Раскази од шести кат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раскази од шести кат
АвторДраги Михајловски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрроман
ИздавачСкопје : Каприкорнус, 2003
Издадена
2003
Медиумпечатено издание, 20 mm
СтранициXV, 19-445, [2] стр. ; 21 см
ISBN9989-715-16-5

Раскази од шести кат македонски раскази од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 2002 година во СР Македонија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Раскази од шести кат - ИЗБРАНИ РАСКАЗИ. Лилјак; Родителски; Мајстор; Случка; Свртничар; Сведок; Месечари; Печуркар; Ѓон; Куќа во Солун; Среќна нова; Копиле; Поштарот; Скок со стап; Коле; Антологичар; Милтон; Заем; Кошница и костум; Тасичо; Триполската капија. НОВИ РАСКАЗИ. Ресторант; Нушиќ; Писателот; Скова; "Штедња Хорацио"; Мерсо; Граница

Најубавото од раскажувачката работилница на Драги Михајловски собрано на едно место: избор раскази од збирките „Речно улиште“ (Награда за најдобра дебитантска книга, 1981 година), „Ѓон“, „Скок со стап“(Награда Рациново признание, 1994 година) и „Триполската капија“, заедно со осум сосема нови раскази. Вистинска антологија на едно многугодишно креативно работење... Спој од најдоброто и најновото на овој македонски мајстор на расказот. На едно место танцуваат суетите на цела плејада јунаци од нашето секојдневие. Многуте поштари, свртничари, ѕидари, мечкари, библиотекари, аптекари, студенти, молери, лектори, сонуваат и мечтаат пред очите на читателот за еден друг, поинаков, можеби посреќен свет во надворешен амбиент подложен на постојана промена од мир кон војна и обратно.

Честа тематска преокупација на авторот Михајловски во неговото прозно творештво се разни литературни алузии и фрагменти од англиската, македонската и други книжевности. Цепенковата јазичната ризница и воопшто народната раскажувачка традиција се по- веќекратно присутни во творештвото на Михајловски. Во овој контекст Шелева вели дека раскажувачкиот модел на Михајловски „отворено се повикува и интертекстуално го инкорпорира фолклор- ното раскажувачко наследство” (Шелева, 94: 43-44). Михајловски во своето творештво користи непосреден устен говор, колоквијални фрази, жаргони, дијалекти и друго. Традиционалните мотиви неретко се преобразуваат во фолклорни клишеа кои се пародизираат и разбиваат преку интертекстуалното сопоставување на архаичното и современото и иронично и смисловно се преобразуваат, нижевајќи ги значењата во прозното творештво на Михајловски. Покрај цепенковското раскажувачко и јазично наследство, во прозата на авторот интертекстуално се инкорпорирани и алузии на книжевното дело на Цепенков.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]