Бајазит и Оливера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајазит и Оливера
АвторДраги Михајловски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанристориски
ИздавачКаприкорнус
Издадена
2009
Медиумпечатено издание

Бајазит и Оливрароман на Драги Михајловски, објавен од издавачката куќа Каприкорнус од Скопје во 2009 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот Бајазит и Оливера е формиран врз историскиот настан, во кој главните ликови се историски личности: Оливера Лазаревиќ, ќерката на српскиот цар Лазар, која по смртта на татко ѝ, со цел да ги сочуваат животите и мирот на државата што останала беѕ најголем број на своја војска и војно способни мажи, мајка ѝ царица Милица и советотавниот одбор сочинет од свештенството, ја мажат за новокрунисаниот султан Бајазит, со кој таа заминува во неговиот свет, во харем, во туѓина, во самотија.

Ова е роман кој ги детектира огромните разлики меѓу западната и источната култура, роман за другоста, за разликата, но со нагласување на принудната (напати самоволна) интеграција на различна култура, мисла, погледи. Романот се развива во својот најголем дел во одаите на Оливера, во кои Бајазит, како и малкуте посетители (оние што таа ги повела со себеси како придружнички) ѝ остануваат единствената врска со нејзиниот свет, со цивилизацијата, со семејната врска, со Запад.

Низ очите на Оливера го следиме растежот и го дочекуваме падот на Бајазит и неговото владеење. Низ нејзините очи ја согледуваме различноста, другоста во која таа мора (треба) да се вклопи, само со една идеја, со една водилка, да се сочува себеси, да го сочува својот идентитет, единственото нешто што суровиот владетел и со збор, а и иако неволно, со делото ќе ѝ го приушти како ветување дадено на семејството, но и како награда, благодарност, снисходливост поради чудна, незапирлива, уништувачка љубов.

Умешно, заводливо, иритантно раскажување на Драги Михајловски во овој роман е толку предизвикувачко што читателот посегнува по други четива, по разоткривање, по копање во минатото, со желбата што попрецизно да ја дознае вистината за толку умешно создадени ликови.

Романот Бајазит и Оливера е преведен на српски јазик и објавен е во Бања Лука, преведувач е Гордана Јовиќ-Стојковска, а издавач Задужбина, Петар Кочиќ од Бања Лука, го има објавено во 2012 година.

Ликови[уреди | уреди извор]

Оливера е млада, убава, образована и исклучително силна личност, ќерка е на Лазар, владетел на дел од Српското Царство што по смртта на Цар Душан било изложено на османлиската наезда на патот кон освојувањата на запад, за што копнееле османлиските освојувачи.

Таа е носител на западните погледи, желби, поимања на светот и животот, чини сè за да ја очува својата вера, своите сфаќања, да не заборави мириси, вкусови (таква е во настојувањата, меѓу милувањата од Бајазит да добие дозвола да пие вино, малку, колку да го очува вкусот на татковината, на домот, на семејството). Таа е во константна војна со своите емоции, страсти и принципи. Раскошниот лик на Оливера се разоткрива на самиот крај на романот, кога заробената Оливера, во партали, како слугинка на победникот Тимур го воскрева своето благородничко достоинство во една друга димензија, кога со својот занесен танц го излудува својот сопруг до смртта, што во ситуација во која се наоѓал (окован во кафез носилка) претставувало спас од маки и понижувањата на кои го изложил монголскиоот освојувач.

Бајазит е силен, брутален, црст, решителен, победник, воин кој не запира, човек кој од љубов кон Оливера, млада, страсна, префинета принцеза на мигови ги заборава своите убедувања, советите на неговите советодавци, се заборава дури и себеси. Низ сликите на Бурса, неговата престолнина, што ги добиваме преку очите и сфаќањата на Оливера, ја согледуваме неговата сила, решителност, но и конфузија, прекршувањето што е неизбежно при емотивна интеграција со некој толку поинаков, толку подруг, како што е Оливера.

Наводи[уреди | уреди извор]