Сагаин (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
စစ္‌ကုိင္‌း‌တုိင္‌း
Сагаин

(sackuing: tuing:)

Sagaingdivisionflag.png
Главен град Сагаин
Регион Централен северозападен
Површина 93.527 km²
Население 5,325,347[1]
Народи Бамари, Шани, Наги, Чини
Религија Будизам, Христијанство, анимизам
MyanmarSagaing.png

Сагаин е округ во Мјанмар кој е сместен во северозападниот дел на земјата и се наоѓа момеѓу латитудата 21° 30' север и лонгитудата 94° 97' исток . Се граничи со индиските држави Нагаланд и Манипур на север, и со Качин, Шан, и Мандалај на исток, Магве на југ и со реката Иравади во поголем дел ја формира источната и југоисточната граница со соседната Чин.

Географија и административна поделба[уреди | уреди извор]

Сагаин има повржина од 93.527 км2, и население (1996) од 5.300.000. Главен град е истоимениот Сагаин.

Сагаин е поделена на 198 квартови и градови, 38 градски општини,8 дистрикта како; Сагаин, Швебо, Монива, Ката, Кале, Таму, Мавлаик и Хкамти.

Демографија[уреди | уреди извор]

Бамарите (Бубманците) се мнозинсво во сувите региони и предели на провинцијата. Шаните се населени во долините на горниот дел на реката Чиндвин. Има и позабележителен дел он народот Нага, кои се населени во северните и северозападните планински предели и Чини кои се населени во југот на земјата. Има и две помали етнички групи како Каду и Гананг, кои живеат во во долините на реките Му и Меза.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјоделието зазема најголем процент во Сагаинската економија. Приматот го има оризот, па следи пченицата и сусамот. Исто така се одгледува и кикиритки, памук и тутун.

Постојат и доста рудници од кои се екплоатита злато, јаглен, сол а има и помали наоѓалишта и на Нафта. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и петрохемијата.

Историја[уреди | уреди извор]

Сагаин во 1315 година бил главен град на кралството на Шаните, после падот на Баган кога бил создаден политички вакуум во централна Бурма.

Главниот град Сагаин

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Извештај од пописот. Пописот на населението и домувањето во Мјанмар во 2014 година. 2. Непјидо: Министерство за имиграција и население. мај 2015. стр. 17.


Административна поделба на Мјанмар Знамето на Бурма
Окрузи: Flag of Ayeyarwaddy Division.svg Иравади | Flag of Bago Division.svg Баго | Flag of Magway Division.svg Магве | Flag of Mandalay Division.svg Мандалај | Flag of Sagaing Division.svg Сагаин | Flag of Tanintharyi Division.svg Танинтаји | Јангон
Држави: Flag of Chin State.svg Чин | Flag of Kachin State.svg Качин | Flag of Kayah State.svg Каја | Flag of Kayin State.svg Карен | Flag of Mon State.svg Мон | Flag of Rakhine.svg Ракајн | Flag of the Shan State.svg Шан
Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао
Самоуправувачки округ: Ва
Сојузна територија: Непјидо


Координати: 21°30′N, 95°37′E