Фашизам: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава ilo:Pasismo
с r2.7.3) (Робот: Додава gd:Faisisteachas; козметички промени
Ред 2: Ред 2:
{{Видови на владеење}}
{{Видови на владеење}}


'''Фашизмот''' е радикална политичка [[идеологија]] и [[Листа на државни уредувања|државно уредување]] на екстремната [[десница]] што комбинира елементи на [[корпоратизам]], [[Авторитаризам|авторитаризам]], [[национализам]], [[милитаризам]], анти-[[анархизам]], анти-[[комунизам]] и анти-[[либерализам]].
'''Фашизмот''' е радикална политичка [[идеологија]] и [[Листа на државни уредувања|државно уредување]] на екстремната [[десница]] што комбинира елементи на [[корпоратизам]], [[авторитаризам]], [[национализам]], [[милитаризам]], анти-[[анархизам]], анти-[[комунизам]] и анти-[[либерализам]].
[[Податотека:Fasces2.png|мини|лево|100п|Секира во сноп прачки, симбол на фашизмот]]
[[Податотека:Fasces2.png|мини|лево|100п|Секира во сноп прачки, симбол на фашизмот]]
Зборот "фашизам" доаѓа од [[италијански јазик|италијанскиот]] збор „фашио“ (''fascio''), што означува "сноп" (во политичка или воена група или во нација), но исто така од ''[[фаши]]те'' (прачки заврзани како [[цилиндар]] околу [[секира]]), [[антички Рим|антички римски]] симбол на авторитетот на [[магистрати]]те. Најпрецизно, терминот произлегува од „[[фашо]]“ (множ. ''фаши'') - збор кој бил многу популарен во [[Италија]] по 90тите години на [[19 век]], а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.
Зборот "фашизам" доаѓа од [[италијански јазик|италијанскиот]] збор „фашио“ (''fascio''), што означува "сноп" (во политичка или воена група или во нација), но исто така од ''[[фаши]]те'' (прачки заврзани како [[цилиндар]] околу [[секира]]), [[антички Рим|антички римски]] симбол на авторитетот на [[магистрати]]те. Најпрецизно, терминот произлегува од „[[фашо]]“ (множ. ''фаши'') - збор кој бил многу популарен во [[Италија]] по 90тите години на [[19 век]], а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.
Ред 50: Ред 50:
[[fur:Fassisim]]
[[fur:Fassisim]]
[[ga:Faisisteachas]]
[[ga:Faisisteachas]]
[[gd:Faisisteachas]]
[[gl:Fascismo]]
[[gl:Fascismo]]
[[ko:파시즘]]
[[ko:파시즘]]
Ред 55: Ред 56:
[[hi:फासीवाद]]
[[hi:फासीवाद]]
[[hr:Fašizam]]
[[hr:Fašizam]]
[[ilo:Pasismo]]
[[io:Fashismo]]
[[io:Fashismo]]
[[ilo:Pasismo]]
[[id:Fasisme]]
[[id:Fasisme]]
[[is:Fasismi]]
[[is:Fasismi]]

Преработка од 01:26, 26 ноември 2012

Општествени уредувања

Дел од темата Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Претставничка демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Уставна република со елементи
на непосредна демократија
Портал Политика · уреди

Фашизмот е радикална политичка идеологија и државно уредување на екстремната десница што комбинира елементи на корпоратизам, авторитаризам, национализам, милитаризам, анти-анархизам, анти-комунизам и анти-либерализам.

Секира во сноп прачки, симбол на фашизмот

Зборот "фашизам" доаѓа од италијанскиот збор „фашио“ (fascio), што означува "сноп" (во политичка или воена група или во нација), но исто така од фашите (прачки заврзани како цилиндар околу секира), антички римски симбол на авторитетот на магистратите. Најпрецизно, терминот произлегува од „фашо“ (множ. фаши) - збор кој бил многу популарен во Италија по 90тите години на 19 век, а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.

Оригиналното фашистичко (италијански: fascismo) движење се појавило во Италија во 1919 (Fasci di combattimento - Боречки фаши) и владеело со земјата од 1922 од 1943 под водството на Бенито Мусолини. Ова е всушност потесното значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.

Со време генеричкиот термин фашизам почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по Првата светска војна се: во Германија - Национална Социјалистичка Германска Работничка Партија (Нацисти) под водството на Адолф Хитлер, Унгарија - Партија на Стрелестиот Крст, Романија - Железна Гарда, Шпанија - Фалангисти, како и француските политички движења предводени од поранешните социјалисти - Марсел Деа, Жак Дорио и други. Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната моќ, економијата базирана на големите корпорации, авторитарното укинување на граѓанските права и слободи, воведувањето на полициска држава, ксенофобијата, истакнувањето на националистичкиот дух и општо, реакционерната внатрешна и експанзионистичката надворешна политика. Понекогаш фашизмот се употребува како синоним на нацизмот. Некои автори ја отфрлаат пошироката употреба на терминот фашизам или исклучуваат некои од овие партии и режими.

Фашизмот, наспроти либералистичкиот индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, заговара воспоставување на заедница како услов и облик на совладувањето на кризата. Заедницата е единствена, органски расчленета држава (италијански фашизам) или единство гарантирано со крв и земја (германски фашизам). Единството на нациите се воспоставува со крвната чистота на истата. Сите разлики (културни, верски, политички и сл.) треба да се укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето темелот на заедништвото. Теророт е легитимно средство за постигнување на "заедништво".

Во најшироката смисла на зборот, во политичкиот лексиокон, "фашизам" денес се користи како пејоративен термин со кои се етикетира некој режим, институција или поединец како репресивен.

Предлошка:Link FA