Виолински клуч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скала C-дур напишана во виолински или G-клуч. За снимкава Пушти 

На почетокот на линиски систем се наоѓа музички знак кој служи за точно именување на нотите. Се нарекува клуч (француски и англиски clef).[1][2] Името на клучот и неговото место на линијата во линискиот систе му го дава истото име и на нотата која се наоѓа на таа линија.

Името на клучот зависи од:

  1. неговиот облик
  2. местото каде е напишан во линискиот систем

Виолински или G-клуч[уреди | уреди извор]

Виолински или G-клуч.

Виолински клуч или G-клуч (италијански: chiave di violino, англиски: treble clef; француски: clé de sol, германски: Violinschlüssel)[1] се бележи од втората линија и на нотата му го дава името (сол во првата октава). Се користи за бележење високи тонови.

Од сите клучеви, виолинскиот клуч денес најмногу се употребува. Го користат следните музички инструменти: виолина; флејта, обоа, кларинет, саксофон, хармоника, труба, вибрафон, ксилофон, мандолина, блок-флејта, гитара; десната рака на клавир и харфа; дел од ударни инструменти.

Виолинскиот клуч се користи и за вокалните гласови: сопран, мецосопран, алт, контраалт и тенор. Тенорот звучи за октава пониско од напишаното, а често се пишува со употреба на октав клуч.

Octaveclef.png Понекогаш над или под клучот го пишува бројот 8 или 8va. Тоа значи дека целата делница треба да се транспонира за октава нагоре - ако бројот е над клучот; за октава надолу - ако бројот е под клучот.[3]

Пишување ноти по G-клуч[уреди | уреди извор]

Виолинскиот клуч служи за бележење ноти во обем од, на пример, е (ми во малата октава) до негде а³ (ла во третата октава) и погоре. Долниот нотен пример прикажува забележени тонови во виолински клуч во опсег од а (ла во малата октава) до (до во третата октава):

Music ClefG.svgMusic 1a0.svgMusic Staff.svgMusic 1b0.svgMusic Staff.svgMusic 1c1.svgMusic Staff.svgMusic 1d1.svgMusic Staff.svgMusic 1e1.svgMusic Staff.svgMusic 1f1.svgMusic Staff.svgMusic 1g1.svgMusic Staff.svgMusic 1a1.svgMusic Staff.svgMusic 1b1.svgMusic Staff.svgMusic 1c2.svgMusic Staff.svgMusic 1d2.svgMusic Staff.svgMusic 1e2.svgMusic Staff.svgMusic 1f2.svgMusic Staff.svgMusic 1g2.svgMusic Staff.svgMusic 1a2.svgMusic Staff.svgMusic 1b2.svg Music 1c3.svg

Кои клучеви се употребуваат денес[уреди | уреди извор]

Денес се користат три видови клучеви. Нивните имиња се:

  1. Treble clef with note.svg G-клуч или виолински клуч
  2. Bass clef with note.svg F-клуч или бас-клуч
  3. C-клучеви или вокални клучеви (сопран, алт, тенор).

Еве како изгледаат:

а) Alto clef with note.svg алтовски клуч.
б) Tenor clef with note.svg тенорски клуч.
Бележење на иста нота c1 или до во првата октава во трите клуча: Music Midlle Do OnSol.jpg Music Midlle Do OnDo.jpg Music Midlle Do OnFa.jpg

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]