Прејди на содржината

Панде Ефтимов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панде Ефтимов
Роден 15 март, 1932
Претор, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 13 август 2017(2017-08-13) (возр. 85)
Софија, Бугарија
Занимање новинар, активист

Панде Ефтимов, цело име Панде Сотиров Ефтимов (Претор, 15 март 193213 август 2017, Софија) — македонски новинар, поет и општественик. Познат за откривањето на Битолскиот натпис.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Панде Ефтимов е роден во 1932 година во ресенското село Претор, тогаш во Кралство Југославија.[2] Внук е на револуционерот од МРО, Панде Суџов. Основно школско образование завршил во Претор, и за средношколско образование, во гимназиите во Ресен и после во Битола. Тој се запишал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“.[3][4] Во 1948 година, тој станал член на промакедонска нелегална организација, позната како ВМРО - ПРАВДА, заедно со Дане Поповски и Илија Христов од Царев Двор, Григор Крстевски од Прилеп, Коста Смичков, и други. Во 1949 година, тој учествувал во конгресот на ВМРО-ПРАВДА во Стари Град. Покрај почетокот на 1950-тите, тој почнал да работи како учител во Стрежево, Лера, Дихово, Цапари и Долно Дупени.[3] Во 1960 година, тој се вработил како новинар во Радио Скопје, а потоа - во весникот „Народна просвета“.[3]

Учествувал во други родољубиви групи, со главна цел Македонија да стане независна, заради тоа тој бил уапсен и затворен од страна на југословенските власти. Во 1955 и 1957 година, тој без суд и казна влегол во затвор.[3] во 1972 година е осуден за криминалски дејности и биле казнат за три години во затвор.[5] Но кога Македонија добила независност, тој бил ослободен. После 1986 година, учествувал во процесот на основањето на ВМРО-ДПМНЕ.[6] До 1992 г. не добил лични документи лична карта или пасош.[7] Во 2001 година објавил две книги со поезија. Умрел на 13 август 2017 година, во Софија, после различни болести.[8][9] На 25 јуни 2018 година, тој посмртно бил награден со орденот „Стара Планина“ втор степен.[10]

Фалсификати и манипулации

[уреди | уреди извор]

Неговите обиди за фалсификување на македонската историја се забележани во бугарскиот пропаганден документарен филм „Камъкът на страха“, во кој Пандев ја лажел јавноста дека во Преспа сите говореле бугарски јазик, а самиот тој не знае да изусти ниту една бугарска реченица (иако бил учител). Дополнително ја изнесува лагата дека Битолскиот натпис бил криен, а во истиот документарец, бугарскиот истражувач Заимова потврдила дека тие слободно работеле во битолскиот музеј со самата плоча.[1]

  1. 1 2 Камъкът на страха
  2. Стоянова, Вержиния. Българи от близката чужбина Македония, Албания, Сърбия, Румъния, Молдова, Украйна, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр.43
  3. 1 2 3 4 Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 10.
  4. Панде Ефтимов: Българските войници са погребвани в македонските села, защото са се били за своя земя, на своя земя, Агенция Фокус
  5. Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 291-292.
  6. Жестока реторика меѓу основачите на ВМРО-ДПМНЕ, в. Утрински весник, 02.09.2012 г.
  7. Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 113, бел. 154.
  8. Почина един от най-големите пазители на българщината в Македония – Панде Ефтимов
  9. На 85 години си отиде Панде Ефтимов – един от най-големите пазители на българщината в Македония
  10. Указ № 165 за награждаване посмъртно на Панде Сотиров Ефтимов с орден „Стара планина“ втора степен