Илко Стефановски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 41: Ред 41:


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Стефановски, Илко}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Стефановски, Илко}}
[[Категорија:Битолчани]]
[[Категорија:Луѓе од Битола]]
[[Категорија:Македонски глумци]]
[[Категорија:Македонски глумци]]
[[Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“]]
[[Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“]]

Преработка од 07:32, 19 мај 2018

Илко Стефановски
Роден 4 ноември 1952
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Починал 6 декември 2011
Битола, Македонија Македонија
Занимање театарски и филмски актер

Илко Стефановски (Битола, 4 ноември 1952 - Битола, 6 декември 2011) — македонски театарски и филмски актер, првенец на Битолскиот народен театар.[1]

Биографија

Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек актери во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата актерска кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните актерски појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како актер блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.[2]

Награди и признанија

Добитник е на престижната републичка награда „11 Oктомври“ (2006 г.)[3].

Филмски остварувања

Наводи

  1. Предлошка:Цитирано списание
  2. Предлошка:Цитирана мрежна страница
  3. „Соопштени добитниците на наградата „11 Октомври". Утрински Весник. 2006. Посетено на 2011-12-06.

Надворешни врски