Прејди на содржината

ОУ „Круме Волнароски“ - Тополчани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Круме Волнароски
Место
Општина: Општина Прилеп
Наречено по: Круме Волнароски
Нас. место: Тополчани
Адреса: ул. „Маршал Тито“, бр. 6, с. Тополчани
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1948 (1948)
Број на ученици: 104[1]
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ooukrumevolnaroski.edu.mk
Е-пошта krumevolnaroski@yahoo.com
Телефон 048/480-103
Факс 048/480-103

Основно училиште „Круме Волнароски“ (официјално: Основно општинско училиште „Круме Волнароски“ - Тополчани; скратено: ООУ „Круме Волнароски“) — централно основно училиште во прилепското село Тополчани, Општина Прилеп.[2]

Училиштето е именувано по македонскиот партизан и народен херој Круме Волнароски.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Училиштето е сместено надвор од селото, на локалниот пат кој води до селото Еднокуќево.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Училиштето било изградено во 1946 година.[1]

Училишниот објект е тврда градба. Се загрева со огревно дрво. Располага со 7 училници и 3 канцеларии, како и спортска сала и терен и библиотека.[1]

Подрачни училишта

[уреди | уреди извор]

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]

Во подрачното училиште во Старо Лагово се изведува настава од I до IX одделение, а во сите други подрачни училишта се изведува настава од I до V одделение во комбинирани паралелки.

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.[1]

  1. 1 2 3 4 5 6 „Годишна програма за работа на ООУ „Круме Волнароски" - Тополчани за учебната 2025/2026 година“ (PDF). ОУ „Круме Волнароски“ - Тополчани. 23 јуни 2025. Посетено на 5 јануари 2026.
  2. ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-14.