Прејди на содржината

Скок со стап (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скок со стап
АвторДраги Михајловски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачСкопје : Македонска книга, 1994
Издадена
1994
Медиумпечатено издание, 20 mm
Страници115

Скок со стапмакедонски збирка раскази од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 1981 година во СР Македонија.[1]

Михајловски е исклучително плоден автор и преведувач. Неговите прозни дела се преведувани на англиски, германски, француски, руски, унгарски, српски, хрватски, словенечки, албански, турски, бугарски и други јазици. Досега ги објавил следните збирки раскази: Речно улиште , 1981; Ѓон , 1990; Скок со стап , 1994; Триполската капија , 1999; Раскази од шести кат , 2003; Пеперуткарот , 2009; збирката новели и раскази Глинениот човек , 2014; Раскази и споредбени коментари 2015; и уникатната комбинација на раскази и драми, Патот за рајот , 2017. Исто така, Михајловски ги има објавено и следните романи: Пророкот од Дискантрија , 2001; Смртта на дијакот ,2122002; Мојот Скендербеј , 2006; Бајазит и Оливера , 2009; Должници ,2014; Швајцарија на Балканите, 2015 и Бдеењето на Одисеј , 2018. Покрај збирките раскази и романите, Михајловски ги има објавено и следните две книги за деца: Волшебното котле и други бајки , 1995 и Сиромавиот и чучурлигата , 2000, како и двете студии од областа на преведувањето: Нераспнати богови , 1991 и Под Вавилон: задачата на преведувачот , 2002. Покрај тоа, Михајловски има преведено повеќе од 110,000 стихови, меѓу кои 37 драми и 154 сонети од Вилијам Шекспир, понатаму Загубениот рај од Џон Милтон, Беовулф од непознат автор како и проза од Тони Морисон, Кензабуро Ое И. Б. Вајт, Стојан Христов и други. Авторот Михајловски е наградуван со најпрестижните државни награди за своето книжевно творештво и преведувачка дејност. Неговата прва збирка раскази Речно улиште (1981) ја има добиено наградата за најдобра дебитантска книга на Книжевната младина на Македонија. За збирката раскази Скок со стап во 1994 година е нараден со „Рациновото признание“, кое е едно од највисоките книжевни признанија во државата. Двапати ја добива престижната награда „Стале Попов“ на ДПМ за најдобра прозна книга, и тоа во 200година за романот Смртта на дијакот , како и во 2006 година за романот Мојот Скендербеј . Исто така, Михајловски ги има добиено сите награди за книжевни преведувачи во Македонија. Во 1996 година ја добива наградата „Григор Прличев“ за препевот на епот Загубениот рај од Милтон, а во 2006 година наградата „Зимски саем на книгата“ за препевот на сите сонети од Шекспир, како и наградата „Кирил Пејчиновиќ“ во 2009 година за неговите многубројни препеви и пре- води на дела од англосаксонската книжевност на македонски јазик. Во 2013 година повторно ја добива престижната награда „Григор Прличев“ за препевот на Сите драми и сонети од Шекспир. Најпосле, ја има добиено и наградата „11 октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста. Тематската преокупација на прозното творештво на Михајловски е невројатно широка и разновидна, вклучувајќи го животот на самиот автор, кој понекогаш се испреплетува со животите на други автори, потоа најразлични актуелни состојби и настани, како и политички текстови и дискурси, современи и историски случувања, и алузии и фрагменти од македонската и од англиската книжевност, но и од други книжевности, како и фрагментирани библиски и истористи текстови и алузии и друго. Во прозата на Михајловски, животот на авторот може да се разбере како уште една специфична низа текстови кои го проткајуваат целиот негов творечки опус, почнувајќи од првата збирка раскази Речно улиште , па сè до последниот роман Бдеењето на Одисеј .

Содржина

[уреди | уреди извор]

Скок со стап е книга со збирка раскази: Куќа во Солун; Среќна нова; Копиле; Поштарот; Стан ни на небо ни на земја; СКОК СО СТАП. Еден; Два; Три... Скок со стап минува низ неверојатни преобразби наспроти неменливоста на баналното секојдневие во неговиот професионален живот. Во расказот „Скок со стап“ нараторите – левата патика и стапот – раскажуваат во прво лице еднина и множина.Со ваквата наративна постапка Михајловски поставува паралела помеѓу предметите и човекот, односно индивидуата. Тоа упатува на фактот дека предметите ја заземаат позицијата на човекот, поточно тие стануваат рамноправни со луѓето, но имаат и приоритет над нив. Предметите во улога на наратори почнуваат да владеат со луѓето, а „тоа значи дека индивидуата е деградирана, односно ја губи супериорната позиција над предметите и станува инфериорна“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]