Надворешни Хебриди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надворешни Хебриди
Гелско имеNa h-Eileanan Siar
ЗначењеЗападни Острови
Местоположба
Надворешни Хебриди во рамките на Шкотска<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: 104.8%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Надворешни Хебриди
Надворешни Хебриди во рамките на Шкотска
OS-назнакаNB426340
Координати57°46′ N; 7°01′ W / 57.76° СГШ; 7.02° ЗГД / 57.76; -7.02Координати: 57°46′ N; 7°01′ W / 57.76° СГШ; 7.02° ЗГД / 57.76; -7.02
Физичка географија
Површина3.070 км2[1]
Највисока точкаКлишам (799 м)[2]
Управа
ДржаваОбединето Кралство
ЗемјаШкотска
Месна управаСовет на Западните Острови
Демографија
Население27.400[3]
Густина9,02 жит./км2
Најг. нас. местоСторновеј

Надворешни Хебриди (гелски: Na h-Eileanan Siar; англиски: Outer Hebrides) — островска група западно од брегот на континентална Шкотска, северозападно од Внатрешни Хебриди. Заедно, овие две островски групи формираат една целост, архипелагот Хебриди. Постојат 15 населени острови, и 50 подалечни ненаселени во внатрешноста на групата.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главните стопански дејности се: туризам, фармерско земјоделство, риболов и произведување на виски. Во модерно време, Внатрешните Хебриди ги сочинувале две локални јурисдикции, една на север, и една на југ. Заедно, островите имаат површина од 3,070 km2 и население од 27.400 жители. Густината на населеност изнесува нешто повеќе од 9 жит./км2.

Клима[уреди | уреди извор]

На острoвите владее блага клима под влијание на Голфската струја. Јануарските температури се околу 4-5 °C, а 12-16 °C во лето. Дождовите се чести, а годишната количина на врнежи е 1.000-1.200 mm. Хебридите се секогаш изложени на јаки ветрови. Просечната брзина на ветровите е преку 20 км/ч, а често достигнуваат брзина од 50-85 км/ч.

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот Кисимул

Во најголем дел историјата на Хебридите се поклопува со историјата на Шкотска. Во времето на Кралството Далријада островите ѝ припаѓале на Ирска. Во периодот 572-1266 биле под власт на Норвежаните. Во X и XI век овде се јавила мешана галско-нордиска култура. Од XIII век Хербидите биле централен дел на власта на кланот Доналд. Тоа било шкотско поткралство кое на врвот на својата моќ ја зафаќало Северна Ирска и западниот брег на Шкотска. Малиот остров Јона бил центар на овие територии и традиционално духовно средиште на Шкотска. Христијанството од Ирска се проширило на Шкотска преку овој остров, почнувајќи од 563 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Unitary Authority Fact Sheet - Population and Area" University of Edinburgh School of GeoSciences. посет. 30 мај 2010 г
  2. Thompson (1968) p. 14
  3. „Mid-2013 Population Estimates Scotland“. gro-scotland.gov.uk. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 7 July 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]