Нордиска комбинација на Зимските олимписки игри 2014
Нордиска комбинација на Зимските олимписки игри 2014 ![]() | ||||
---|---|---|---|---|
Поединечно голема скокалница/10 км | мажи | |||
Поединечно мала скокалница/10 км | мажи | |||
Екипно | мажи |
Нордиската комбинација на Зимските олимписки игри 2014 била одржана на комплексот за скијачки скокови Рускије горки. Трите дисциплини се одржале од 12 до 20 февруари 2014 година.[1]
Распоред на натпреварување[уреди | уреди извор]
Распоред на одржување на натпреварите во трите дисциплини.[2]
Саатницата е по месно време (UTC+4).
Датум | Време | Дисциплина |
---|---|---|
12 февруари | 13:30 | Мажи поединечно скокови од мала скокалница |
16:30 | Мажи поединечно скијачко трчање на 10 км | |
18 февруари | 13:30 | Мажи поединечно скокови од голема скокалница |
16:00 | Мажи поединечно скијачко трчање на 10 км | |
20 февруари | 12:00 | Мажи екипно скокови од голема скокалница |
15:00 | Мажи екипно скијачко трчање во штафети 4x5 км |
Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]
Табела на медали[уреди | уреди извор]
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() |
2 | 1 | 1 | 4 |
2 | ![]() |
1 | 1 | 1 | 3 |
3 | ![]() |
0 | 1 | 0 | 1 |
4 | ![]() |
0 | 0 | 1 | 1 |
Вкупно | 3 | 3 | 3 | 9 |
Дисциплини[уреди | уреди извор]
Дисциплина | Злато | Сребро | Бронза | |||
---|---|---|---|---|---|---|
Поединечно голема скокалница/10 км подробно |
Јорген Гробак![]() |
23:27.5 | Магнус Моан![]() |
23:28.1 | Фабијан Рисле![]() |
23:29.1 |
Поединечно мала скокалница/10 км подробно |
Ерик Френцел![]() |
23:50.20 | Акито Ватабе![]() |
23:54.40 | Магнус Крог![]() |
23:58.30 |
Екипно подробно |
![]() Јорген Гробак Хавард Клеметсен Магнус Крог Магнус Моан |
47:13.5 | ![]() Ерик Френцел Бјерн Кирхајзен Фабијан Рисле Коханес Ридзек |
47:13.8 | ![]() Кристоф Билер Бернард Грубер Лукас Клапфер Марио Штехер |
47:16.9 |
Квалификации[уреди | уреди извор]
Вкупно 55 места биле достапни на натпреварувачите во нордиска комбинација на овие игри. Од еден Национален олимписки комитет можеле да учествуваат максимално 5 натпреварувачи. За да имаат право да учествуваат, натпреварувачите морале да имаат освоено бодови на светските или континенталните купови за време на квалификацискиот период од јули 2012 до 19 јануари 2014. Најдобрите 55 натпреварувачи на светската ранг листа се квалификувале за олимпиското натпреварување (почитувајќи го правилото по 5 натпреварувачи од секој НОК).[3]
Земји учеснички[уреди | уреди извор]
Се натпреварувале вкупно 55 спортисти од 15 земји. Бројот на натпреварувачи по земја е означен во заградите.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „RusSki Gorki Jumping Center“. SOOC. Архивирано од изворникот на 2013-11-11. Посетено на 20 December 2012.
- ↑ „Nordic Combined Schedule and Results“. SOOC. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 12 January 2014.
- ↑ „Qualification Systems for XXII Olympic Winter Games, Sochi 2014“ (PDF). Меѓународна скијачка федерација. December 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-01-16. Посетено на 10 November 2012.