Вракуповица
Вракуповица | |
---|---|
![]() Поглед кон селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°40′N 23°5′E / 41.667°N 23.083°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Струмјани |
Површина | |
• Вкупна | 6,558 км2 (2,532 ми2) |
Надм. вис. | 826 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 4[1]. |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2834 |
Вракуповица (бугарски: Вракуповица — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Вракуповица (Vrakoupovitza) имало 27 домаќинства и 90 жители Македонци.[3] [4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители, сите Македонци.[3][5]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[6]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Вракуповица се наоѓа на околу 38 километри јужно од регионалниот центар Благоевград и на околу 11 километри западно-северозападно од општинскиот центар Струмјани. Се наоѓа на Малешевските Планини, на левата (северната) долинска падина на една од левите притоки на Горемска Река, лева притока на Цапаревска Река, која е лева притока на реката Струма). Надморската височина е во опсег од околу 875 m на северозападниот дел на селото и околу 825 m на неговиот југоисточен дел покрај реката.
Општински пат без асфалтен коловоз води југоисточно од Вракуповица преку село Крпелево до село Каменица и по него се поврзува со Републичкиот пат III-1082 од трета класа.
Атарот на селото Вракуповица се граничи со атарите на: селото Горна Крушица на север; селото Крпелево на исток, југ и југозапад; селото Гореме на северозапад.
Во атарот на Вракуповица има две брани.[7]
Население[3][8]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 273 | 263 | 279 | 225 | 137 | 80 | 62 | 37 | 23 |
![]() |
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[10]
Број на население | |
Вкупно | 23 |
Бугари | 23 |
Турци | - |
Роми | - |
Останати | - |
Не се определиле | - |
Без одговор | - |
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Иван Дончев, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна од 1885 година[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ www.grao.bg
- ↑ Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835
- ↑ Държавна агенция за метрологичен и технически надзор; язовири, село Вракуповица; към 2022 г.
- ↑ 8,0 8,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Вракуповица , общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Попис на населението од 2011 година
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 46.
|