46.741
уредување
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
(дополнување) |
(ситна поправка) |
||
'''Кавкаските јазици''' се голема и разнолика група [[Јазик|јазици]] кои ги говорат повеќе од 10 милиони луѓе во регионот на [[Кавказ|Кавкаските Планини]], помеѓу [[Црното Море]] и [[Каспиското Езеро]]. Со [[Лингвистика|лингвистичката]] споредба помеѓу различните јазици во овој регион тие се поделиле во три големи групи.
Јазиците на [[Кавкаски народи|кавкаските народи]] ги одразуваат историските прилики во кои се развивале. Планината [[Кавказ]] претставува важна јазична меѓа. Така, покрај [[Индоевропски јазици|индоевропските]], [[Семитски јазици|семитските]] и [[Туркиски јазици|турско-монголските јазици]], во овој регион се зборуваат и [[Чеченски јазик|чеченскиот јазик]], [[Аваро-андски јазик|аваро-андскиот јазик]], [[Апхаски јазик|апхаскиот јазик]], [[Адигејски јазик|адигејскиот јазик]] (со два главни дијалекта - [[Кабардински јазик|кабардински]] и [[Черкески јазик|черкески]]) и [[Грузиски јазик|грузискиот јазик]]. Притоа, источно-кавкаските и западно-кавкаските јазици се сродни меѓу себе, а јужно-кавкаските јазици значително се разликуваат од останатите кавкаски јазици.<ref>Ц. Котевска, „Бисери народног духа“, во: ''Кавкаске бајке''. Београд: Народња књига, 1963, стр. 177.</ref>
== Групи ==
Само три групи кавкаски јазици немаат никаква лингвистичка врска со останатите јазици во светот. Изразот „кавкаски јазици“ најчесто се користи за овие три јазични групи, но понекогаш ги опфача и останати јазици, како на пример [[азербејџански јазик]] или [[руски јазик]].<ref>[[Encyclopedia Britannica]], 15th edition (1986): [[Macropedia]], „Languages of the World“, видете го делот „Caucasian languages“.</ref>
* '''[[Јужни кавкаски јазици]]''' или ''картвелски'', кои го вклучуваат [[Грузиски јазик|грузискиот јазик]].
* '''[[Северозападни кавкаски јазици]]''' или ''апхаско-адигејски'', ''сиркаски'' или ''понтиски'', кои го вклучуваат [[Кабардински јазик|кабардинскиот јазик]].
* '''[[Североисточни кавкаски јазици]]''' или ''дагестански'' или ''касписки'', кои ги вклучуваат [[Чеченски јазик|чеченскиот јазик]], [[Аварски јазик|аварскиот јазик]], [[Ингушетски јазик|ингушетискиот јазик]], [[Лезгински јазик|лезгискиот јазик]] и други.
== Наводи ==
{{наводи}}
== Надворешни врски ==
|