СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Здравко Цветковски“
SGGU Zdravko Cvetkovski Skopje1.jpg
Место
Општина: Карпош
Место: Скопје
Адреса: Бул. Партизански одреди бр.91
Основни информации
Директор: Драгица Костадиновска
Настава на: македонски и албански
Контакт информации
Портал zdravkocvetkovski.edu.mk

Средното градежно гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ — средно училиште во Скопје, Карпош[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

СГГУГС „Здравко Цветковски“ е формирано 1945 г. како прво македонско средно техничко училиште во Р. Македонија. Во текот на годините следувале негови трансформации, формирање нови отсеци, нивно одвојување во посебни училишта, за конечно учебната 1962/63 г. да се одвои и почне да функционира како градежно-техничко училиште. Сите овие години училиштето се соочувало со проблеми за обезбедување простор за изведување наставата, сè до 1965 година, кога училиштето се сели во нова зграда каде опстојува и до ден-денес работи. Зградата има околу 10 000м² корисна површина со 45 училници и кабинети, работилници, лаборатории, канцелариска сала, сала за состаноци, две фискултурни сали, библиотека, читална, мали атлетски спортски терени, затворен простор за мал фудбал и убаво уреден двор. За да биде во чекор со времето училиштето секојдневно се опремува со нови технички помагала.

Училиштето го доживува својот процут во 80-те години, а потоа постепено се намалува интересот за школување во градежно-геодетската струка. Оттогаш па до денес, следат нови реорганизации и трансформации и во учебната 2002/2003 година училиштето започнува да работи како градежно-гимназиско средно училиште.

Насоки и струки[уреди | уреди извор]

Министерот и градоначалникот во СГГУ „Здрвако Цветковски“, промоција на е-дневник
Во училница
Отворање на Средношколските спортски игри 2011

Во СГГУГС „Здравко Цветковски“ се образоваат следните средношколски кадри:

  • гимназиско образование;

четиригодишно стручно образование:

  • архитектонски техничари;
  • градежни техничари;
  • геодетски техничари;
  • техничар-дизајнер за внатрешна архитектура;

тригодишно стручно образование:

  • монтери за сува градба,
  • ѕидаро-фасадери
  • армирачи.

Наставата, во стручните паралелки се изведува на македонски и албански јазик.

Покрај овие степени на образование во училиштето се организира и настава за дообука и специјализација на одредени наставни програми од областа на градежништвото и архитектурата. Во ова постсредно, специјалистичко образование ги има следните струки:

  • ѕидар-специјалист;
  • дрводелец–специјалист;
  • армирач-специјалист;
  • бетонирец-асфалтер-специјалист;
  • градежен керамичар-специјалист;
  • молеролакер-специјалист;
  • хидроизолатер и процесен организатор;
  • техничар специјалист за индустриско градење;
  • градежен калкулант;
  • спецјалист монтер на стаклени елементи.[2]

Во учебната 2012/2013 во СГГУГС „Здравко Цветковски“ ќе се образуваат 1179 средношколци во сите степени на образование. Воспитно-образовната дејност во училиштето ја изведуваат 114 наставника и 21 администартивно-технички и помошен персонал.

Соработки[уреди | уреди извор]

Во Италија
На Струмичкиот карневал 2010
Априлијада 2011
Отворање атлетски патеки, патронат 2011
Приредба и хуманитарен хепенинг, 8 Март 2013
Второ годишно собрание на Проектот за мир во Скопје, Македонија, 2012
Освоено прво место за активности и второ место за настапот, во Падова, Италија, 2012
На крајот од хуманитарната претстава „Ромео и Јулија - скопска шема“ одржана во МКЦ, 2011
Кошаркарската екипа во СГГУ „Здравко Цветковски“, 2012
Новогодишна претстава за деца 2011/2012
Бендот на ГУЦ, Концерт на мирот, мај 2011

СГГУГС „Здравко Цветковски“, во текот на своето долгогодишно постоење, има развиено богата и плодна соработка со повеќе училишта од Македонија, Балканот и пошироко. За посебно одбележување се соработките со: „Средно градежно училиште“ од Сараево, Босна и Херцеговина, 5та Гимназија од Белград, Србија и гимназијата „Владимир Илич Ленин“ од Киев, Украина. Во рамките на Проектот за мир е воспоставена соработка со повеќе средни училишта од областа Пуглиа во Италија: природно-математичка гимназија од ˝О.Tedone˝ од Руво, класична гимназија “Gioia del colle”, гимназијата ˝Marconi˝ од Фогиа и од гимназијата ˝D.Cotugno˝ од Руво. СГГУГС „Здравко Цветковски“ е прв и единствен претставник и координатор на Проектот за мир во Македонија, а изминативе две години по сесрдното залагање и повеќегодишна работа ја добиваме Првата награда во Тревизо, Италија.

Проекти[уреди | уреди извор]

Во учебните 2011/12 и 2012/13 во училиштето се реализираат следните проекти:

  1. „Проект за мир“ - меѓународен проект со седиште во Тревизо, Италија. Учество од 2009 кога стануваме координатор за Македонија. 2011, 2012 - освојуваме прво место за активностите спроведени во нашата држава и училиште со промовирање мир и соживот. Основан од Министерството за образование на Италија, финасиран од спонзори кои ги обезбеди училиштето.Ефекти: Развивање на свеста за вистинските вредности, подобрување на соживотот, толеранцијата и подобро запознавање на мултикултурното општество;
  2. „Градење мостови“ во организација и финасирање на АИЕСЕК - две учебни години - 2009/10 и 2010/11. Вклучени 30-тина ученика со предавач од странство (на англиски јазик). Ефекти: Размена на искуства, културни и историски, запознавање на различностите - градење мост на спојување;
  3. „Мировно образование“ во организација на Детска амбасада Меѓаши и kurwe wustrou, вклучени сме од август 2011 и сè уште трае. Вклучени се околу 40 ученика во активностите; финасирано од невладините организации. Ефекти: кревање на свеста за мултикултура, прифаќање на различностите, соработка и сл.;
  4. „Училиште без насилство“- проект финансиран од Град Скопје и рализиран во учебна 2011/2012 година. Ефекти: подигнување на свеста за справување со насилството. Запознавање со сите видови насилство и оспособување за превенција против насилството во училиштето. Работа на повеќе работилници на теми: предрасуди, стереотипи и медијација во разрешување конфликти;
  5. Проект за мултиетничко образование организиран од МОН, а финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка 2012 година (проектот е во почетна фаза). Ефекти: интеграција на учениците од етнички чистите и мешани средини, запознавање на меѓусебната култура, традиција и обичаи, како и запознавање на јазикот на другата заедница; зајакнување на знаењето и вештините на наставниците од мешан етнички состав за интегрирано мултиетничко образование; јакнење на капацитетите на останатиот технички персонал и професионалци и активно вклучување на родителите и пошироката заедница во процесот на интегрирано образование;
  6. „Светското наследство во рацете на младите“ во организација на канцеларијата на УНЕСКО во Македонија. Финасиран од УНЕСКО. Учебна 2011/1012. Вклучени 30 ученика. Ефекти: Низ работилници - осознавање на културното светско наследство - природно и културно;
  7. „Медијација“ – организиран од FORUM ZDF, а финансиран од Mировен цивилен центар. Ефекти: обучените ученици медијатори придонесуваат за зголемување на степенот на превенција против насилството во и надвор од училиштето, намалување на насилството во училиштето и предрасудите и стереотипите помеѓу учениците;
  8. „Млад водачки камп“-организиран од FORUM ZDF, а финансиран од Mировен цивилен центар. Ефекти: Запознавање на ученици од различни етнички и социјални средини, запознавање со нивните култури, обичаи и размена на искуства подобрување на соживотот помеѓу учениците во училиштето и надвор од училиштето;
  9. „Превенција од сексуална злоупотреба и педофилија“- организиран од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст на град Скопје. Финансиран од Владата на Република Македонија.Ефекти: подигнување на свеста и самодовербата кај учениците за пријавување на сексуалната злоупотреба и педофилијата и оспособеност на наставниците и стручната служба за превенирање, препознавање и справување со сексуалната злоупотреба и педофилија во училиштето и дојава до надлежните институции;
  10. „Сексуална репродукција“- организиран и финансиран од невладина организација ХЕРА. Ефекти: Подигнување на свеста за улогата на сексуалната репродукција, планирање на семејството и заштита при полови односи;
  11. ИПА проект „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени“ 2010-2012, финасиран од Европската унија. Ефекти: Оспособување на младите невработени лица за гипсер-монтер, намалување на невработеноста и задоволување на потребите на пазарот на трудот од областа на градежништвото.
  12. Твинг проект „Поддршка на модернизација на системот за образование и обука“, под инструментот за претпристапна помош ИПА компонента 4, мултигодишна оперативна програма „Развој на човечки ресурси“ 2007-2013. Организиран од Институтот за стручно образование Љубљана и Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија. Проектот започна со реализација во октомври 2011 и ќе трае 20 месеци. Проектот се состои од две компоненти: Компонента 1: Подготовка на стандарди за стручни квалификации и реформа на наставните планови (и програми) за двегодишното и тригодишното образование. Компонента 2: Обука на обучувачи за стручно образование. Ефекти: Новите стандарди и програми овозможуваат обука на ученици според најновите методи и технологии за градење со што добиваме кадар кој е способен веднаш да се вклучи во градежното производство според најновите стандарди, методи и технологии;
  13. Твининг проект за обука за вештини барани на пазарот на трудот (обука за градежници), финасирана од Европската унија. Реализацијата е во тек. Ефекти: Оспособување на младите невработени лица за гипсер-монтер, намалување на невработеноста и задоволување на потребите на пазарот на трудот од областа на градежништвото;
  14. Проект „Животни вештини“ – организиран и финансиран од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование. Започна со реализација 2012 година. Ефекти: Полесно справување со различни ситуации од секојдневниот живот;
  15. Проект „Интеграција на еколошката едукација во образованието“, организиран од ОХО, а финасиран од Министерството за образование и наука. Ефекти: подигнување на еколошката свест кај младите луѓе;
  16. Проект за животна средина „Project Earth“- финансиран од Морис Стронг од Бразил. Ефекти: Подигнување на свеста за заштита на човековата околина, последиците од несоодветно однесување и постојани активности за заштита на околината во училиштето и надвор од училиштето;
  17. Проект: „Чисти училишта – здрава младина“, финансиран од граѓанска организација КАЛИСТО. Ефекти: Подигнување на свеста за заштита на човековата околина, последиците од несоодветно однесување и постојани активности за заштита на околината во училиштето и надвор од училиштето.
  18. Проект: „Модел училиште за меѓуетничка интеграција“[3]

Натпревари и награди[уреди | уреди извор]

Од самиот почетокот па до денес, СГГУГС „Здравко Цветковски“, како резултат на професионалниот однос кон воспитно-образовниот процес и развојот на спортскиот дух кај младите, има добиено бројни признанија. Позначајни меѓу нив се: повеќекратни шампиони во кошарка и фудбал на натпревари на ниво на град Скопје, како и во Р. Македонија. Исто така, СГГУГС „Здравко Цветковски“ има добиено повеќе Плакети од кои позначајни се: Плакета за успешна соработка и придонес во развојот на факултетот – „Градежен факултет“, Скопје; Плакета за успешна соработка и придонес во развојот на ГИМ – Градежен институт „Македонија“, Скопје и Плакета за поддршка и учество во кампањата „И во Македонија се може“ од првиот приватен факултет ФОН.

2010[уреди | уреди извор]

Во 2010 година учениците учествуваа во бројни натпревари, но најзначајни се освоените:

  • на Струмичкиот карневал освоена прва награда со маската „Мулен руж“;
  • на Меѓународната изложба на применета уметност освоени прво и второ место;
  • на Меѓународната изложба на детски цртежи освоено прво место;
  • на Велигденскиот крос на кејот од Вардар, освоено второ место;
  • на Гимназијадата - атлетика, женски, освоено второ место.[4]

2011[уреди | уреди извор]

  • прва награда од Проектот за мир добиена во Тервизо, Италија;
  • прва награда на Републичкиот натпревар по италијански јазик;
  • прва награда на Републичкиот натпревар по македонски јазик за текстот на тема „Со книга и цвет низ целиот свет“;
  • две први места на Меѓународната изложба по повод 13 Ноември, на тема: Слободна композиција;
  • прво место на Хорските смотри;
  • прво место на МАССУМ за веб- страница;
  • второ место на Градското првенство во пинг-понг, женски;
  • второ место на МАССУМ за реклама;
  • второ место на МАССУМ за подготвен јавен говор на албански јазик;
  • трето место на МАССУМ за постер;
  • трето место на МАССУМ за интервју за работа на албански јазик;
  • трето место на МАССУМ за рецитаторска творба и ораторство.[5]

2012[уреди | уреди извор]

  • освојување на престижната 13 ноемвриска спортска награда;
  • прва награда од Проектот за мир за активностите на училиштето, и втора награда за настапот во Падова, Италија со група ученици од нашето и другите училишта вклучени во проектот;
  • прва награда за најубаво украсено училиште за новогодишните празници;
  • на Градските смотри, хорот на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје освои прво место, а на Државните смотри - трето место;
  • на Државниот натпревар по граѓанско образование освоивме второ место (а немаше прво);
  • на меѓународниот натпревар во Банско „Утринска ѕвезда“ со нашата музичка точка освоивме второ место;
  • прво место нна меѓународниот ликовен конкурс на тема флора и фауна;
  • на МАССУМ бевме успешни освојувајќи во октомври: прво место за јавен говор и второ за интервју за работа на албански јазик; а во мај, прво место за интервју за работа на албански јазик, второ место за краток филм, трето место за најубаво уреден штанд и театарска претстава, петто место за јавен говор и краток филм, осмо место за реклама;
  • на натпреварите – одбојка на песок организирано од Град Скопје, екипата од професори освои трето место.[3]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  2. Годишна програма за работа на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје
  3. 3,0 3,1 Годишен извештај за работата на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје во учебната 2011/2012 година
  4. Годишен извештај за работата на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје во учебната 2009/2010 година
  5. Годишен извештај за работата на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје во учебната 2010/2011 година

Надворешни врски[уреди | уреди извор]