Полувреме на елиминација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Полувреме на елиминација (полувреме на излачување или биолошко полувреме) e време кое е потребно некоја материја (лек, радиоактивен елемент и друго) да ги изгуби половина од своите фармаколошки, физиолошки или радиолошки активности[1][2] (-{MeSH}- definicija). Во медицински контекст, полуживот исто така може да се опише како време кое е потребно на концентрација на супстанца во крвната плазма да се преполови.

Полувреме на елиминација е важен фармакокинетички параметар и обично се обележува како t1/2[3], a понекогаш и како -{b1/2}- да би се разликувал од времето на полураспад на радиоактивните елементи.[4] Додека радиоактивните изотопи се распаѓаат по принципите на кинетиката, пак брзината на распадањето им е рамномерна, излачувањето на материјата од жив организам се базира на многу покомплексни принципи, поради акумулација во ткивата, присуствата на активните метаболити, и интеракции со рецепторите, пак е многу потешко да зе измери.[5]

Примери[уреди | уреди извор]

Вода[уреди | уреди извор]

Биолошкиот полуживот на водата во човек е околу 7 до 14 дена. Конзумација на големи количини на алкохол го редуцира биолошкиот полуживот на водата во тело [6][7]. Тоа може да се користи за деконтаминација на луѓето кои се контаминирани со трициумска вода (трициум).

Алкохол[уреди | уреди извор]

Отстранување на етанолот (алкохол за пиење) со помош на оксидација на алкохолна дехидрогеназа во црниот дроб е ограничено во човечкото тело. Поради таа причина отстранувањето на поголемите количини на алкохол од крвта може да следи со кинетика на нултиот сепен. Реакциски чекор кој ја ограничува брзината на разложување на една супстанца може да биде заеднички со други супстанци. На пример, концентрацијата на етанолот во крвта ја условува кинетиката на метанолот и етилен гликолот. Оксиацијата на метанол во токсичен формалдехид и киселина на мравки може да се спречи со внес на соодветна количина на етанол во телото на личноста која е затруена со метанол. Метанолот е многу токсичен и може да предизвика слепило и смрт. Личноста која е затруена со етилен гликол може да биде третирана на ист начин.

Лекови[уреди | уреди извор]

Супстанции Полуживот Забелешка
Aмиодарон 26-107 дена
Цисплатин 30 до 100 часа
Хлорамбуцил 1.53 часа
Дигоксин 36 до 48 часа
Флуоксетин 4 до 6 дена

Активен метаболит на флуоксети е липофилен и споро мигрира од мозокот во крвта. Метаболитот има биолошки полу-живот од 4 до 16 дена.

Метадон 15 до 60 часа, во ретки случаи до 190 часа.[8]
Норепинефрин 2 минути
Оксалиплатин 14 минути[9]
Салбутамол 1.6 часа

Метали[уреди | уреди извор]

  • Полувреме на елиминација на цезијумот кај луѓето е помеѓу еден или четири месеци. Овој период може да биде скратен со внесот на пруско плаво. Таа супстанца во дигестивниот систем делува како цврст разменувач на јони кој ги апсорбира цезијумските и ги ослободува калиумските јони.
  • Полониумот во телото има полуживот од 30 до 50 дена.
  • Живата (како метил-жива) во телото има полуживот од околу 65 дена.
  • Оловото во коските има полуживот од околу десет години.
  • Kадмиумот во коските има полуживот од околу 30 години.
  • Плотониумот во коските има полуживот од околу 100 години.
  • Плутониумот во црниот дроб има полуживот од околу 30 години.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Предлошка:GoodmanGilman10th
  2. Предлошка:FoyePrinciplesMedChem6th
  3. "IUPAC Gold Book - biological half life".
  4. Lejla Saračević: Veterinarska radiobiologija sa radijacionom higijenom, Univerzitetski udžbenik, Sarajevo 1999. godina.
  5. Lin VW, Cardenas DD (2003). Spinal cord medicine. Demos Medical Publishing, LLC. стр. 251-. ISBN 978-1-888799-61-3.
  6. Nordberg 2007, pp. 119.
  7. Silk, Kenneth R.; Tyrer, Peter J. (2008). Cambridge textbook of effective treatments in psychiatry. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 295. ISBN 978-0-521-84228-0.
  8. Manfredonia John (2005). "Prescribing Methadone for Pain Management in End-of-Life Care". JAOA—The Journal of the American Osteopathic Association. 105 (3 supplement): 18S. Посетено на 29. 1. 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. Ehrsson Hans; и др. (zima 2002). "Pharmacokinetics of oxaliplatin in humans". Medical Oncology. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help); |access-date= бара |url= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Silk, Kenneth R.; Tyrer, Peter J. (2008). Cambridge textbook of effective treatments in psychiatry. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 295. ISBN 978-0-521-84228-0.
  • Nordberg, Gunnar (2007). Handbook on the toxicology of metals. Amsterdam: Elsevier. стр. 119. ISBN 978-0-12-369413-3.
  • Lin VW, Cardenas DD (2003). Spinal cord medicine. Demos Medical Publishing, LLC. стр. 251-. ISBN 978-1-888799-61-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Предлошка:Farmakologija-lat