Меѓународна скијачка федерација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународна скијачка федерација
Fédération Internationale de Ski
Эмблема ФИС.png
Основана1924
ТипСпортска федерација
СедиштеОберхофен ам Тунерзе, Швајцарија
Членство123 членки
Службени јазицианглиски, француски, германски, руски
ПретседателЏан-Франко Каспер
Мреж. местоfis-ski.com

Меѓународна скијачка федерација (француски: Fédération Internationale de Ski, скратено ФИС) – меѓународно здружение на национални скијачки сојузи кое управува со меѓународните зимски спортови. Федерацијата е основана во 1924 година и е одговорна за олимписките дисциплини во алпско скијање, нордиско скијање, скијачки скокови, нордиска комбинација, слободно скијање и сноубордање. ФИС е исто така одговорна за поставување на меѓународните натпреварувачки правила. Федерацијата денес брои 123 членки и нејзиното седиште е во Оберхофен ам Тунерзе во Швајцарија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]