Марија Монтесори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Марија Монтесори била италијанска докторка, образован работник, педагог и филозоф. Позната е по својот образовен систем " Монтесори " кој се однесува на децата од раѓање. Нејзиниот образовен метод и денес во примена на големиот број државни и приватни училишта ширум светот.

Биографија[уреди | уреди извор]

Марија Монтесори е родена во Кјаравал, во провинција Анкона во Италија. Нејзиниот татко Алесандро бил сметководител, а мајка и Ренилде Стопани исто така била добро образована и искажувала љубов кон книжевноста. Кога имала 5 години, цело семејство се преселило во Рим, каде што по завршувањето на основното училиште, продолжила со школувањето на регионалниот технички институт " Леонардо да Винчи " со намера да стане инжињер. Во тоа време, кога жените во главно се занимавале со друштвени науки, тоа не било вообичаено. До матурата нејзините желби се измениле, таа сакала да се запише на медицински факлутет. Иако нејзините родители ја наговарале да почне да се занимава со образовната работа односно да стане наставник во училиште, но таа цврсто се држела за своите мислења да стане доктор. Меѓутоа на медицинскиот факлутет сите биле момчиња и уписот на Марија бил одбиен. По неуспешниот разговор со професорот Марија не се предала и наводно му одговорила: „Јас знам дека ќе станам доктор".

Постојат тврдења дека на крајот во спорот се замешал и сам папа Лав XIII, кој кога Монтесори успешно се запишала на унервезитет во Рим, на оделот за физика, математика и природни науки, две години подоцна дипломирала. Со основа на таа диплома бес проблем се запишала на медицински факлутет на унервезитетот " Ла Сапијенца " во Рим.

Дипломирала во јули 1896 година, Монтесори се вработила во болницата '' Сан Товани " во склоп на универзитетот . Истата година добила молба да ја претставува Италија на Меѓународен конгрес за прва жена која со својот говор застапила ѓи застапила друштвените реформи по кои жените треба да имаат исти права како и мажите. Новинарот кој ја известувал за конгресот ја прашал како пациентите реагират на женскиот доктор, на што таа одговорила " Тие осеќаат кога некои се грижи за нив..." . Во ноември 1896 година е примена како асистент во болницата " Санто Спирито " во Рим. Таму работела со сиромаси најчесто со деца. 1897 година доброволно пристапила на истражувачката програма во психијатриската клиника на универзитетот во Рим, каде што работела со Тузепеом Монтесаније, со кој подоцна развива љубовна врска.

Наводи[уреди | уреди извор]