Ние не сме ангели (филм од 1992)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Ние не сме ангели“
РежисерСрѓан Драгоевиќ
ПродуцентРанко Петриќ и Гојко Кастратовиќ
СценаристСрѓан Драгоевиќ и Исидора Бјелица
НастапуваатНикола Којо
Милена Павловиќ
Бранка Катиќ
Срѓан Тодоровиќ
Урош Ѓуриќ
Соња Савиќ
Весна Тривалиќ
Зоран Цвијановиќ Мики Манојловиќ
Богдан Диклиќ
Станислава Пешиќ
Војка Чордиќ-Чавајда
Бојан Жировиќ
ЖанрКомедија
МузикаАлександра Ераковиќ
КинематографијаДушан Јоксимовиќ
МонтажаБранка Чепарац
СтудиоАвала филм
РТВ Белград
Премиера1992
Времетраење98 минути
ДржаваСојузна Република Југославија СР Југославија
Јазиксрпски

„Ние не сме ангели“ е српски филм од 1992 година.[1] Жанрот е комедија. Според бројот на продадени билети за кино, тој е еден од најуспешните филмови некогаш снимени во Србија, со продадени околу милион билети веднаш по Зона Замфирова и се смета за култен филм. Режисерот и сценаристот Срѓан Драгоевиќ дебитираше со овој филм и со него се прослави.[2]

Филмот „Ние не сме ангели“ е првиот од истоимената трилогија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Никола, 20-годишен студент по книжевност, има два проблеми: редовна утринска амнезија придружена со мамурлак и будење во креветите на непознати девојки. проблемите започнуваат кога бременоста и љубовта се мешаат во неговиот живот. Имено, матурантката Марина, една од многуте „еднократни“ авантури на Никола, забременила и се заљубила во него. За жал, Никола не се сеќава добро на сите околности. Најдобрата пријателка на Марина решава да ги земе работите во свои раце. Бидејќи Марина одбива да ја прекине бременоста, таа планира преку луди стратегии засновани на нејзините омилени романи со среќен крај, така што „суровиот љубовник“ Никола ќе се заљуби во Марина... [1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Актер Улога
Никола Којо Никола
Милена Павловиќ Марина
Бранка Катиќ Буба
Срѓан Тодоровиќ Ѓавол
Урош Ѓуриќ Ангел
Соња Савиќ Марта
Никола Пејаковиќ таксист
Зоран Цвијановиќ Ѓура
Бата Камени Брле
Мики Манојловиќ Милан
Бојан Жировиќ Раца
Богдан Диклиќ Павле
Станислава Пешиќ Олга
Ева Рас Баба Сера
Весна Тривалиќ Виолета
Слободан Нинковиќ Цане
Војка Чодриќ Вишња
Драган Максимовиќ хипик
Бранко Видаковиќ Шиљан
Наташа Лучанин Јулијана Владиќ
Ратко Танкосиќ Смрда
Татјана Пујин Лидија
Горан Даничиќ Радош „Џони“
Дејан Матиќ полицаец

Интересни факти[уреди | уреди извор]

Културно добро[уреди | уреди извор]

Југословенската кинотека на 28 декември 2016 година, согласно своите овластувања според Законот за културно наследство, прогласи сто српски играни филмови (1911-1999) за културно богатство од големо значење. На листата е и филмот „Ние не сме ангели“.[4]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ми нисмо анђели“. Филмски центар Србије. Посетено на 29. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Srđan Dragojević, "Mi nismo anđeli": kod nas su kreativnost i inteligencija najjeftinije kategorije“. Yugopapir. Посетено на 29. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „ISPLIVALA VELIKA TAJNA IZ FILMA "MI NISMO ANĐELI"! Đurić nije trebao da bude anđeo, već ON!“. Еspreso. Посетено на 29. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Сто српских играних филмова (1911-1999) проглашених за културно добро од великог значаја“. Југословенска Кинотека. Посетено на 5. 2. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)