Прејди на содржината

Седелец

Координати: 41°35′N 23°6′E / 41.583°N 23.100°E / 41.583; 23.100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Седелец
Седелец is located in Бугарија
Седелец
Седелец
Местоположба во областа
Седелец во рамките на Пиринска Македонија
Седелец
Местоположба на Седелец во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°35′N 23°6′E / 41.583°N 23.100°E / 41.583; 23.100
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСтрумјани
Површина
 • Вкупна13,059 км2 (5,042 ми2)
Надм. вис.&10000000000000821000000821 м
Население (2024)
 • Вкупно15[1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2834

Седелец (бугарски: Седелец) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Мелничката каза а по 1878 година, на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сиедец (Siédets) имало 26 домаќинства со 80 Македонци.[3]Војводата на ВМОРО Христо Куслев во своите спомени кажува дека создал револуционерни комитети во Раздол и околните села.[4]

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.[5]

Бугарија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото Седелец се наоѓа на околу 47 километри јужно од регионалниот центар Благоевград, на околу 11 километри западно-југозападно од општинскиот центар Струмјани и на околу 15 километри западно-северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во јужните делови на Малешевските Планини. Надморската височина кај црквата е околу 780 m, се издигнува на околу 815 m на северозападниот крај на селото, а на југоисток се намалува на околу 740-750 m.

Општинскиот пат од Седелец на југ минува низ селото Махалата до делницата на патот кој доаѓа од исток од селото В’лково преку селата Палат и Игралишта и води на запад до селото Никудин.

Атарот на селото Седелец се граничи со атарите на: село Цапарево на север и североисток; селото Крпелево на североисток; селото Микрево на североисток; селото Вељуштец на исток; селото Махалата на југ; селото Никудин на југозапад; селото Колибите на запад.

На земјиштето на селото Седелец има 5 микробрани.[6]

Население на Седелец по попис[8]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 342 451 469 444 222 141 115 85 32
Население по возраст
од 2011 година
[9]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[10]

Број на население
Вкупно 32
Бугари 32
Турци -
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор -
  1. www.grao.bg
  2. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
  4. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 244. ISBN 954-90006-2-1.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 877
  6. Държавна агенция за метрологичен и технически надзор; язовири, село Седелец; към 2022 г.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. 8,0 8,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Раздол, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  9. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  10. Попис на населението од 2011 година