Напрсток

Од Википедија — слободната енциклопедија

Напрсток[1][2] — штитник кој се става на палецот или средниот прст при шиење. Ако материјалот е подебел или иглата потешко минува низ него, со прстот на кој е ставен напрстокот, се турка иглата низ материјалот со притискање на задниот дел од иглата.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстариот познат напрсток е пронајден во урнатините на Помпеја (Италија). Изработен е од бронза, датира од првиот век. Се верува дека напрстокот влегол во масовна употреба во 14 век.

Во 1693 година, холандскиот производител на напрстоци по име Џон Лофтинг започнал со производство на напрстоци користејќи ја водата како движечка сила. Произведувал 2 милиони парчиња годишно. Центрите за производство на напрстоци биле во Нирнберг и Холандија.

Материјали[уреди | уреди извор]

Денес, напрстокот се изработува од железо или пластика, но во историјата покрај од различни метали (бронза, челик, сребро...) се изработувал и од кожа, гума, мермер, дури и стакло и порцелан. Бил правен и од коски од кит, рогови и слонова коска.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Најскапи напрстоци се правеле во Мајсен, Германија од рачно обоен порцелан и денес тие достигнуваат многу високи цени на аукции. Напрстокот се користел до 18 век исклучиво за шиење, но подоцна се појавиле некои други примени. Некое време се користел и како мерка за течности (првенствено алкохол). Проститутките го користеле за да тропаат на прозорецот на потенцијалните клиенти. Во Англија, викторијанските професори со напрсток ги чукале главите (казнувале) непослушните ученици.

До 18 век, надворешните точки на кои се закачува иглата при притискање низ материјалот се правеле рачно со чукање со шило и чекан, но подоцна машините ја презеле и таа работа. Има и колекционери на напрстоци, кои биле правени како специјално издание за поважни настани - јубилејни напрстоци. Овие колекционери се нарекуваат дигитабулисти. На напрстокот му бил подигнат споменик висок 9 метри во Торонто, Канада. За време на Првата светска војна, британската влада собирала напрстоци како доброволен придонес од оние „кои немаат што да дадат“. Со продажба биле набавени хируршки инструменти.

Наводи[уреди | уреди извор]