Предавања за естетиката
„Предавања за естетиката“ (германски: Vorlesungen über die Ästhetik) — збирка белешки од предавања на Георг Вилхелм Фридрих Хегел на тема естетика на студентите на Хајделбершкиот универзитет во 1818 г. и Берлинскиот универзитет во 1820/21, 1823, 1826 и 1828/29 г. Составена е во 1835 г. од неговиот студент Хајнрих Густав Хото и ги опфаќа белешките на Хегел и оние на студентите направени во текот на предавањето. Се смета дека во збирката, Хото ја претставил Хегеловата мисла на посистематичен начин отколку што тоа го направил самиот филозоф.[1]
Хегеловата работа на ова поле се смета за едно од најголемите дела во историјата на естетиката уште од времето на Аристотел.[2] Неговата теза за „крајот на уметноста“ извршила влијание врз разни значајни мислители како што се Теодор Адорно, Мартин Хајдегер, Ѓерѓ Лукач, Жак Дерида и Артур Данто. Самиот хегел пак, ја развивал својата мисла под влијание на Јохан Јоаким Винкелман, Имануел Кант, Фридрих Шилер и Фридрих Шелинг. Според Хајдегер, „Предавања за естетиката“ претставуваат „најопсежниот осврт на суштината на уметноста што ја има Западот“.[3]
Содржина
[уреди | уреди извор]Предавањата се претставени под три наслови:
- првиот се занимава со општите поимувања за убавината и идеалот.
- вториот се осврнува на овој идел, како што тој се остварува во три етапи, the "особени облици на уметноста“, а секоја од нив е „наполно“ претставена во староегипетската архитектура (која ја изложува својата апоретска природа во облик на сфинга), претставувањето на боговите на класичните старогрчки статуи и Христовите страданија (земени како содржина на претставата):
- симболична уметност,
- класична уметност
- романтистичка уметност
- Третиот дел ги иследува петте облици на уметност поединечно:
Во ова излагање, Хегел останува верен на неговиот дијалектички метод, покажувајќи како овлиците се разложуваат и заменуваат со „повисоки“ облици по пат на негативноста, т.е. внатрешните противречности што секој од облиците ги носи во себе во даденото време.
Во овие списи, Хегел го документира настанокот на симболичната архитектура, класичното вајарство и романтистичка поезија и во нив го изложил неговото поимување за човечката убавина и тврдењето за „смртта на уметноста“, заклучувајќи дека уметноста не може да биде соодветен двигател во човековото спознавање на својата суштина.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хегеловата естетика од Стивен Хаулгејт — Стенфордска енциклопедија на филозофијата (англиски)