Предзнак (музика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Предзнак во музичката нотација е знак со кој секоја нота, секогаш основниот тон може да го повиши или снижи.

Видови предзнаци[уреди | уреди извор]

Во зависност од употребата, предзнаците може да бидат:

  • Случајни (франц. accidents, engl. accidentals, итал. accidenti, нем. Akzidentien или лат. accidens = случај)..[1] Тие се пишуваат само пред нотите, на истите линии или празнини и се однесуваат само на истоимени ноти во тој такт C sharp.png.
  • Постојани или предзнаци покрај виолинскиот клуч или засилени (франц. arm[at]ure, engl. key signature, итал. armatura, нем. Vorzeichen). [1]Овие предзнаци се пишуваат само позади виолинскиот клуч и секогаш важат за сите истоимени ноти во композицијата. Претставуваат тоналитетни композиции E major (C sharp minor).png.
  • Потсетнички или сигурни. Овие пред знаци се пишуваат пред нотите во загради и го потсетуваат уметникот дека некој знак уште важи или пак не важи .

Три предзнаци[уреди | уреди извор]

  1. Повишувалка е предзанк која го повишува тонот за пола степен. На основните ноти им се додава наставка ис: цис, дис, еис, фис, гис, аис, хис. Повишувалките се пишуваат пред нотите Music-sharp.png. Доколку припадне на некоја скала, се пишува позади клучот, на истата линија или празнина на која се наоѓа тонот кој треба да се промени.
  2. Снижувалка е предзнак кој го снижува тонот за пола степен. На основните ноти се додава наставка ес: цес, дес, ес, фес, гес, ас ( наместо аес, намалениот тон а се изговара „ас“). Снижувалката се пишува пред нитите или позади виолинскиот клуч, доколку припаѓа на некоја скала.
  3. Разрешувалка е знак со кој повишената или снижената нота се враќа во првобитната состојба, во основниот облик. Се пишува пред нотите Music-natural.png .

Двојни предзнаци[уреди | уреди извор]

  • Двојни повишувалки. DoubleSharp.svg Ја повишува нотата за два полустепена (т.е за цел степен). Се пишува пред нотата. На основните ноти се додава наставката исис (нпр. ц - исис = цисис; ф - исис = фисис; г - исис = гисис).
  • Двојни снижувалки. Ја снижуаат нотата за два полустепени (т.е за цел степен). Се пишува пред нотата Music-doublesharp.png. На основните ноти се додава наставка есес (нпр. ц - есес = цесес; али e - есес = есес; ха - есес = хесес, а не бесес).
  • Двојна разрешувалка е занк кј ги разрешува претходно напишаните двојни повишувалки или снижувалки. Се пишува пред нотите.

Примери за предзнаци[уреди | уреди извор]

  1. Ако во почетокот на тактот се повиши една нота и ако во наредните тактови, во делови се појави истата нота ( еднаш, два пати), повишувалката се однесува на истата таа нота или ноти. Во наредниот пример повишувалката се однесува и на четвртиот тактов дел - нотата ф се повишува во нотата фис. Ако четвртата четвртина треба да биде нотата ф, тогаш пред неа мора да се стави разрешувалка.
  2. Ако последниот тактов дел е снижен (или повишен) и поврзан со полукруг за истата нота, предзнакот одново не се пишува пред нотите.
  3. Предзнаците се пишуваат во висина на нотните глави и пред нив, а не во висина на помошните линии т.е пред нив.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]