Предел (седло)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Предел
Predel IMG 0910 l.jpg
Поглед на превојот од Пирин
Надм. вис.1.140 м
ПатII-19
МестоОпштина Симитли и Општина Мехомија, Пиринска Македонија
Венецпомеѓу Пирин и Рила
Координати41°53′49″ N; 23°19′01″ E / 41.8969° СГШ; 23.3169° ИГД / 41.8969; 23.3169Координати: 41°53′49″ N; 23°19′01″ E / 41.8969° СГШ; 23.3169° ИГД / 41.8969; 23.3169
Предел is located in Пиринска Македонија
Предел
Предел
Местоположба на Предел во Пиринска Македонија

Пределпланинско седло и превој меѓу планините Пирин на југ Рила на север во Општина Симитли и Општина Мехомија, Пиринска Македонија.

Превојот е долг 20 км, а седлото се наоѓа на надморска висина од е 1.140 м. Тој ја поврзува долината на реката Струма на запад со Разлошката Котлина на исток. Почнува североисточно од селото Градево, кај распатницата за Долно Осеново, на 531 м.н.в. и се насочува кон исток-југоисток, нагоре по долината на река Еловица (лева притока на Градевска Река од сливот на Струма). По 12,9 км превојот стасува до седлото на 1.140 м.н.в. и почнува да се спушта на исток по долината на реката Раблево (лева притока на Исток од сливот на Места). По 7,1 км западно од градот Мехомија (Разлог) се симнува во најзападниот дел на Разлошката Котлина и завршува на 890 м.н.в.[1]

Во подрачјето на седлото са изградени преку десет одморишта кои нудат повеќе од 1.000 легла. Има скијачка патека наречена „Кулиното“, долга 1.300 м. Почнувајќи од 1965 г. во месноста се одржува фолклорниот фестивал „Пирин пее“ во кој се натпејуваат фолклорни групи од разни краишта. Предел има историско значење со тоа што тука во октомври 1878 г. започнало Македонското востание насочено против Берлинскиот конгрес.

Низ превојот и седлото минува делница на второкласниот Републички пат II-19 (од 12,5 до 32,5. км) СимитлиБанскоНеврокоп (Г. Делчев) – ГП „Либјахово - Вазме“. Поради важното сообраќајната и стратешка важност на превојот, патот се одржува преку целата година. Во 2005 г. се направени поправки и проширување на патот поради зголемениот сообраќај кон одморалишното гратче Банско.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 388.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]