Жан-Жак Русо: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 77.29.223.85 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ред 17: Ред 17:
|notable_ideas = [[Општа волја]], [[самољубов]], [[Човечка природа|моралната едноставност на човештвото]], ученички-сосредоточено учење, [[граѓанска религија]], [[народна сувереност]], [[позитивна слобода]]
|notable_ideas = [[Општа волја]], [[самољубов]], [[Човечка природа|моралната едноставност на човештвото]], ученички-сосредоточено учење, [[граѓанска религија]], [[народна сувереност]], [[позитивна слобода]]
}}
}}
'''Жан-Жак Русо''' ({{lang-fr|Jean-Jacques Rousseau}}) (28 јуни, 1712{{ndash}}2 јули, 1778) бил [[Женева|Женевски]] философ, писател , композитор лекар и наставник од периодот на францускиот [[романтизам]]. Неговата политичка философија влијаела на [[Француска револуција|Француската револуција]], како и на општиот развој на модерната политичка, социолошка и образовна мисла. Неговиот легитимитет како [[Радикализам|радикал]] и револуционер е можеби најдобро прикажан во „[[Општествениот договор]]“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови,затоа бидете среќни и не плашете да го кажете своето мислење “.<ref>{{цитирана книга|last=Русо|first=Жан-Жак|title=Општествениот договор или начела на државното право|editor=Јован Таковски (преведувач)|publisher=Мисла, Култура, Наша книга|location=Скопје |date=1978}}</ref>
'''Жан-Жак Русо''' ({{lang-fr|Jean-Jacques Rousseau}}) (28 јуни, 1712{{ndash}}2 јули, 1778) бил [[Женева|Женевски]] философ, писател и композитор од периодот на францускиот [[романтизам]]. Неговата политичка философија влијаела на [[Француска револуција|Француската револуција]], како и на општиот развој на модерната политичка, социолошка и образовна мисла. Неговиот легитимитет како [[Радикализам|радикал]] и револуционер е можеби најдобро прикажан во „[[Општествениот договор]]“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.<ref>{{цитирана книга|last=Русо|first=Жан-Жак|title=Општествениот договор или начела на државното право|editor=Јован Таковски (преведувач)|publisher=Мисла, Култура, Наша книга|location=Скопје |date=1978}}</ref>


Русо исто така бил и успешен музички композитор. Напишал неколку опери, како и музика во други форми, а имал придонес кон музиката и како теоретичар.
Русо исто така бил и успешен музички композитор. Напишал неколку опери, како и музика во други форми, а имал придонес кон музиката и како теоретичар.


За време на Француската револуција, Русо бил најпознат од „философите“ меѓу членовите на [[Јакобинци|Јакобинскиот клуб]]. Останките на Русо, кој бил [[масон]], се пренесени во парискиот Пантеон како национален херој во 1794, 22 години по неговата смрт.
За време на Француската револуција, Русо бил најпознат од „философите“ меѓу членовите на [[Јакобинци|Јакобинскиот клуб]]. Останките на Русо, кој бил [[масон]], се пренесени во парискиот Пантеон како национален херој во 1794, 16 години по неговата смрт.


== Делото на Русо ==
== Делото на Русо ==

Преработка од 16:53, 15 септември 2014

Жан-Жак Русо
Роден(а)28 јуни 1712(1712-06-28)
Женева, [d[Женева
Починал(а)2 јули 1778(1778-07-02) (возр. 66)
Ерменонвил, Франција
ПериодПросветителска философија
(Современа философија)
ПодрачјеЗападни философи
Школатеорија на општествениот договор
романтизам
Претежна дејност
политичка философија, музика, образование, книжевност, автовиографија
Значајни идеи
Општа волја, самољубов, моралната едноставност на човештвото, ученички-сосредоточено учење, граѓанска религија, народна сувереност, позитивна слобода

Жан-Жак Русо (француски: Jean-Jacques Rousseau) (28 јуни, 1712–2 јули, 1778) бил Женевски философ, писател и композитор од периодот на францускиот романтизам. Неговата политичка философија влијаела на Француската револуција, како и на општиот развој на модерната политичка, социолошка и образовна мисла. Неговиот легитимитет како радикал и револуционер е можеби најдобро прикажан во „Општествениот договор“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.[1]

Русо исто така бил и успешен музички композитор. Напишал неколку опери, како и музика во други форми, а имал придонес кон музиката и како теоретичар.

За време на Француската револуција, Русо бил најпознат од „философите“ меѓу членовите на Јакобинскиот клуб. Останките на Русо, кој бил масон, се пренесени во парискиот Пантеон како национален херој во 1794, 16 години по неговата смрт.

Делото на Русо

Жан Жак Русо е соработник на „Енциклопедијата“ кој ненадејно се здобива со популарност со статијата „Дали обновата на науките и уметностите придонела кон моралното прочистување?“, која предизвикала толку внимание, пред сè, поради актуелноста. Вистинскиот текст со кој Русо се прославил со покритие бил текстот „За потеклото на нееднаквоста меѓу луѓето“, кој е вистинска академска расправа во која Русо ја изложува јатката на својата политичка мисла. Своите философски ставови ги искажал во текстовите „Општествениот договор“ (со идеи за можни реформи на државното уредување) и „Емил“ (трактат за воспитанието на човекот кој би требало да се вклучи во граѓанското општество). Русо од своите современици се разликува по тоа што го негира разумот на сметка на чувственоста. Неговата љубов кон природата е во согласност со тезата дека смислата на човечкиот живот е во чувствата и во неговата хармонија со природата.

Русо, кој инаку не ги сакал театарот и романот, се решил на оваа форма сакајќи да ја искористи нејзината еластична форма и во неа вметнал различни видови на текстови - расправи и трактати за различни проблеми од неговото време. Според овие одлики, неговите дела „Јулија или Новата Елоиза“ (епистоларен роман кој доживеал невидена популарност), „Португалски писма“ (несреќен љубовен роман), а особено „Исповеди“ (во кои писателот станува лик во делото во кое инсистира на самоанализата на чувствата и на имагинацијата), припаѓаат на сентиментализмот, но во творештвото на Русо препознаваме и некои елементи (субјективноста, музикалноста, лиризмот, чувството за природата), кои ќе го определат како предвесник на романтизмот.

Политичка мисла

Како претставник на радикалната концепција на природно-правната теорија за граѓанското општество, Русо особено обрнува внимание на две суштествени состојби. Прво, Русо, за разлика од останатите теоретичари на природно-правната (договорната) теорија, општеството што настанува по пат на склучување општествен договор го сфаќа како „морален и севкупен организам“, како „општествен човек“ што „своето единство, заедничката идентичност, живот и волја“ ги стекнува како резултат на „отуѓувањето“ (во смисла на нивно органско пренесување) на природните права на членовите-создавачи на тој договор и нивно „пренесување“ на новата државна (органска) заедница што ја создаваат. Секој државјанин - ќе рече Русо - да биде сосема независен од сите други, а целосно зависен од државата. Тоа се постигнува секогаш со истите средства, зашто само силата на државата ја прави слободата на своите членови. „Граѓанските закони се јавуваат токму во вториот однос“.

Препуштајќи ја во општа „сопственост“ својата личност, „секој член се претвора во неразделен дел од целината“. На оваа основа Русо ја прави разликата помеѓу волјата на сите (volonte de tous) и општата волја (volonte generale); „последнава ја гледа само општата корист, а првата - користа на поединците, па затоа е само збир на поединечни волји... За општата волја да дојде до вистински израз, мошне е важно во државата да нема одделни друштва и секој граѓанин да гласа според сопственото убедување“.

Наводи

Предлошка:Persondata