Цветанка Ласкова
Цветанка Ласкова | |
---|---|
Роден(а) | 24 февруари 1955 Кавадарци, СФР Југославија |
Жанрови | македонска музика |
Занимања | Пејачка |
Период на активност | 1973 - сè уште |
Цветанка Ласкова (р. 24 февруари 1955, Кавадарци) — македонска поп-фолк пејачка на македонска музика.
Биографија[уреди | уреди извор]
Ласкова, е родена во Кавадарци на 24 февруари 1955 година. Својата музичка кариера ја започнува во далечната 1973 година, како пејачка на народна и забавна музика. Нејзини попознати песни се: "Дај ми надеж", "Ти ми го зеде срцето", "Минува младоста", "Господ нека ти плати" и други. Во 1976 година, со Јанко Узунов ја испеале "Момчето со мандолината", кој стана голем хит. Таа има настапувано на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Цветници, Фолк Фест Роса, Филиграни и други.
Таа е истовремено и бизнисменка, која почнала да се занимава во 1991 година. Со продукција се занимава од 1992 година.
Од 2011 година, е на чело на форумот на жени на СДСМ. Таа одреден период била и посебен советник за култура на премиерот Зоран Заев.