Чинови на полицијата во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Полицијата во Македонија како и сите останати полициски служби во светот има сопствени чинови[1]. Чиновите на полицијата во Македонија може да се поделат на три групи и тоа: советници; инспектори и полицајци. Вкупно постојат 12 чинови во полицијата на Македонија.

Табела[уреди | уреди извор]

Легенда

      Редот со ваква боја означува дека чинот е дел од групата „советници“
      Редот со ваква боја означува дека чинот е дел од групата „инспектори“
      Редот со ваква боја означува дека чинот е дел од групата „полицајци“

Назив Изглед
Генерален полициски советник
Главен полициски советник
Виш полициски советник
Полициски советник
Главен инспектор
Самостоен инспектор
Виш инспектор
Инспектор
Помлад инспектор
Главен полицаец
Виш полицаец
Полицаец

Чинови[уреди | уреди извор]

Полицискиот службеник се стекнува со соодветно звање ако:

  1. има соодветно образование пропишано за работното место на кое се распоредува;
  2. има потребен работен стаж поминат со претходното звање;
  3. биде распореден на работно место за кое е предвидено такво звање и
  4. во периодот од добивање на претходното звање до стекнување на новото звање бил оценуван најмалку со оценка „задоволува“.

Советници[уреди | уреди извор]

Во групата на советници вкупно има 4 чинови и тоа: Генерален полициски советник; Главен полициски советник; Виш полициски советник и Полициски советник.

Табела на полициски службеници кои се советници, биле советници пред отказ или биле советници пред да загинат.

Име Чин Забелешка
  • Генерален полициски советник

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати две години работен стаж со звање главен полициски советник.

  • Главен полициски советник

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање виш полициски советник.

  • Виш полициски советник

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање полициски советник.

  • Полициски советник

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати пет години работен стаж со звање главен инспектор.

Инспектори[уреди | уреди извор]

Во групата на инспектори вкупно има 5 чинови и тоа: Главен инспектор; Самостоен инспектор; Виш инспектор; Инспектор и Помлад инспектор.

Табела на полициски службеници кои се советници, биле советници пред отказ или биле инспектори пред да загинат.

Име Чин Забелешка
  • Главен инспектор

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање самостоен инспектор.

  • Самостоен инспектор

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање виш инспектор.

  • Виш инспектор

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање инспектор.

  • Инспектор

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати три години работен стаж со звање помлад инспектор.

  • Помлад инспектор

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по истекот на периодот за стручно оспособување, доколку нема образование од областа на внатрешните работи и положен стручен испит.

Полицајци[уреди | уреди извор]

Во групата на полицајци вкупно има 3 чинови и тоа: Главен полицаец; Виш полицаец и Полицаец.

Табела на полициски службеници кои се советници, биле советници пред отказ или биле полицајци пред да загинат.

Име Чин Забелешка
  • Главен полицаец

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати 15 години работен стаж со звање виш полицаец.

  • Виш полицаец

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по поминати 10 години работен стаж со звање полицаец.

  • Полицаец

Полицискиот службеник може да се здобие со ваков чин по истекот на периодот за стручно оспособување, доколку нема образование од областа на внатрешните работи и положен стручен испит.

Наводи[уреди | уреди извор]