Предраг Ѓорѓевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓевиќ со Олимпијакос во 2008 година

Предраг Ѓорѓевиќ (роден на 4 август 1972 година) е поранешен српско-грчки професионален фудбалер.

Ѓорѓевиќ играл на позицијата играч од средниот ред на левата страна. За грчкиот клуб Олимпијакос настапувал цели 13 години, со што станал најдобар странски стрелец на екипата на Олимпијакос. Тој во просек постигнувал гол на секои три првенствени натпревари, и секако бил симбол на „Златното време“ на Олимпијакос од 12 години. Олимпијакос во тој период имал освоено 12 шампионски трофеи за период од 13 години. Ѓорѓевиќ бил признат како еден од најголемите странски играчи кои играле во Грција. Тој играл и за репрезентацијата на Србија и Црна Гора (поранешна СР Југославија). За таа репрезентација одиграл 37 натпревари и постигнал 1 гол. Тој настапил за својата земја на Светското првенство во фудбал во Германија во 2006 година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетна кариера[уреди | уреди извор]

Откако ја започнал својата кариера во младинскиот погон на екипата на Раднички од Крагуевац, талентот на Ѓорѓевиќ бил забележан од луѓето задолжени за следење на млади таленти на клубот Црвена ѕвезда од Белград. Со овој клуб потпишал договор, но набрзо бил испратен како позајмен играч во екипата на Спартак од Суботица. Ѓорѓевиќ во 1993 година првпат се преселил во Грција за да игра за третоличашот Панилијакос. Тој бил главна фигура во тимот бидејќи клубот од Пиргос постигнувал последователни квалификации во погорните лиги. Ѓорѓевиќ својот прв натпревар во Грчкото првенство го имал на 27 август 1995 година.[1]

Олимпијакос[уреди | уреди извор]

Ѓорѓевиќ пристигнал во клубот на Олимпијакос од тимот на Панилијакос заедно со играчот Стелиос Ѕанакопулос во 1996 година. Тренерот Душан Бајевиќ исто така потпишал за Олимпијакос во летото 1996 година, оставајќи го клубот на на АЕК од Атина. Ѓорѓевиќ многу брзо се етаблирал како еден од најдобрите играчи. Ги изведувал пеналите и бил вистински лидер. Заедно со гркот Григорис Георгатос, формирале извонреден тандем по левата страна на Олимпијакос. Тие биле каталитички фактор за Олимпијакос кога се квалификувале во четврт-финалето на УЕФА Лигата на шампионите 1998-99. Во првите пет сезони во Олимпијакос, Ѓорѓевиќ постигнал вкупно 50 голови, од кои сите донеле титули за клубот. Следувала уште една одлична сезона во дресот на црвено-белите од Пиреја во 2002-03, кога Ѓорѓевиќ постигнал 14 првенствени голови и 15 асистенции. Постигнал одлична форма во Лигата на шампионите на УЕФА, постигнувајќи четири гола во шест одиграни натпревари. Во овие 4 гола се вметнати и оние од хет-трик против екипата на Баер Леверкузен (6:2). Во 2003–04 година, Ѓорѓевиќ постигнал 10 гола и 22 асистенции и бил избран за најдобар странски играч во грчкото првенство Алфа етники (Прво државно).

Во сезоната 2004–05, тој ги пропуштил првите три натпревари на неговиот клуб во Лигата на шампионите поради повреда, но се вратил за да го постигне победничкиот гол против екипата на Депортиво од Ла Коруња. Тој бил капитен на својата екипа на сите четири натпревари од Купот на УЕФА, постигнувајќи гол против составот на Њукасл Јунајтед. Го предводел Олимпијакос до освојувањето на двојната круна настапувајќи на 25 лигашки натпревари, постигнувајќи пет гола и остварувајќи шест асистенции. На крајот на сезоната тој потпишал двегодишно продолжување на договорот.

Неверојатно, сезоната 2005–06 година била најпродуктивната сезона на 34-годишниот Ѓорѓевиќ, кога пропуштил само еден натпревар во грчката национална А дивизија и бил водечки на листата на стрелци на клубот со 15 гола и достигнувајќи вкупно 110 во тоа натпреварување. Шлагот на тортата било неговото појавување тоа лето во 2006 година во Германија на Светското првенство во фудбал.

Друг важен период за Ѓорѓевиќ бил во сезоната 2006–07, која ќе се покаже како сезона за соборување на рекорди. Повторно постигнувал клучни голови за својот клуб. Ѓорѓевиќ не само што ја продолжил својата гол-серија против ривалите на Олимпијакос како што е тимот на АЕК Атина, туку и додал уште еден трофеј од грчката лига. Заедно со Георгиос Анатолакис, тоа било 10то првенство како капитен на тимот што го правело единствениот странски играч во Грција што постигнал таков подвиг.

Сезоната 2007-2008 уште еднаш се покажала како успешна за капитенот на Олимпијакос бидејќи предводел тим со нов изглед кон успесите на УЕФА Лигата на шампионите. Поразувајќи ги клубовите наВердер од Бремен и Лацио од Рим, Олимпијакос завршил со исти бодови како лидерот во групата Реал Мадрид и ја забележал својата прва победа во Лигата на шампионите на гостински терен во целокупната историја. Ѓорѓевиќ одиграл клучна улога при влезот на грчкиот клуб во нокаут фазата по втор пат во нивната историја. Групната фаза Ѓорѓевик ја завршил со вкупно четири асистенции и со тој резултат го заземал првото место на турнирот.[2] Како резултат на неговата одлична форма и во Европа и во грчката Суперлига, Ѓорѓевиќ, кој требало да се пензионира на крајот од сезоната 2008, сепак го продолжил договорот за уште една година.

На 30 март 2009 година, Ѓорѓевиќ објавил дека одлучил да ја заврши својата кариера како фудбалер и тоа до крајот на тековната сезоната, откако поминал 13 години од неговите 20 години како професионален фудбалер, во тимот на Олимпијакос од Пиреја.[3]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Ѓорѓевиќ својот прв натпревар за репрезентацијата на тогашна СР Југославија го одиграл во месец септември 1998 година против репрезентацијата на Швајцарија. Тој настапил во квалификациите за УЕФА ЕВРО 2000, но не влегол во тимот за самото првенство. Исто така, настапувал во квалификациите за УЕФА ЕВРО 2004, иако Србија и Црна Гора не успеала да се квалификува за Португалија.Тој бил клучен играч од квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2006 година. Ѓорѓевиќ играл на сите натпревари за селекцијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство. Во групата Ц со Аргентина, Холандија и Брегот на Слоновата Коска, Србија и Црна Гора ги загубила сите три натпревари.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Ѓорѓевиќ е оженет со жена со грчко потекло од градот Пиргос, првиот град во Грција во кој живеел и играл фудбал.[4] Тој има и српско и грчко државјанство.

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувања
Клуб Сезона Лигашки натпревари
Лига Натпревари Голови
Спартак Суботица (како позајмен играч) 1991–92 Југословенска прва лига 25 3
Црвена ѕвезда од Белград 1992–93 Првата лига на Србија и Црна Гора 5 0
Панилијакос[5] 1992–93 Гама Етники 22 8
1993–94 Гама Етники 33 13
1994–95 Бета Етники 33 10
1995–96 Алфа Етиники 31 2
Вкупно 119 33
Олимпијакос 1996–97 Суперлига Грција 18 4
1997–98 Суперлига Грција 33 12
1998–99 година Суперлига Грција 30 8
1999–2000 година Суперлига Грција 30 12
2000–01 Суперлига Грција 25 14
2001–02 Суперлига Грција 23 13
2002–03 Суперлига Грција 29 14
2003–04 Суперлига Грција 25 10
2004–05 Суперлига Грција 25 5
2005–06 Суперлига Грција 29 15
2006–07 Суперлига Грција 25 7
2007–08 Суперлига Грција 27 10
2008–09 Суперлига Грција 24 2
Вкупно 343 126
Вкупно во кариерата 492 162

Меѓународна статистика[уреди | уреди извор]

Настапи и голови во репрезентација по година
Репрезентација Година Натпревари Голови
СР Југославија 1998 година 2 0
1999 година 0 0
2000 година 6 0
2001 година 7 1
2002 година 6 0
Србија и Црна Гора 2003 година 2 0
2004 година 1 0
2005 година 8 0
2006 година 5 0
Вкупно 37 1

Признанија[уреди | уреди извор]

Клубски признанија[уреди | уреди извор]

Панилијакос

  • Освоена е Бета Етники лигата: 1994–95
  • Освоена е Гама Етники лигата: 1993–94

Олимпијакос

  • Освоена е Суперлигата на Грција (12): 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2000-01, 2001-02, 2002-03, 2004-05, 2005-06, 2006-07, 2007-08, 2008–09
  • Освоен е Купот на Грција (5): 1998–99, 2004–05, 2005–06, 2007–08, 2008–09

Индивидуални признанија[уреди | уреди извор]

  • Прогласен е во Грчкото првенство за Странски фудбалер на годината: 2000–01, 2001–02, 2002–03

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „PREDRAG DJORDJEVIC profile“. olympiakos.gr. Архивирано од изворникот на 23 February 2009. Посетено на 30 March 2009.
  2. uefa.com – UEFA Champions League – Statistics Архивирано на 6 февруари 2008 г.
  3. Δήλωση του Αρχηγού της ομάδας μας ΠΡΕΝΤΡΑΓΚ ΤΖΟΡΤΖΕΒΙΤΣ (грчки). olympiakos.gr. 30 March 2009. Посетено на 30 March 2009.
  4. Τζόρτζεβιτς: "Υπάρχει διαφορά, αλλά δεν είναι ασφαλείας" (грчки). contra.gr. Архивирано од изворникот на 2009-04-16. Посетено на 30 March 2009.
  5. „Foreign Players in Greece 1999/00-2001/02“. rsssf.com.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]