Рено клио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рено клио
Renault Clio
2018 Renault Clio GT Line TCE 900cc Front.jpg
ПроизведувачРено
Познат и какоРено лутеција (Јапонија)
Производство1990–денес
ПретходникРено 5
Класамали автомобили (Б-сегмент)
Распоредмотор напред, преден погон

Рено клио (француски: Renault Clio) – автомобил што го произведува француската фабрика за автомобили Рено. Се произведува од 1990 година.

Историјат[уреди | уреди извор]

Рено клио е супермини возило, кое било лансирано во 1990 година, и моментално е актуелна четвртата генерација од 2012 година. Клиото има голем комерцијален успех и константно е еден од најпродаваните автомобили во Европа. Му се припишуваат големи заслуги за враќање на Реноовата репутација која било сериозно разнишана во текот на 1980-тите години. Рено клио е единствен автомобил, покрај Фолксваген голфголфот кој два пати бил прогласуван за најдобар европски автомобил на годината, 1991 и 2006 година.[1] Во Јапонијау се продава под називот лутеција (Renault Lutecia), бидејќи Хонда го поседува правото на името „клио“.

Клио I (1990–1998)[уреди | уреди извор]

Клио I
1991 Renault Clio RL (12620142134).jpg
Познат и какоРено лутеција (Јапонија)
Производство1990–1998 (Франција)
1996–2001 (Колумбија)
СклопувањеФранција, Турција, Аргентина[2] Колумбија, Белгија
Тип на каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
Моторбензински мотор 1,108 cc
1,149 cc
1,171 cc
1,390 cc
1,565 cc
1,721 cc
1,764 cc
1,794 cc
1,998 cc
дизел1,870 cc
Пренос5 степени мануелен
3 степени автоматик
4 степени автомати
Меѓуоскино раст.2472 mm
Должина3709 mm
Ширина1616 mm
Висина1360 mm
Нетоварена тежина930 kg

Клиото од првата генерација било претставено на саемот во Париз во 1990 година, како замена за Рено 5. Во 1991 година ја добило титулата европски автомобил на годината. Било редизајнирано во 1994 и 1996 година. Биле вградувани бензински мотори од 1,2 (54 и 58 КС), 1,4 (75 и 79 КС), 1,8 (88, 90, 107, 109 и 135 КС), 2,0 Клио Вилијамс (147 КС) и дизел-мотор од 1,9 (64 КС).

Клио фаза 1 (1990-94)
Клио фаза 2 (1994–96)
Клио фаза 3, поглед од назад
Клио фаза 3 (1996-98)

Клио II (1998–2005)[уреди | уреди извор]

Клио II
1998 Renault Clio Grande 1.2 Front.jpg
Познат и какоРено лутеција (Јапонија)
Производство1998–2012 (Франција) [3]
1998–2015 (Словенија)[4]
2001–2009 (Мексико)[5][6][7]
2000–2017 (Аргентина)[8][9][9]
2001–2017 (Колумбија)[10][11]
СклопувањеФранција, Турција, Бразил, Словенија, Колумбија, Мексико[12]
Тип на каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
4 врати седан
Моторбензински мотор 1,0
1,2
1,4
1,6
2,0
3,0 L
дизел 1,5
1,9 L
Пренос5 степени мануелен
4 степени автоматик
Меѓуоскино раст.2472 mm
Должина3773 mm
Ширина1639 mm
Висина1417 mm
Нетоварена тежина990 kg
Рено клио II (пред редизајн)
Рено клио РС (пред редизајн)
Рено клио РС (редизајнирано)

Рено клио 2 се појавил во 1998 година, а освежувања доживеал во 2001 и 2004 година. Во понудата на мотори доминирале малите бензински мотори 1,2 со 58 и 75 КС, но понудени биле мотори и од 1,4 (75, 95 и 98 КС), 1,6 (90 и 107 КС), 2,0 Клио спорт (169, 174 и 180 КС) и 3,0 л (226 и 254 КС). Од 2002 година добил еластичен дизел-мотор со 65 и 82 КС. Голема популарност стекнал со доверливоста на едноставната конструкција и добра понуда на простор напред.[13] Во 1999 година Рено ја лансирал верзијата седан со четири врати со име Рено симбол за пазарите во Турција и Источна Европа, односно рено талија за Средна Европа. Моделот бил наменет за пазари во развој каде седаните се традиционално посакани од хечбек верзиите, пред сè во Источна Европа каде талија била поевтина од клиото.

Клио III (2005–2012)[уреди | уреди извор]

Клио III
Renault Clio III 20090527 front.JPG
Познат и какоРено евро клио (Мексико)
Рено лутеција (Јапонија)
Производство2005–2014[14][15][16]
СклопувањеФранција, Турција, Шпанија
Тип на каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
5 врати караван
ПлатформаНисан Б
Моторбензински мотори 1,2 L
1,4 L
1,6 L
2,0 L
дизели 1,5 L
1,9 L
Пренос5 степени мануелен
6 степени мануелен
4 степени автоматик
Меѓуоскино раст.2451 mm, 2575 mm караван
Должина3986 mm (2005-2009), 4032 mm (2009-денес), 4233 mm караван
Ширина1707 mm (2005-2009), 1720 mm (2009-денес), 1719 mm караван
Висина1497 mm
Нетоварена тежина1150 kg
СродниНисан микра
Нисан тилда
Рено модус
Дачија логан
Дачија сандеро
Хечбек (пред редизајн)
Караван (пред редизајн)
Рено клио РС (пред редизајн)
Хечбек (редизајнира)
Караван (редизајниран)

Третата генерација се појавила во 2005 година на саемот за автомобили во Франкфурт. Развиен е во соработка со Нисан. Значително е поголем и потежок од претходните генерации. Прв пат се користела картичка за стартување на автомобилот.. Клио III во 2005 година на креш тестовите Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички.[17] Во 2006 година ја добил титулата европски автомобил на годината. Верзијата караван била претставена во 2007 година под името спортс турер. Редизајниран бил во 2009 година кога го добил новиот изглед на предниот дел. Во ентериерот биле вградувани поквалитетни материјали и бил подобро опремен од моделите пред редизајнот. Користел бензински мотори од 1,0 (58 и 77 КС), 1,2 (54, 58, 60, 76 и 101 КС), 1,4 (75, 80 и 98 КС), 1,6 (88, 110 и 112 КС), 1,7 (90 КС), 1,8 (95, 110 и 137 КС), 2,0 (135, 145, 172, 182 и 197 КС), 3,0 (230 и 255 КС) и дизел-мотори од 1,5 (65, 68, 82, 86, 90, 101 и 106 КС) и 1,9 (68 и 80 КС).

Клио IV (2012–2019)[уреди | уреди извор]

Клио IV
2013 Renault Clio (X98) TCe 90 hatchback (2013-06-17) 01.jpg
Познат и какоРено лутеција (Јапонија)[18]
Производство2012–денес
СклопувањеФранција, Турција, Словенија, Алжир (од средината на март 2018)
Тип на каросерија5 врати хечбек
5 врати караван
ПлатформаНисан Б
Моторбензински мотори 0,9 L
1,2 L
дизели 1,5 L
Пренос5 степени мануелен
6 степени автоматик
Меѓуоскино раст.2589 mm
Должина4062 mm (хечбек), 4262 mm (караван)
Ширина1732 mm
Висина1448 mm
Нетоварена тежина980–1,071 kg (2,161–2,361 lb)
СродниРено каптур
Нисан микра V
Рено клио РС
Клио хечбек
Клио караван
Внатрешност

Четвртата генерација била претставена во 2012 година на саемот за автомобили во Париз. Значајна разлика од претходната генерација е меѓуоскиното растојание кое е значително поголемо и е близу до она на компактен автомобил. Незначително е подолг и поширок од претходната генерација. Клио IV на пазарот е достапен исклучиво како модел со пет врати, за разлика од претходните генерации кога моделите биле со три и пет врати. Во почетокот на 2013 година излегла верзијата караван. Рачките на задните врати се скриени во столбот. Ентериерот се карактеризира со елегантен дизајн, со инструмент-табла чиј изглед потсетува на облик на авионско крило. Опремен е со дигитален брзиномер, додека на централната конзола со минималистички изглед се сместени инфо-забавниот систем и навигацијата, а 7-инчниот екран е стандарден во одредени пакети опрема. . Осим у Француској модел се производи и у Турској.[19]

Клио IV во 2012 година на креш тестовите Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички.[17] Користи бензински мотори од 0,9 (90 КС), 1,2 (75 КС) и дизел-мотори од 1,5 (75 и 90 КС

Мотори - рено клио 4[уреди | уреди извор]

Бензински мотори [20]
Мотор Код Зафатнина Макс. снага Вртежен момент Макс. брзина Забрзување 0–100 km/h Потрошувачка
0,9 12v Energy TCe H4Bt 400 898 ццм 90 КС (67 кB) при 5250 врт./мин. 135 Nm при 2500 врт./мин. 182 km/h 12,2 с 4,5 л/100 км
0,9 12v Energy TCe 99g H4Bt 400 898 ццм 135 Nm при 2500 врт./мин. 185 km/h 13,0 с 4,3 л/100 км
1,2 16v 75 D4F 740 1.149 ццм 75 КС (56 кB) при 5500 врт./мин. 107 Nm при 4250 врт./мин. 167 km/h 14,5 с 5,5 л/100 км
1,2 16v TCe 120 H5Ft 1.149 ццм 119 КС (89 кB) при 4900 врт./мин. 190 Nm при 2000 врт./мин. 199 km/h 9,4 с 5,2 л/100 км
1,2 16v Energy TCe 120 H5Ft 1.197 ццм 118 КС (88 кB) при 5500 врт./мин. 205 Nm при 2000 врт./мин. 199 km/h 9,0 с 5,3 л/100 км
Дизел мотори [21]
1,5 8v dCi 75 K9K 612 1.461 ццм 75 КС (56 кB) при 4000 врт./мин. 200 Nm при 1750 врт./мин. 168 km/h 14,3 с 3,6 л/100 км
1,5 8v Energy dCi 90 K9K 608 1.461 ццм 90 КС (67 кB) при 4000 врт./мин. 220 Nm при 1750 врт./мин. 178 km/h 11,7 с 3,4 л/100 км
1,5 8v Energy dCi 90 83g K9K 608 1.461 ццм 90 КС (67 кB) при 4000 врт./мин. 220 Nm при 1750 врт./мин. 180 km/h (112 mph) 12,1 с 3,2 л/100 км

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Рено клио“ (Serbian). autoexclusive.rs. конс. 16. 03. 2014. 
  2. „Mixed Results in the 1990s“. Renault Argentina. конс. 11 September 2011. The following year [1995] [...] the company responded by [...] introducing new models, including the mid-sized Mégane and the subcompact Clio. 
  3. „Renault Clio Campus Bye Bye“. Renault. 6 January 2012. конс. 15 February 2012. 
  4. „Production of Clio returning to Renault plant in Novo mesto“. The Slovenia Times. 17 March 2016. The Novo mesto plant had produced Clio models from 1993 until last year, but then focused on the joint Renault-Daimler project of building the Twingo and Smart forfour. 
  5. „2001 Annual Report“ (PDF). Renault. 16 May 2002. конс. 25 March 2016. In Mexico, Scénic has been built at Nissan's Cuernavaca plant since 2000, and Clio went into production at Nissan's Aguascalientes plant late in 2001. 
  6. „Renault México“ (Spanish). Архивирано од изворникот на 27 March 2016. конс. 25 March 2016. Diciembre 2001: inicio de producción del modelo Clio en la planta de Aguascalientes de Nissan.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  7. „Queda descontinuado el Renault Clio en este 2010“ (Spanish). Alvolante.info. 7 January 2010. 
  8. „Renault en Argentina“ (Spanish). Renault Argentina. Архивирано од изворникот на 28 August 2003. конс. 26 September 2011. El lanzamiento de Mégane 2 en octubre de 1999 y de Clio 2 en marzo de 2000 rejuveneció la gama de productos nacionales. 
  9. 9,0 9,1 „Cordoba Plant“. Renault. Архивирано од изворникот на 6 January 2017. конс. 25 March 2016. Models built: Clio II, Kangoo & Kangoo Express, Symbol, Fluence  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  10. „Ultima decada“ (Spanish). Renault Colombia. конс. 25 March 2016. 2001: Durante el primer trimestre del año, Renault lanza el taxi Metrópoli y el Symbol. En junio, Renault lanza el Nuevo Clio. 
  11. „Envigado plant“. Renault. Архивирано од изворникот на 25 April 2016. конс. 25 March 2016. Models built: Clio II, Logan, Sandero, Duster  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  12. „2004 Annual Report“ (PDF). Renault. 25 April 2005. стр. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 May 2013. конс. 28 January 2012.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  13. „Клио 2“ (Serbian). mlfree.com. 
  14. „Renault Clio“. Renault. Архивирано од изворникот на 15 July 2014. конс. 29 November 2012. Previous generations of Clio continue their careers across the world. Under the heading "Collection", Clio III is manufactured in the Flins (France) and Valladolid (Spain) plants. In Latin America, Clio II took advantage of a restyling to adopt the brand's new design identity. Revealed at the 2012 Sao Paulo Motor Show, this car is manufactured in Cordoba (Argentina). 
  15. „Gamme Véhicules Particuliers“. Renault France. Архивирано од изворникот на 26 March 2014. конс. 25 March 2016. 
  16. „Vehiculos Turismos“. Renault España. Архивирано од изворникот на 20 November 2014. конс. 25 March 2016. 
  17. 17,0 17,1 „Euro NCAP креш тест“. euroncap.com. 
  18. „Model lineup: Renault Lutecia presentation“ (Japanese). Renault Japon. конс. 12 November 2013. 
  19. „Рено клио 4“ (Serbian). autoportal.rs. конс. 16. 03. 2014. 
  20. „MLfree.com-Рено клио 4“. 
  21. „MLfree.com-Рено клио 4“. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]