Разговор со корисник:Raso mk/Архива 6

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Здраво Рашо, како си? Гледам вчера ја направи статијата за командантите на ОНА, а и јас имав некоја идеја за тоа. Сакам да те прашам дали ќе ги правиш, или повторно, како со Крушево да ти го земам редот:). Поздрав--Тиверополник (разговор)13:22, 25 декември 2010 (CET)[одговори]

Не е лошо сите учки да имаат статија. Јас за сите имам доста материјал. Но бидејќи навистина сум зафатен многу (барем до февруари сум на „викиодмор“), не е лошо да почнеш ти со нив ако имаш доста податоци. Ама најдобро е најпрво да се направи статија за УЧК. --Р ашо 13:35, 25 декември 2010 (CET)[одговори]
Добро, материјал имам како за една скромна статија. Бидејќи си на викиодмор, јас ќе започнам тоа што имам, па после ќе се дополнуваме. Поздрав и пријатен одмор--Тиверополник (разговор) 15:20, 25 декември 2010 (CET)[одговори]
Еве погледни ја статијата за Г’зим Острени што ја направив прееска. Мислам дека вака би требало да изгледаат сите. Најважна е конструкцијата на секоја од статиите и комплетната категоризација. Е па ајде да направиме сега статии за стотина Учки на википедија. Позз--Р ашо 16:29, 25 декември 2010 (CET)[одговори]

ОНА во статијата за Инфлација[уреди извор]

Здраво Рашо, не знам каде е проблемот, но кога ќе одам на статијата за Инфлација, под овој наслов ми се отвора текст за Муса Демири. Не знам каде е проблемот. Пред два дена темелно ја преуредив статијата за инфлација и се беше во ред. Вечерва, пак отидов на статијата, се беше супер, направив некои ситни технички поправки, но потоа, кога сакав да додадам некој текст, кликнав на статијата Инфлација и гледам внатре има текст за Демири. ГП(разговор) 21:35, 25 декември 2010 (CET)[одговори]

Некаде околу еден саат македонската википедија беше недостапна, односно имаше некои технички проблеми. Јас цело време пишувам за учката, а мене ми отвора статија за некое битолско село. Незнам дали промените ќе се вратат во нормала или ние ќе мораме сами да средуваме. Не е само статијата за инфлација, туку многу статии се пореметија. Позз--Р ашо 10:36, 26 декември 2010 (CET)[одговори]

Во Списокот на езера во Македонија ставив табели за вештачките и природните тектонски езера. За другите ќе ставам табела ама ти стави податови зошто не знам податоци за нив (освен ако има статија). Исто така слики фалат, па да средиме на тој план нешто :) Поз--Никола Стоіаноски13:45, 2 јануари 2011 (CET)[одговори]

Тие ледничките езера што имаат статии, имаат и податоци. Вметнувај. За другите ќе барам по книги.--Р ашо 15:31, 2 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ej, овој списоков не е целосен. Барав на Google Earth за да ја направам картата, ама знаеш уште колку вештачки или какви и да било езера не се ставени во статијата? Еден куп. Не можам да ја правам картата ако не е целосна листата. На пример Мантово не е вметнато и други како него. --Никола Стоіаноски 16:10, 2 јануари 2011 (CET)[одговори]

Референца[уреди извор]

Нема проблем, уште подобро. Случајно да ја има книгата на интернет, или пак некој сајт каде има податоци околу охридските архиепископи? Во иднина сакам да ги направам сите статии за охридските архиепископи, но за жал единствениот извор на преписка ми е од бугарската википедија. Доколку имаш нешто, те молам пиши ми. Среќна Нова Година--Тиверополник (разговор) 16:06, 2 јануари 2011 (CET)[одговори]

За жал незнам за некои страници со податоци. Ако има ќе ти кажам. Или мислам дека Македонската енциклопедија ги има опфатено и нив. --Р ашо 16:21, 2 јануари 2011 (CET)[одговори]
Фала ти, ќе разгледам дали ги има. Поздрав--Тиверополник (разговор) 16:25, 2 јануари 2011 (CET)[одговори]
И уште нешто. На страната за разговор ставај ги и овие шаблони: {{Сзр}} и {{ВикиПроект МПЦ}}--Р ашо 16:35, 2 јануари 2011 (CET)[одговори]

Слики од цркви во Македонија[уреди извор]

Почитуван пријателе Рашо, гледам дека имаме добра соработка околу статиите за црквите во Македонија, па сакав да те прашам нешто. Јас прикачив на Заедничката ризница една слика од Велес (од маалата Дервен, Прцорек, Поток од левата страна на Вардар) каде што се наоѓа црквата Света Богородица, па мислев дали ќе можеш да ја зумираш (кропираш) црквата, за да се направи една слика за во инфокутијата на страницата Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Велес. Еве ја сликата:

Велес-Црква Св.Богородица

- Марио Шаревски -Македонец (разговор) 17:57, 12 јануари 2011 (CET)[одговори]

Средено, исто како и статијата. Поздрав--Р ашо 18:53, 12 јануари 2011 (CET)[одговори]
Одлично! Продолжуваме со уредување на овој тип статии за црквите низ Македонија! Голем поздрав! - Марио Шаревски - Македонец(разговор) 19:05, 12 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ако немаш други слики, барај на комонс и прави статии. Јас сите цркви ги категоризирав таму (има скоро 300), само треба да се прават статии на википедија. Јас морам прво да ги завршам сите цркви во тетовско, па одам на гостиварско. А плус тоа имам уште илјадници слики за подигање. Позз и пријатна работа--Р ашо 19:16, 12 јануари 2011 (CET)[одговори]

Категорија[уреди извор]

Здраво Рашо, како си? Според тебе, дали треба да се избрише Категорија:Храмови посветени на Свети Спас, бидејќи малку е нелогичен изразот.--Тиверополник (разговор) 12:30, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]

Св. Спас, всушност е Вознесение Христово, и треба да се брише. Тој поим не може да биде во категориите. Додека во насловите може, бидејќи во некои села само така е познат.--Р ашо 12:32, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]
Добро, ќе средам--Тиверополник (разговор) 12:47, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]

Археолошки локалитети[уреди извор]

Здраво Рашо. Ќе можеш ли ако имаш материјали за археолошките локалитети да ми пратиш, бидејќи и јас сум заинтересиран околу уредувањето на овие статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:11, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Важи, нема проблем. Но прво да направиме список и шаблони за општините, па после можеш да креираш нови статии. Мислам ако се согласуваш.--Р ашо 22:18, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Се согласувам. Во последните неколку месеци немав многу време за да уредувам и мојата активност главно вклучуваше одржување на порталите. Сега решив да се посветам малку и на збогатувањето на содржините со помасовно уредување на статии, а и одамна немам работено со тебе заедно на проект. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:23, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Сега ќе ти пратам еден материјал по мејл. И веднаш ќе направам една статија за локалитет и ти би требало по истиоп принцип да ги креираш и другите. Позз--Р ашо 22:29, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Јас ќе се трудам што е можно повеќе да не изгледаат како никулци. Добро е да има секции „поврзано“ или надворешни врски. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:31, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
A јас пак освен податоците со кои располагам, се трудам и да гуглам за нив и да дополнувам со информации, надв. врски и наводи.--Р ашо 22:32, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Добро е да се најде некој добар извор од кој ќе се вметне некој податок плус, но како што ми има кажано Arwena, нема ништо за нив на Интернет, па документот во Word е единствено нешто во врска со нив.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:40, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Јас за голем дел сум нашол на интернет, по е-весници и сл. Знаеш, диви копачи, сквернавења бла бла. Дали го доби мејлот.--Р ашо 22:42, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]
Извини, но за жал немам добиено ништо. Ќе може ли уште еднаш да го испратиш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:03, 25 јануари 2011 (CET)[одговори]

Најискрено се извинувам за сите слики што ги ставив а што не се мои А дали може да ставам слики од Google Earth за статиите поврзани со езерата, реките, морињата? Да ти кажам право и мене ми беше малце незгодно кога ги ставав :D Ако ВикипедијА ми го дозволува погоре напишаното тогаш сите слики за реките и езерата избришете ми ги јас ќе се потрудам сите слики што ќе ги ставам, или да бидат од ризницата, или сам да ги направам. Доколку не барем ги имате главните информации за статиите што ги направив :D Поздрав --2z (разговор) 23:06, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Не се мачите јас до утре сигурно ќе ги избришам сите слики што не се мои и ќе ги закачам оние од ризницата ;)--2z (разговор) 23:15, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

па да де на тоа мислев :D

нема проблем ;)

Уште Нешто[уреди извор]

Затоа што јас тренирам кајакарство како да ставам „Овој корисник е кајакар“ во корисничките кутии пробав со една слика од ризницата ама нејќе. помош?

Важно!![уреди извор]

Уредив една страна за Ники Минаџ и не пишуваше дека има промена во исчекување и на една страна-никулец ми пишуваше прифати ја оваа страница. Дали ова значи дека јас сум некаков оценувач, уредувач или само моите статии ќе бидат автопотврдени? Поздрав --2z (разговор) 15:28, 25 јануари 2011 (CET)[одговори]

Черноземски[уреди извор]

Това што беше. Черноземски е непобитен Българин од Родопите. Без никаков поздрав! Jingiby (разговор) 09:39, 13 февруари 2011 (CET)[одговори]

Извини, но българите се ревертираат по дифолт. Википедиска маана. ;)--Р ашо 10:56, 13 февруари 2011 (CET)[одговори]

Ве молам без вандализми[уреди извор]

Ве молам без вандализми. Има страница за разговор, ако сакате да коментирате нешто. --Стан (разговор) 17:01, 13 февруари 2011 (CET)[одговори]

Истото се однесува и на Вас. И ќе ве молам без несоодветни настојувања и започнувања на уредувачки војни. --Р ашо 17:04, 13 февруари 2011 (CET)[одговори]
Кога се бришат факти поддржани со извори - тоа е вандализам. Убаво е, пред да вандализирате, да дискутирате работите. Не може од иста книга, една реченица да може да биде во статијата, а друга брутално да се вандализира, без дискусија. Запознајте се со правилата на Википедија.--Стан (разговор) 17:55, 13 февруари 2011 (CET)[одговори]
Твојата компетенција за моите знаења на правилата на википедија е ништожна.--Р ашо 18:02, 13 февруари 2011 (CET)[одговори]

Здраво Рашо дали би можело да се вметне овој дел во статијата за Марко, по барање на Стан, Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивскиот институт на Бугарската академија на науките во Софија [1], информацијата е корисна и може на некој да му се најде, поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 23:59, 14 февруари 2011 (CET)[одговори]

Слободно вметни го тој пасус.--Р ашо 00:10, 15 февруари 2011 (CET)[одговори]

Сакрална населба[уреди извор]

Здраво Рашо. Археолошкиот локалитет Беговиште, чијашто статија ја уредив пред малку, претставува сакрална населба, а таков симбол во легендата не постои. Алтернативни решенија кои ги имам на ум се сакрален објект и населба, но сакав да се посоветувам и со тебе. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:35, 15 февруари 2011 (CET)[одговори]

Забележав! Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:36, 15 февруари 2011 (CET)[одговори]


Ве молам без вандализми[уреди извор]

Ве молам без вандализми. Има страница за разговор, ако сакате да коментирате нешто. --Стан (разговор) 19:59, 17 февруари 2011 (CET)[одговори]

Што имаш предвид под "втора рака"? --Стан (разговор) 21:57, 17 февруари 2011 (CET)[одговори]

Secondary sources are second-hand accounts......--Р ашо 22:04, 17 февруари 2011 (CET)[одговори]

Како оваа категорија ти личи на иредентзъм, на што ти личат следните категории и шаблон.

  1. Категорија:Градови во Пиринска Македонија
  2. Категорија:Села во Пиринска Македонија
  3. Категорија:Општини во Пиринска Македонија
  4. Шаблон:Инфокутија Општини во Пиринска Македонија
  5. Шаблон:Инфокутија за село во Пиринска Македонија

Поздрав! --Стан (разговор) 23:04, 17 февруари 2011 (CET)[одговори]

Правени се според бугарски модел, т.е. јасно да ги дефинираат границите на толку фамозниот регион Македонија. Така што кога ќе соберешКатегорија:Села во Пиринска Македонија + Категорија:Села во Егејска Македонија + Категорија:Села во Република Македонија =Категорија:Села во Македонија. Тоа е нешто што го правите вие на т.н. бугарска вики. Поздрави--Р ашо 23:14, 17 февруари 2011 (CET)[одговори]
Дали си сигурен? Ајде да видиме како се нештата навистина.
Еве ти ги категориите:
mk Категорија:Села во Пиринска Македонија
и останатите
Еве ги шаблоните:
mk Крстилци
и во другите википедии:
еве како е со макеоднските села
Некаде овде да видуваш шаблон "Села во Вардарска Македонија (денешна Република Македонија)" ?
--Стан (разговор) 12:47, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]

Категоризација[уреди извор]

Почнав да оправям категориите според, принципите кои рече погоре. Проблемот е дека многу категории се напишани и географски и административно и ќе треба малку повеќе работа. --Стан (разговор) 13:25, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]

Здраво Рашо, како си? Пишувам за поранешни членови на ОНА, па доколку си во тек, можеш ли да ми кажеш дали Иса Лика е истиот оној кој бил убиен во 2006 година во некоја престрелка (ова го најдов од гуугле). Поздрав--Тиверополник (разговор)16:59, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]

Да, тој е. Свиткан бил во Октомври 2006.--Р ашо 18:05, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]
Фала Рашо на податокот. Поздрав--Тиверополник (разговор) 23:48, 18 февруари 2011 (CET)[одговори]

Уште едно големо благодарам што ме следиш и поправаш. Поздрав--Тиверополник (разговор)21:59, 20 февруари 2011 (CET)[одговори]

Среќа шро имам познавање од шиптарската транскрипција, па ги ставам имињата. Инаку додавам и некои ситни работи. Ти само продолжи. Инаку искрено кога ја читам таа книгата за УЧК од Петрит Менај ми се ствара некое гадење. Која пропаганда, ејјј--Р ашо 22:03, 20 февруари 2011 (CET)[одговори]
Славомакедонскиот непријател... Ха, но многу корисна книга од друга страна... Треба да се прочита детално па да се стави нешто од неа... Впрочем, доколку имаш нешто слично, те молам кажи ми каде да барам на нет. бидејќи би сакал да направам една скромна статија за ОНА. Колку за информација, доколку си овде, гледај за 10 минути ќе има на канал5 емисија за војната. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:22, 20 февруари 2011 (CET)[одговори]
Па ги имам твата тома во .pdf формат. Мислам дека на страната на сорос македонија ќе најдеш на интересни публикации. Ако најдам нешто интересно, ќе ти пуштам по мејл. Btw, гротото македонски канали ги имам на сателитска, меѓу кои и Канал 5. И ако мислиш на Код, чекам и јас. Поздрав--Р ашо 22:26, 20 февруари 2011 (CET)[одговори]
Ок, фала. Поздрав...--Тиверополник (разговор) 22:27, 20 февруари 2011 (CET)[одговори]

Национален фунбалски тим[уреди извор]

Здраво Рашо. Сакав да напоменам дека „национален фунбалски тим“ е чист англицизам. Кај нас секогаш се вели „фунбалска репрезентација на X“, а истото е случај кај разни други јазици, самиот можеш да забележиш. Имав на ум одамна да ги пренасочувам и исправам сите тие статии, само што до сега не најдов време за нив. Исто така тим е сосем погрешно, кај нас се вика „екипа“. Тоа што се користи на други места да не те буни бидејќи тоа е од чиста мрза, а тоа, како што знаеме, не е прифатливо на Википедија. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:23, 19 февруари 2011 (CET)[одговори]

Јас само именувам според веќе постоечките шаблони. Самите шаблони така налагаат. Треба од таму и да се почне.--Р ашо 11:28, 19 февруари 2011 (CET)[одговори]

Како ја направи та финтата со „Наводи“ пишувам нишшто не ми излегува. Помош? пОЗЗ--2z (разговор) 00:08, 21 февруари 2011 (CET)[одговори]

Наводите стојат низ самиот текст и во суштина само се префрлаат во оригинална форма (ОК, можеш и да ги вреведиш на некој начит, имињата и сл.) Се наоѓаат секаде низ текстовите кои изгледаат вака: <ref>Source name, access date, etc.</ref>. И тоа е тоа. И уште нешто. Кога правиш статија, потруди се почетниот дел да изгледа повеќе енциклопедиски,т.е. да има убав вовед, и да е се подетално опишано. И на разговор на секоја статија ставај го овој шаблон: {{Сзр}}. Позз--Рашо 00:15, 21 февруари 2011 (CET)[одговори]

Археолошки локалитети[уреди извор]

Здраво Рашо. Забележав дека во некои статии има лични имиња, па дури и во нивните наслови. Знам дека во некој случај се мора, но добро би било доколку се избегнува тоа. Инаку, ако имаш материјали, може да ги распределиме и по некои други корисници, со цел да се забрза работата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:15, 27 февруари 2011 (CET)[одговори]

Избегнувам имиња во статиите. Па наместо во нивата на Митре, пишувам во приватна нива. Но во насловот за жал мора, бидејќи тоа е официјалното име и така е заведено во археолошките карти. Инаку ова го правам од љубов и мислам дека сите статии ќе ги направам сам. Не ми се брза....--Р ашо 11:19, 27 февруари 2011 (CET)[одговори]
Ок е тоа. И мене ми е интересно, но мислев ако би можеле да ги вклучиме и Николче и Тиверополник.--Kiril Simeonovski(разговор) 11:30, 27 февруари 2011 (CET)[одговори]
P.S. Тиверополник мислам дека би бил заинтересиран за струмичко.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:31, 27 февруари 2011 (CET)[одговори]
За Тивер сум сигурен, но Никола не е заинтересиран. (знам,сум го прашал).--Р ашо 11:46, 27 февруари 2011 (CET)[одговори]

знам :D

за Доленци[уреди извор]

Здраво Рашо,те молам направи ревизија на Доленци http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%94%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8_(%D0%94%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE)&stable=0&redirect=no Благодарам и поздрав, Антонио Брсјачки

Инфокутија за манастири[уреди извор]

Здраво Рашо, би сакал да те прашам, дали инфокутијата што ја постави за Марковиот манастир, да се користи за манастири, а таа жолтата да си остане само за цркви? - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 20:36, 19 март 2011 (CET)[одговори]

Да, таа е за манастири, додека жолтата е само за цркви. И извини вака што си чепкам по статијата, но ме заинересира историјата на манастирот. Ако сакаш да ја направиме обемна како таа за Лешочкиот, па да ја избереме за избрана статија. Ајде јас ќе побарам да направам некои статии за манастирската литература.--Р ашо 20:42, 19 март 2011 (CET)[одговори]
Нема потреба од извинување! Таман работа! Како Македонци, должност ни е да дополнуваме и шириме информации за македонското културно и историско богатство. Би сакал да ја направиме што поголема и пообемна со многу податоци и слики! Исто така бидејќи слабо стојам со техника, можеш истава инфокутија да ја ставиш и за Шишевскиот и за други манастири. Многу ти благодарам и поздрав! - Марио Шаревски - Македонец(разговор) 20:46, 19 март 2011 (CET)[одговори]
Нема проблем, ќе ја ставам инфокутијата. Инаку имам доста литература за средновековните ракописи од овој манастир, но на англиски се. Да преведувам и пишувам, а од друга страна ме чекаат уште тие неколку илјади статии за археолошките локалитети. ;)--Р ашо 20:56, 19 март 2011 (CET)[одговори]

Транскрипција[уреди извор]

Здраво Рашо, како си? Сакам да направам [1] од либиската војна, но претходно сакам да провериш дали се соодветно преведени на градовите во соодветната статија. ПоздраВ--Тиверополник (разговор) 14:48, 20 март 2011 (CET)[одговори]

Здраво Тивер. Еве гледам дека мојот портпарол Никола интервенирал пред мене.--Р ашо 17:31, 20 март 2011 (CET)[одговори]

Слободно[уреди извор]

се што има слика 2z избриши ако можеш. Позз --Vasil1234 (разговор) 16:07, 20 март 2011 (CET)[одговори]

Прашање[уреди извор]

што е тоа HotCat? го видов и кај тебе и кај Рашо? --Vasil1234 (разговор) 00:17, 21 март 2011 (CET)[одговори]

Па Рашо сум јас ;)))))--Р ашо 00:21, 21 март 2011 (CET) П.С. Еве ти објаснување[2]. BTW тоа е алатка за брзо вметнување на категории[одговори]

Љубе Трпески[уреди извор]

Здраво Рашо. Ќе те замолам во статијата за Љубе Трпески да ставиш негова фотографија. Се обидов, но никако не се снаоѓам со оние правила во врска со авторството на фотографиите. Бидејќи не сакам да кршам авторски права, се откажав од моите обиди, па ќе те замолам тоа да го направиш ти. Фала многу. ГП (разговор) 01:07, 21 март 2011 (CET)[одговори]

Археомак 2.0[уреди извор]

Картата ја сменив, сега е празна, т.е. општонаменска наместо физичка. Се надевам дека ти се допаднаа сите икони што ги векторизирав. Сега се со убав визуелен калитет, а и немаат позадини и затоа се погодни за на карта. Имаше доста работа, ама се исплати. Гледам дека има наведено и други икони што досега не се подигнати. Ако ми ги дадете, ќе ги векторизирам и нив. Има статии со карти кајшто иконите недостасуваат, т.е. на картата стои црвена врска наместо икона. Овие се очигледно најитни. Секако, јас немам право на избор на икони бидејќи знам дека Брест ги зема од некаде, согласно македонските стандарди на знаци. Поздрав! --Б. Јанкулоски(разговор) 00:01, 26 март 2011 (CET)[одговори]

Идеа околу црквите и манастирите во селата низ Македонија[уреди извор]

Рашо, ми дојде една идеа околу уредувањето на статиите за селата низ Македонија, односно околу делот за црковните храмови и манастирите кои се наоѓаат во нив. Мислам дека би било добро тие да бидат во посебен пододдел „Цркви и манастири“ во рамките на одделот „Природни и културни знаменитости“ (или „Општествени институции“). На тој начин тие ќе стојат како пододдел и во содржината, па секој посетител ќе може веднаш да кликне во кутијата за содржина и да дојде до делот за црквата или манастирот во селото. Што мислиш за оваа идеа? Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 14:58, 27 март 2011 (CEST)[одговори]

Ќе ставаме само за тие места што имаат. :) Голем поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 15:08, 27 март 2011 (CEST)[одговори]
Интересно! Прекрасно! По кој знае кој пат се докажува дека нашите симболи не се од вчера или завчера, туку ги има тука од многу, многу одамна. Тивки се и „не креваат врева“, но тука се за да кажат и немо да сведочат ;) :) - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 15:35, 28 март 2011 (CEST)[одговори]
Рашо, пријателе, имам една молба (малку надвор од темава, ама да не отворам ново заглавие). Ај ако можеш среди ги наводите на статијата Кадина Река, бидејќи се 16 на број и тоа делчето наводи е огромно. Јас технички не знам како да го средам тоа, па те замолувам ако можеш да го направиш тоа некако. Ти благодарам многу! Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 18:22, 29 март 2011 (CEST)[одговори]

Симболи за гробови[уреди извор]

Здраво Рашо. Католичкиот и православниот крст што ги предложи се проблематични. Католичкиот што го гледам не е ни католички, туку протестантски, и тоа од келтско потекло, така што тоа може да се однесува само ако имаме карти на Ирска или Америка. Православниот крст, иако насекаде се нарекува „правоаславен“, е всушност руски (и околните земји) и не се среќава кај нас, па затоа нема никаква логика да стои на наши карти. Нашиот карактеристичен крст е оној чии краци завршуваат во облик на детелина (има хералдичко име, сега не ми текнува) и мислам да го ставам тој. За католички, искрено не знам што ќе правиме. Треба да разгледам и да видам дали има некои својствени крстови. Најкарактеристичен крст на католицизмот е распетието, но не знам колку би било графички препознатливо ако е црна контура во толку мал формат.

Коментар  Конечно ги решив крстовите. Еве ги на увид. --Б. Јанкулоски(разговор) 02:01, 28 март 2011 (CEST)[одговори]

Преработка на картата[уреди извор]

Сторено. Со граници, без региони и со километража и координати кај рабовите. Еве како изгледа во шаблон. Ова мислев и самиот да го направам, ама гледам дека ме претрка со идејата :) Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 03:22, 29 март 2011 (CEST)[одговори]

Уредувања на нови корисници[уреди извор]

Здраво Рашо. Во последно време, многу нови корисници се жалат на бришење на необјасниво бришење на нивните уредувања и бирократските правила на Википедија на македонски јазик. Во овој случај, корисникот имаше повеќе уредувања за краток временски период, при што секо наредно беше на некој начин подобрување од претходното. Не сакам да се ставам во ситуација некој да ме критикува, бидејќи применувам бирократски принципи за да ги отстранувам туѓите уредувања, па затоа го одобрив уредувањето. Освен тоа, уредувањето не беше вандализам, па да мора да се отстрани, туку само обично уредување на нов корисник, коешто доколку некој не го одобри може да предизвика проблем околу слободата во уредувањето. Заради тоа сметам дека е потребна поголема флексибилност и обично ваквите групни уредувања од ангажираните нови корисници ги одобрувам. Поздрав.--Kiril Simeonovski(разговор) 23:43, 5 април 2011 (CEST)[одговори]

Рашо, не знам која е причината, но денес примив и порака од корисникот за одобрување на содржините во статијата. Ги проследив сите уредувања и забележав подобрување во некои делови. Единствено треба да се објасни дека треба да се создадат внатрешни наместо надворешни врски. Нема никаква потреба од отстранување на уредувања и придржување кон строгите правила, бидејќи на крајот на краиштата го имаме добронамерното правило „Игнорирајте ги сите правила“, кое соврешно може да се примени во овој случај, со цел да се задржи корисникот.:) Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:05, 6 април 2011 (CEST)[одговори]
Во право си, но според мене Википедија се подобрува само доколку има повеќе активни корисници и повеќе читатели. Техничкиот квалитет е привидна големина.:) Лека ноќ.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:15, 6 април 2011 (CEST)[одговори]

Проверки[уреди извор]

Не ми е јасно зошто тоа го правиш, и тоа од две причини. Прво, јас сум автооценувач и автопатролер, исто како тебе, што значи дека моите измени автоматски се обележуваат како проверени. Второ, и без тоа, секогаш по навика и бездруго ги стискам како проверени сите страници што ќе ги изменам, исто како што правиш ти. Впрочем, која е целта да сме „авто-“ било што ако не работи? Зошто сепак ти покажува така, не ми е јасно.--Б. Јанкулоски (разговор) 21:49, 12 април 2011 (CEST)[одговори]

За уредувањата[уреди извор]

Здраво. Во последно време (или мене барем така ми се чини) има голем број нови уредувачи на македонската Википедија кои поставуваат статии или ги прошируваат веќе постоечките што најчесто се преведени од англиската Википедија. Меѓутоа, забележувам дека комплетно не ги спазуваат правилата, односно нема интервики, категории, наводи и сл. за новите статии, или пак ако веќе прошируваат постоечки кои претходно имале инфокутии, интервикија, категориии и сл. ги пребришуваат и ставаат свои текстови со кои претходните уредувања, што колку толку биле во ред, се влошуваат. Забележав дека пред малку имаше одобрување на статаијата за Франкфурт на Мајна, што е еден пример за кој зборувам. Таман мислев да почнам да ја средувам, ама забележвам дека има уште десетина слични. Навистрина не знам дали да ги одобрам такви какви што се, или да се вараќам назад и да ги доуредувам една по една. Тоа би било Сизифов труд, а и не знам далипосле некој нов нема пак да дојде и да уништи тоа што сум го работел. Твое мислење? Поздрав! Ajta(разговор) 20:58, 31 мај 2011 (CEST)[одговори]

Здраво. Еве и јас дури сега забележав за овие активности, бидејќи не бев активен на википедија повеќе од еден месец. Статиите треба да се средуваат. Ако сметаш дека некоја страница треба да се среди, најдобро е да почекаш „новајлијата“ да ја заврши. Новите корисници масовно прават статии на кои треба да им се посвети големо влијание. Еве јас се обидувам да ги средам колку што можам. Поздрав--Р ашо 21:12, 31 мај 2011 (CEST)[одговори]

Ре:Избори[уреди извор]

Здраво Рашо... Бидејќи бев зафатен последниот час, гледам дека ја средуваш. /нема проблем, продолжи, јас ќе те следам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 14:48, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Ре:За сликите[уреди извор]

Во ред е, мислев дека важи само за на Комонс, ама штом и тука е истото правило ќе го почитувам. Веројатно за починатите не важи?! Овие што се живи ќе ги ставиме после дваесет-триесет години (од објективни причини) ;). Благодарам. Поздрав и за тебе. --Ajta (разговор) 12:56, 19 јуни 2011 (CEST)[одговори]

  1. "Актан Аго - Турските јазични елементи во јазикот на Марко Цепенков", Логос-А, Скопје, 2006, стр. 15