Прејди на содржината

Ракајн (држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Координати: 19°30′N, 94°0′E

ရခုိင္‌ပ္ရည္‌နယ္‌
Аракан (Ракајн)

(rahkuing pranynai)

Главен град Ситуеј (Акјаб)
Регион Западен
Површина 36.780 km²
Население 3,188,807[1]
Народи Ракини, Бамари,Чини
Религија ислам, Будизам

Аракан или Ракајн (име кое повеќе се користи денес) е една од седумте држави во Мјанмар. Сменстена е на западниот брег и се граничи со Чин на север, Магве, Баго и Иравади на исток, Бенгалски Залив на запад и Бангладешката провинција Читагонг не северозапад.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името Ракајн (или Аракан) е развиен од Палискиот збор Rakkhapura или Санскритскиот Raksapura, што значи земја на народот Ракаса (Rakhasa > Rakkha > Rakhine) и самиот збор Ракајн значи тој што ја одржува својата раса.

Името "Аракан" низ историјата е користено во Бенгалскиот, Арапскиот, Португаскиот, и Англискиот како замена алтернативна замена за "Ракајн", кое било користено од домородното население.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во Аракан постојат 11 етнички групи (не вклучувајќи ги етничките под групи), од кои Ракините и Бамарите се домородни и најмногубројни. Поради големиот број на народи ситуацијата е покомплексна поради политичките тензии.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Аракан е поделен на 5 дистрикти: Ситуеј, Монгдоу, Батидаунг, Чокпру и Тендоу. Има 17 градски општини и 1,164 села.

Еконимија

[уреди | уреди извор]

Во Аракан годишно паѓа многу дожд и со тоа оризот е застапен во околу 85% од вкупната обработлибва површина. Кокосот и Нипа палмата се исто така важни. Рибарството е најважната индустриска гранка. Следи дрвната индустрија и рударството.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Извештај од пописот. Пописот на населението и домувањето во Мјанмар во 2014 година. 2. Непјидо: Министерство за имиграција и население. мај 2015. стр. 17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Административна поделба на Мјанмар Знамето на Бурма
Окрузи: Иравади | Баго | Магве | Мандалај | Сагаин | Танинтаји | Јангон
Држави: Чин | Качин | Каја | Карен | Мон | Ракајн | Шан
Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао
Самоуправувачки округ: Ва
Сојузна територија: Непјидо