлана Ходченкова, актерка, продуцент, снимател, актерка за синхронизација

Владимир Зеленски, Претседател На Украина, продуцент, актер, сценарист, режисер

Андреј Звјагинцев, режисер, сценарист, продуцент, уредник

Армен Саркисјан, Основач На дистрибутерот На државната лотарија Столото<ref>https://stories-of-success.ru/biznes-finansy/armena-sarkisyana</ref><ref>https://www.kp.ru/daily/27273/4408253/</ref><ref>https://finance.rambler.ru/economics/45985498-biografiya-rossiyskogo-biznesmena-armena-sarkisyana/</ref>

Андреј Скоч, Член на рускиот Парламент<ref>https://bigpicture.ru/andrej-skoch-biografiya-deputata-gosud/</ref><ref>https://biographe.ru/politiki/andrey-skoch/</ref><ref>https://to-name.ru/biography/andrej-skoch.htm</ref>

== Зборови кои ги опишуваат Водолиите ==
== Зборови кои ги опишуваат Водолиите ==

Преработка од 10:24, 4 јуни 2023

Водолија

Хороскопскиот знак Водолија (латински: Aquarius, грчки: Υδροχόος) го носат оние коишто се родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари. Со овој знак владее планетата Уран. Симболот Знакот на водолија ги претставува брановите.

На пат низ зодијакот

На единаесеттото ниво, човекот знае дека сите луѓе се богови и исти под сонцето. Важна е потрагата по универзалната вистина. Комбинацијата на позитивен фиксен воздух, носи моќ за концентрација на мислите, а оригиналноста ја додава владетелот Уран.

Мотивација

Водолијата е често пред своето време, и несфатен од многумина. Неговиот природен инстинкт е да застане со масите против владетелите, но со интелект и зборови, а не со примена на сила. Водолијата се бори за своите принципи, и секогаш е верен на себеси.

Во работа и интереси

Водолиите не се амбициозни, и најчесто го прифаќаат она што им се нуди. Сепак, не сакаат да бидат врзани или затворени во канцеларија. Водолиите ги има секаде: од зоолошка градина, преку новинарство и пишување, до професии поврзани со летање. Доколку работата не им ги задоволува природните тежнеења, тогаш тоа ќе биде нивното хоби, на кое ќе се посветат целосно. Фотографијата е секако дел од нивните интереси.

Во односи

Водолиите се популарни меѓу своите пријатели. Тие се спокојни во контактите со другите и лесно шират познанства. Во брак не брзаат, но откако еднаш ќе го најдат вистинскиот партнер, стануваат толерантни и посветени. Им треба партнер кој ќе ги стимулира, со кого ќе бидат мисловно блиски, и кој нема да биде против да се оставаат прозорците отворени.

Домашен живот

Кога ќе стигнете во домот на Водолиите, внатре може сè да изгледа изветвено и небојадисано, но вие нема да го забележите тоа, затоа што пријателот Водолија ќе ве замуабети уште од врата. Разговорите за природата, за птиците, животните и облаците ќе ве восхитат, а не е чудно ручекот да го јадете како да сте на пикник. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.

Познати личности родени под знакот На Водолија

Светлана Ходченкова, актерка, продуцент, снимател, актерка за синхронизација

Владимир Зеленски, Претседател На Украина, продуцент, актер, сценарист, режисер

Андреј Звјагинцев, режисер, сценарист, продуцент, уредник

Армен Саркисјан, Основач На дистрибутерот На државната лотарија Столото[1][2][3]

Андреј Скоч, Член на рускиот Парламент[4][5][6]

Зборови кои ги опишуваат Водолиите

Важи и за двата пола: независни, објективни, интелектуални, хумани, идеалистични, инвентивни, оригинални, чесни.

Понекогаш: повлечени, груби, мрзоволни, ексцентрични,тврдоглави, нетактични.

Користена литература

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.
  1. https://stories-of-success.ru/biznes-finansy/armena-sarkisyana
  2. https://www.kp.ru/daily/27273/4408253/
  3. https://finance.rambler.ru/economics/45985498-biografiya-rossiyskogo-biznesmena-armena-sarkisyana/
  4. https://bigpicture.ru/andrej-skoch-biografiya-deputata-gosud/
  5. https://biographe.ru/politiki/andrey-skoch/
  6. https://to-name.ru/biography/andrej-skoch.htm