Родољубивост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одбраната на татковината е дел од родољубивоста: статуа во Париз, споменик за студентското вмешување во одбраната на Франција во 1814 година.

Родољубивост (или родољубие, патриотизам) — поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но родољубивоста вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Родољубивоста подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Родољубивоста е тесноповрзана (иако воопшто не истоветна на) со национализмот и често се користи како негов синоним. Строго кажано, национализмот е идеологија, но често се разбира како посакуван и соодветен родољубив став (и националистичките политички движења и родољубивоста можат да бидат непријателски настроени спрема туѓите татковини).

Родољубивоста има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на крајна родољубивост.

Патриотизмот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Патриотизмот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Патриот (Поединцец)“ (Patriot (A Single)) - песна на американскиот музичар Скот Волкер (Scott Walker) од 1995 година.[1]

Родољубива (патриотска) книжевност[уреди | уреди извор]

Голем број писатели пишувале родољубиви дела, искажувајќи ја својата љубов кон татковината:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Discogs, Scott Walker ‎– Tilt (пристапено на 19.9.2018)
  2. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 44.
  3. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 45.
  4. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 35.
  5. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 73-75.
  6. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 80.
  7. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 73-76-77.
  8. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 70.
  9. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 73-117.