Невма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Извадок од „Kýrie Eléison“ XI (Orbis Factor) од Liber Usualis.

Невма или невматска нотација е основниот елемент на западните и источните системи за музичка нотација пред да се измисли петолиниската нотација.

Најраните невми се запишувале како формообразувачки знаци (модулации) кои укажуваат на општата форма, но и точните ноти или ритми што треба да се пеат. Подоцнежните измени вклучуваат употреба на „зголемени невми“ кои ја покажуваат релативната висина на тоновите помеѓу невмите со создавање на „четири линиско“ нотирање. Невмите генерално не означуваат ритам, па дополнителни симболи понекогаш се додадени на невмите за да се означи промена во артикулацијата, времетраењето или темпото. Невматската нотација подоцна била користена во средновековната музика за да укаже на одредени шеми на ритам наречени ритмички модуси, за на крајот да еволуира во модерна музичка нотација. Невматската нотација останува стандардна во современите изданија на црковно пеење без инструментална придружба или просто пеење (од француски „plainchant“).

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот „neume“ потекнува од латински „pneuma“ или „neuma“, кое што пак потекнува од старо грчки „πνεῦμα“ („здив“) или „νεῦμα“ („знак“).

Рана историја[уреди | уреди извор]

Иако пеењето веројатно се користело уште од најраните денови на црквата, со векови се пренесувало само усно.

Најраните познати системи кои вклучуваат невми се од арамејско потекло и биле користени за бележење на модулациите во квазиемеличкото мелодиско рецитирање на христијанските свети списи. Како такви, тие функционално наликуваат на сличен систем што се користи за нотација на рецитирање на Куранот, светата книга на исламот. Овој ран систем бил наречен екфонетска нотација, од грчки „ἐκφώνησις“, што значи квазимелодично рецитирање на текст.

Во IX век, невмите почнале да стануваат стенографски помагала за правилно мелодично рецитирање на пеењето. Распространето гледиште е дека невматската нотација за прв пат била развиена во Источното Римско Царство. Ова изгледа веродостојно со оглед на добро документираниот врв на музичката композиција и културна активност во поголемите градови на империјата (сега региони на јужна Турција, Сирија, Либан и Израел) во тоа време. Корпусот на постоечката византиска музика во ракопис и печатена форма е далеку поголем од оној на грегоријанското пеење (грегоријански напев), делумно поради фактот што невмите опаднале со користење на западот, со подемот на модерната нотација, а со тоа и новите техники на полифонa музика. Источната традиција на грчката православна црковна музика и реформираната невматска нотација се користи до денес.

Во принцип, словенските невми („Знаменско пеење“) се потешки за дешифрирање и транскрипција од византиските или грегоријанските невми. Се користеле ексклузивно од руската православна црква.

Наводи[уреди | уреди извор]