Илко Стефановски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: глумецски → глумечки using AWB
с →‎Награди и признанија: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирање вести → наведени вести using AWB
Ред 19: Ред 19:


===Награди и признанија===
===Награди и признанија===
Добитник е на престижната републичка награда „[[Награда „11 Октомври“|11 Oктомври]]“ (2006 г.)<ref>{{цитирање вести|url=http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2194&stID=77670&pR=3|title=Соопштени добитниците на наградата „11 Октомври"|date=2006|publisher=Утрински Весник|language=македонски|accessdate=2011-12-06}}</ref>.
Добитник е на престижната републичка награда „[[Награда „11 Октомври“|11 Oктомври]]“ (2006 г.)<ref>{{наведени вести|url=http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2194&stID=77670&pR=3|title=Соопштени добитниците на наградата „11 Октомври"|date=2006|publisher=Утрински Весник|language=македонски|accessdate=2011-12-06}}</ref>.


===Филмски остварувања===
===Филмски остварувања===

Преработка од 08:48, 23 мај 2020

Илко Стефановски
Роден 4 ноември 1952
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Починал 6 декември 2011
Битола, Македонија Македонија
Занимање театарски и филмски глумец

Илко Стефановски (Битола, 4 ноември 1952 - Битола, 6 декември 2011) — македонски театарски и филмски глумец, првенец на Битолскиот народен театар.[1]

Животопис

Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек глумеци во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата глумецска кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните глумечки појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како глумец блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.[2]

Награди и признанија

Добитник е на престижната републичка награда „11 Oктомври“ (2006 г.)[3].

Филмски остварувања

Наводи

  1. Предлошка:Цитирано списание
  2. Предлошка:Цитирана мрежна страница
  3. „Соопштени добитниците на наградата „11 Октомври". Утрински Весник. 2006. Посетено на 2011-12-06.

Надворешни врски