Игла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Игла за рачно шиење

Игла е алатка за шиење. Може да се шие рачно или со помош на машина. Иглата има мало дупче низ кој се провлекува конец, потоа иглата ја протнувате низ ткаенината и така започнува процесот на шиење. Освен иглата постојат и други видови на алат за приспојување на ткаенината, а тие се спајалица, шпенагла, безопасна и игла за кравата.

Историја[уреди | уреди извор]

Првата форма на шиење најверојатно била потребата да се спојат две парчиња кожа со употреба на боцки и остри камења наместо иги,[1] со конец од животинско или растително потекло.[2]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Зборот потекнува од прасловенскиот збор „jьgъla“. Во секој дом може да се најде оваа многу мала алатка наречена игла.

Иглата не е само мал корисен алат, туку со неа се создадени многу интересни поговорки како што се:

  • Игла во пласт сено - кога си изгубил нешто и никогаш нема да го најдеш
  • И игла ќе расипе - укажува на нечија несмасност
  • Од игла до локомотива - укажува на широк асортиман на производи

Во некои делови на Балканот, до денес, постои обичај дека игли и нишки не се позајмуваат на никого во одредени денови од годината. Кога ја враќате позајмената игла, се смета според некои обичаи, не треба да му се заблагодари на сопственикот, туку да го боцнете малку со иглата; ако тоа не се случи, ќе се појави кавга.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Prehistoric Clothing“. Fashion, Costume, and Culture: Clothing, Headwear, Body Decorations, and Footwear through the Ages. http://www.fashionencyclopedia.com/fashion_costume_culture/The-Ancient-World-Prehistoric/Prehistoric-Clothing.html. посет. 26 јануари 2016 г. 
  2. Fairholt, Frederick William (на en). Costume in England: A History of Dress from the Earliest Period Until the Close of the Eighteenth Century. Chapman and Hall. https://books.google.com/books?id=4mMBAAAAQAAJ&pg=PA5.