Слушнете ја статијава

Пинатубо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пинатубо
Pinatubo91eruption clark air base.jpg
Највисока точка
Надм. вис.
  • 1,486 м (4,875 ст) (денес)
  • 1,745 м (5,725 ст) (пред ерупцијата од 1991)
Заведена како Активен вулкан
Координати 15°08′30″ СГШ 120°21′00″ ИГД / 
Име
Изговор /ˌpnəˈtb/
Географија
Место Лузон
Земја Филипини
Регион Лузон
Провинции
Матичен венец Zambales Mountains
Геологија
Старост на карпата помеѓу 635,000 ± 80,000
and 1.1 ± 0.09 милиони години[2]
Вид планина купа-стратовулкан[1]
Последен избув 1991[1]

Пинатубо — активен стратовулкан кој се наоѓа на најголемиот филипински остров Лузон[3][4].

Тој е составен главно од андезит и дацит. Пред 1991 година, вулканот бил незабележлив и силно еродиран. Покриен е и со густа шума, која обезбедува безбедност на населението. Локалното племе Аета се повлекло во планините, кога Шпанците го освоиле Филипините во 1565 година.

Ерупцијата на вулканот во 1991 година се случила по 635 години летаргија, непосредно пред месец јуни. Оваа ерупција ја предизвикала најголемата вулканска катаклизма во 20 век, заедно со ерупцијта на Новарупта во Алјаска во 1912 година[5].

Комплицирањето на ситуацијата претставувало доаѓањето на тајфунот Јунја, со смртоносна мешавина на пепел и дожд во градовите и населените места околу вулканот. Навременото предвидување за ерупцијата довело до евакуација на десетици илјади луѓе, но лавата, пепелта и лахарите предизвикани од дождовите, сериозно ја оштетиле околината и уништиле илјадници куќи. Околните области биле сериозно оштетени од страна на пирокластични бранови и пепел. Ерупцијата се почувствувала насекаде. Биле исфрлени околу 10 кубни километри лава и 20 милиони тони сулфурен диоксид, како и големи количини минерали и метали на површината. Во стратосферата паднало огромно количество аеросоли, повеќе од секоја ерупција на земјата, а потоа на Кракатау во 1883 година. Во наредните месеци аеросолите формирале слој на сулфурна киселина во атмосферата. Следствено на тоа глобалната температура се намалила со околу 0,5° С, а уништувањето на озонската обвивка се зголемила значително. Оваа ерупција предизвикала големо уништување на инфраструктурата и промени на речните системи неколку години по ерупцијата[5][6].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]