Никодин Живановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никодин Живановски
Роден 1919 година
Глуво, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 12 април, 1945 година
Шид, Србија
Почивалиште Шид, Србија
Националност Македонец

Никодин Тодоров Живановски ( 1919 во Глуво, Скопско12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште. Не можејќи да го продолжи образованието уште од рани години почнал да се занимава со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која се борела против балистите кај селата Чучер, Горњани и Бањани. Потоа учествувал во борбите против балистите и Германцит.е во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Скопје учествувал во разоружувањето на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година заминал со Бригадата на Сремскиот фронт. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт и во јуришот храбро загинал. Беше закопан на борбената позиција, кај Шид.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 59–60. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 49. ISBN 9989-35-022-1.