Петолиние

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Musical staff
Стандардно петолиние.

Во музичка нотација, петолинието[1] (множина: петолинијата) е збир од пет хоризонтални линии и четири празни места од кои секој претставува различна музичка висина или во случај на перкусионо петолиние, различни ударни инструменти. Соодветните музички симболи, во зависност од наменетиот ефект, се ставаат на петолинието во согласност со нивниот соодветен тон или функција. Музичките ноти се бележат по интонацијата, а паузите и другите симболи се пишуваат по норма.

Апсолутната интонација на секоја линија на нотните петолинија е наведена со поставувањето на нотните клучеви на соодветна вертикална положба, на петолинието за лева рака. На пример, виолинскиот клуч, исто така познат како Ге-клуч, се поставува од втората линија (сметајќи од доле нагоре), фиксирајќи ја таа линија како интонацијата првата Ге нота над "основна Це".

Линиите и празнините се нумерирани од долу нагоре; најдолната линија е прва линија, а најгорната линија е петта линија.

Музичкото петолиние е аналогно на математички графикон за интонација, во сооднос со времетраењето. Итонациите на нотите се дадени според нивната вертикална позиција на петолинието, а нотите се читаат и свират/пеат, одлево надесно. Како и да е, за разлика од графиконот, бројот на полутонови претставени како вертикален чекор од една линија до нејзиниот соседен простор зависи од клучот, а точното време на почетокот на секоја нота не е директно пропорционално на неговата хоризонтална положба; наместо тоа, точното темпирање е кодирано во музичкиот симбол избран за секоја нота покрај темпото.

Тактот, десно од клучот, ја означува врската помеѓу метриката и нотите, додека тактовите линиите ги групираат нотите на петолинието во тактови.

Позиции на петолинието[уреди | уреди извор]

Петолиние, со наведени позиции на петолинието.

Вертикалната положба на главата на нотите на петолинието, покажува која нота треба да се свири: нотите со повисок тон се означени повисоко на петолинието. Нотата може да се постави централно така што ќе ја пресекува линијата (на линија) или помеѓу линиските празнини (во празно место). Нотите надвор од опсегот на петолинието се ставаат на или помеѓу помошните линии, додадени над или под петолинието.

Кое место на петолинието го заземаат нотите се определува со клучот поставен на почетокот на петолинието. Клучот идентификува одредена линија како специфична нота и сите други ноти се одредуваат во однос на таа линија. На пример, виолинскиот клуч ја става ге1 над це1, на втората линија. Интервалот помеѓу соседните позиции на петолинието, е едно стапало во дијатонската скала. Откако ќе бидат фиксирани од клучот, нотите претставени од позициите на петолинието може да бидат модифицирани со предзнаци или случајни на поединечните белешки. Петолиние без клуч може да се користи за да го претставува збирот на ударни звуци; секоја линија обично претставува различен инструмент.

Ансамблски петолинија[уреди | уреди извор]

Brace (music).png
Bracket (music).png

Вертикалната линија повлечена лево од повеќе петолинија создава систем, што означува дека музиката на сите петолинија треба да се репродуцира истовремено. Квадратната заграда е дополнителна вертикална линија што ги спојува петолинијата за да прикаже групирање на инструментите кои функционираат како единица, како што е на пример жичениот дел на оркестарот. Заокружувачката или кадрава зграда се користи за спојување на повеќе петолинија што претставуваат инструменти, како што се пијано, оргули, харфа или маримба.[2] Понекогаш втора заграда се користи за прикажување инструменти групирани во парови, како што се први и втори обои или првата и втората виолина во оркестар.[3] Во некои случаи, се користи кадрава заграда за оваа намена.[4][5]

Кога на една страница се појавуваат повеќе од еден систем, честопати две паралелни дијагонални линии се поставуваат на левата страна од партитурата, за да се одделат.[6]

Четириделни вокални постави (сопран, алт, тенор, бас), особено во колекции со химни, користат дивиси нотации на двојни петолинија, каде сопраните и алтите го делат горното петолиние, а тенорите и басите долното.

Збунувачки, германскиот систем (често во комбинирани форми Liniensystem или Notensystem) може да се однесува на едно петолиние или пак на Akkolade (од француски) или на систем во англиска смисла; италијанскиот термин е accollatura.[7][8]

Големо (гранд) петолиние[уреди | уреди извор]

Гранд петолиние

Кога музиката на две петолинија се спојува со заграда, или е наменета да се свири одеднаш од еден изведувач (обично клавијатурен инструмент или харфа), се создава големо петолиние. Типично, горното петолиние користи виолински-клуч, а долното петолиние бас-клуч.

Едноставно големо петолиние. Двете петолинија прикажани погоре имаат седум ноти и една пауза.

Во оваа инстанца, це1 е центрирана помеѓу двете петолинија и може да се напише на првата долна помошна линија под горното петолиние или на првата горна помошна линија на долното петолиние. Многу ретко, се запишува централна линија со мал алт-клуч, која обично се користи за да се означи дека Бе, Це или Де на линијата може да се свири со која било рака. Кога свири на пијано или харфа, горното петолиние нормално се свири со десната, а долното со левата рака. Во музиката наменета за оргули со педали, големото петолиние вообичаено се состои од три петолинија, по едно за секоја рака за клавијатурата и едно петолиние за стапалата на педалите.

Историја[уреди | уреди извор]

Ракопис на Беневентан од XII век, што прикажува дијастематска невма и еднолиниски нотен систем.
Извадок од клавијатурното дело на Вилијам Бирд напишано на шестолиние, 1591 година

Ранозападната средновековна нотација била напишана со невми, кој не ги наведувале точните интонации, туку само формата на мелодиите, односно означувајќи кога музичката линија одела нагоре или надолу; се претпоставува дека овие биле наменети како мнемоника за мелодии што биле учени механички.

Во текот на IX-от и XI-тиот век биле развиени голем број системи за попрецизно определување на висината, вклучително и дијастематски невми чија запишана висина на една страница, соодветствувала со нивното апсолутно ниво на интонација (ракописите од Лонгобард и Беневентан од Италија ја покажуваат оваа техника околу 1000 г. н.е.) Диграфската нотација, користејќи имиња на букви слични на имињата на модерните ноти, заедно со невмите, на кратко се појавиле во неколку ракописи, но голем број ракописи користеле една или повеќе хоризонтални линии за да означат одредени интонации.

Трактатот Musica enchiriadis (900 г. н.е.) користи Дасејанска нотација за означување на специфични интонации, но модерната употреба на линиите на петолинието му се припишува на Гвидо д'Арецо (990-1050 г.), чие четирилиние сè уште се користи (иако без црвено и жолто боење по негова препорака) во публикациите за грегоријански песни денес. Петолинието се појавило во Италија во XIII-тиот век и гo промовирал Уголино да Форли; четирилинијата и шестолинијата веќе не биле користени во 1600 година.[9]

Исто така види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „stave Meaning in the Cambridge English Dictionary“. dictionary.cambridge.org. Посетено на 17 March 2018.
  2. Irvine, Demar; Pauly, Reinhard G.; Radice, Mark A. (1999). Irvine's writing about music. Hal Leonard Corporation. стр. 213. ISBN 978-1-57467-049-3. Посетено на 18 October 2011.
  3. Rachmaninoff, Sergei (1965). Piano concertos nos. 1, 2, and 3. Courier Dover Publications. стр. 261. ISBN 978-0-486-26350-2. Посетено на 18 October 2011.
  4. Irvine, Demar; Pauly, Reinhard G.; Radice, Mark A. (1999). Irvine's writing about music. Hal Leonard Corporation. стр. 213. ISBN 978-1-57467-049-3. Посетено на 18 October 2011.
  5. Strauss, Richard (1904). Eine Alpensinfonie ; and, Symphonia domestica. Courier Dover Publications. стр. 71. ISBN 978-0-486-27725-7. Посетено на 18 October 2011.
  6. {{{2}}}. „{{{1}}}“, Grove Music Online, ed. L. Macy (посет. {{{3}}} г {{{4}}}), grovemusic.com (со претплата).
  7. {{{2}}}. „{{{1}}}“, Grove Music Online, ed. L. Macy (посет. {{{3}}} г {{{4}}}), grovemusic.com (со претплата).
  8. description in the German language Wikipedia
  9. Harvard Dictionary of Music (2nd edition, 1972): Neume, Staff

Надворешни врски[уреди | уреди извор]