Новарупта (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Новарупта
Новарупта, 1987 година
Највисока точка
Надм. вис.841 м [1]
Координати58°16′0″N 155°9′24″W / 58.26667° СГШ; 155.15667° ЗГД / 58.26667; -155.15667Координати: 58°16′0″N 155°9′24″W / 58.26667° СГШ; 155.15667° ЗГД / 58.26667; -155.15667[1]
Географија
Новарупта на карта

Карта

МестоНационален парк и резерват Катмај, Алјаска
Матичен венецАлеутиски Масив
Геологија
Последен избувод јуни до октомври 1912[1]

Новарупта (англиски: Novarupta) — највисок вулкан во Катмајската област на Алјаска којшто се создал во 1912 година. по најголемата вулканска ерупција што се случила во 20 век. За 60 часа овој вулкан исфрлил околу 30 км2 риолитна магма богата со сицилиум. Од тоа најголем дел паднал на земјата во вид на пепел, а остатокот создал пирокластични текови - како оние во Долната на Десет Илјади Чадови. На крајот на ерупцијата се зодаделе две калдери. Една нејасна плитка вдлабнатина, широка околу 2 км, се создала на Новарупта на отровот од кој е исфрлен пепел од оваа долина, а била придружена со издигање на купола од лава, висока 65 м и широка 380 м. Многу поголема калдера, широка околу 5 км се создала на Катмајскиот вулкан 16 км источно, кога неговите подземни магматски резервоари се излеале кон Новарупта. Траги од пепел по ерупцијата од 1912 г. се пронајдени во средишните делови на грендландските ледници.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Novarupta“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2009-01-01. (англиски)