Сектори за внатрешни работи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Секторите за внатрешни работи или познати како СВР се подрачни единици на Министерството за внатрешни работи односно едни од главните делови на структурата на Бирото за јавна безбедност, формирани за вршење на полициските работи на територијата на Република Македонија. Нивните територии се во согласност со планските региони на државата, па така постојат осум вакви подрачни единици. Најголем по површина е битолскиот сектор, додека најгусто населен е скопскиот.

Табела[уреди | уреди извор]

Име Седиште Регион Површина
(км²)
Жители
(2002)
Началник
СВР Битола Битола Пелагониски Регион 4.717 238.136 Славко Јовановски
СВР Велес Велес Вардарски Регион 4.042 133.248 Злате Јаневски
СВР Куманово Куманово Североисточен Регион 2.310 173.814 Стојанче Величковиќ
СВР Охрид Охрид Југозападен Регион 3.340 221.651 Сашо Смилески
СВР Скопје Скопје Скопски Регион 1.812 571.040 Тони Јакимовски
СВР Струмица Струмица Југоисточен Регион 2.739 171.416 Танчо Пројковски
СВР Тетово Тетово Полошки Регион 2.416 304.125 Амир Далипи
СВР Штип Штип Источен Регион 3.537 181.858 Љупчо Трајковски

Карта[уреди | уреди извор]

Карта на седиштата на секторите за внатрешни работи